Контакт

Забава

Озлогласениот продуцент сака по секоја цена да се ожени со Сидни Свини: дури ја испланирал и свршувачката

Објавено пред

Сидни Свини можеби наскоро ќе стапне на „лудиот камен“, бидејќи нејзиниот партнер наводно планира да ја побара за жена.

Според „Page Six“, Скутер Браун, сегашниот партнер на Сидни Свини, има намера да се ожени со популарната актерка. Извор за медиумот открива дека контроверзниот музички продуцент би можел да ја побара нејзината рака во текот на следните шест месеци.

„Тој смета дека таа е Мерилин Монро на денешницата“, вели изворот, додавајќи: „Тој прави сè што е во негова моќ за да се ожени со неа. Ја освојува и планира да остане фокусиран на тоа сè додека таа не се омажи за него.“

Покрај интересот за нивниот заеднички живот, изворот напоменува дека Браун внимателно ја следи нејзината кариера – поточно, дека е „вклучен и во нејзината актерска кариера“.

За потсетување, Сидни Свини и Скутер Браун се запознаа минатата година на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција.

Папараците во неколку наврати ги фотографираа како се држат за раце по тој настан, а актерката ја објави првата фотографија со Браун дури минатиот мај, со што официјално ја потврди нивната врска.

Пред врската со актерката, Скутер Браун беше во брак со Јаел Коен, со која има три деца; во меѓувреме, Сидни Свини ја прекина седумгодишната врска со Џонатан Давино во 2025 година, што веднаш поттикна шпекулации за тоа кој би можел да биде нејзиниот следен партнер.

Најново

Македонија8 минути

Повеќе од 30 членови на СДСМ од Ѓорче Петров преминале во ЗНАМ

Повеќе од 30 членови на Општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров ја напуштиле партијата и преминале во Движењето ЗНАМ...

Црна хроника9 минути

Украдeн паричник од патничка во автобус на ЈСП во Скопје

61-годишна скопјанка пријавила дека ѝ бил украден паричникот со пари и лични документи додека се возела во автобус на ЈСП...

Свет31 минута

Пресретнати две беспилотни летала насочени кон Ријад и јужниот дел на Саудиска Арабија

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која се бори против јеменските бунтовници Хути, соопшти дека пресретнала и уништила две беспилотни летала...

Македонија42 минути

Серафимовски: Традиционалната храна им дава пазарна предност на домашните производители

Земјоделските семејства што од сопствениот род создаваат храна со препознатливо и традиционално локално потекло можат да остварат поголем приход и...

Свет47 минути

Речиси пет години по инвазијата врз Украина, Путин повторно бара НАТО да се врати на границите од 1997 година

Русија повторно бара повлекување на силите на НАТО на позициите што ги имале во 1997 година, пред проширувањето на Алијансата...

Црна хроника1 час

Уапсен 53-годишник од Желино, се обидел да прегази шумски полицаец додека бегал со дрва

Педесет и тригодишен жител на тетовското село Желино е приведен откако, според полицијата, со автомобил натоварен со огревни дрва не...

Свет2 часа

Туск иронично му порача на Орбан дека е импресиониран од неговата „креативност“ по пронаоѓањето речиси 20 милиони долари закопани во шуми и скриени во тајни сефови во Унгарија

Полскиот премиер Доналд Туск иронично го коментираше пронаоѓањето речиси 20 милиони долари во готовина во шуми, земјоделски објекти и други...

Свет2 часа

Гутереш: Најбогатите 10 отсто од светската популација поседуваат 75 отсто од целокупното богатство

Се зголемува поддршката за формирање меѓународен панел за нееднаквост, независно тело по примерот на Меѓувладиниот панел за климатски промени, кое...

Свет2 часа

Повеќе од 2.500 откажани летови во САД по повеќечасовниот прекин на авиосообраќајот

Повеќе од 2.500 летови биле откажани во САД, а неколку стотици доцнеле по повеќечасовната целосна обустава на полетувањата од американските...