Забава
По 32 години Ванеса Вилјамс дочека извинување од Мис Америка
Организаторите на натпреварувањето за Мис Америка ѝ се извинија на актерката Ванеса Вилијамс, 32 години откако ја принудија да ја врати титулата.
Во 1983 година Ванеса Вилијамс беше првата афроамериканка којашто беше избрана за Мис Америка, но под притисок мораше да ја врати титулата, откако списанието Penthouse објави нејзини разголени фотографии, иако за тоа немал дозвола.
„Сакам да се извинам за сето она што е искажано или сторено“, изјави Сем Хаскел, претседателот на управниот одбор на Мис Америка.
Вилијамс, која има сега 52 години, со солзи во очите изјавата ја нарече „неочекувана и убава“. Таа во изминатите три децении од изборот за американска убавица изгради призната актерска кариера, со големи улоги во телевизиските серии како „Грдата Бети“ и „Очајни домаќинки“. tВанеса Вилијамс имаше и светски музички хит во 1992 година со баладата „Save the Best for Last“, а нејзината изведба на песните „Colors of the Wind“ од анимираниот „Pocahontas“ во продукција на судијата Disney ѝ го донесе Златниот глобус, Греми и Оскар за најдобра филмска песна.
Вилијамс е избрана за Мис Америка во септември 1983 година, но кусо подоцна извршниот одбор ја натера да ја врати титулата, бидејќи Penthouse објави нејзини разголени фотографии кои таа ги снимила неколку години претходно.
Таа е единствената мис којашто во историјата на ова натпреварување во Америка беше принудена да ја врати титулата. Организаторите ја повикаа Вилијам да биде главен судија на изборот за мис кој се одржа ноќта кон понеделникот по средноевропско време, и ја повикаа на сцената за јавно да ѝ се извинат./крај/мф/сн
Извор: Associated Press
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.