Контакт

Забава

По контроверзиите, билетите за концертот на Ед Ширан поевтинија за повеќе од половина

Објавено пред

Цените на билетите за концертот на Ед Ширан во Филаделфија на платформите за препродажба паднаа за повеќе од 50 отсто, во период кога неговата американска турнеја се соочува со контроверзии по отстранувањето на раперот Меклмор.

Меклмор настапуваше како предизведувач на турнејата, но беше отстранет од преостанатите концерти во САД откако за време на настап во Њу Џерси јавно изрази поддршка за Палестинците и повика на „слободна Палестина“. Промоторот Messina Touring Group соопшти дека повеќе стадиони одбиле да бидат домаќини на концертите доколку Меклмор остане во програмата.

Ед Ширан изјави дека одлуката да биде отстранет Меклмор не била негова, туку на промоторот, и дека се обидел да најде решение со организаторите и стадионите.

По отстранувањето на Меклмор, од турнејата во знак на солидарност се повлекоа и други изведувачи, меѓу кои Финеас, Лукас Греам и Арон Роу, како и ирскиот бенд Беога.

Во меѓувреме, на секундарниот пазар значително поевтинија билетите за концертот на Ширан во Филаделфија. На почетокот на неделата најевтините билети чинеле повеќе од 100 долари, а пред концертот можеле да се најдат за околу 42 до 45 долари. Истовремено, бројот на билети понудени за препродажба се зголемил за 54 отсто.

Сепак, нема доказ дека контроверзијата е единствената причина за падот на цените, бидејќи цените на билетите на секундарниот пазар често се менуваат непосредно пред концертите.

Најново

Спорт2 часа

Раул Гонзалес го напушти РК Партизан

Во ист ден, ракометниот клуб Партизан остана без претседателот на Управниот одбор, тренерот, Раул Гонзалез и еден од најдобрите ракометари,...

Спорт3 часа

Сасуоло остана без тренер

Алберто Аквилани повеќе не е тренер на Сасуоло, објави италијанскиот клуб. „Клубот им се заблагодарува на тренерот и неговиот персонал...

Спорт3 часа

Кејн ја освои „Златната топка“, но не е меѓу 11-те најдобри играчи според гласовите на неговите колеги

Хари Кејн официјално е најдобриот фудбалер на планетата, но според неговите колеги, не е доволно добар за да биде во...

Свет3 часа

Жртви на свештеници-злоставувачи се сретнаа со Папата во Аргентина

Папата Лав се сретна со пет жртви на сексуално злоставување од страна на свештеници во Буенос Аирес, соопшти Ватикан. Ова...

Свет4 часа

САД: Русија и Украина се подготвени за компромис околу територијата

Во неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што...

Свет4 часа

Трамп повторно тврди дека изборите во САД биле наместени

Претседателот на САД, Доналд Трамп, уште еднаш го доведе во прашање интегритетот на конгресните избори одржани на 3 ноември, на...

Свет5 часа

Мерц предупредува на пораст на антисемитизмот во Германија

Канцеларот Фридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница. Тој ја...

Македонија5 часа

МОН: Продолжува програмата „Суперучилишта“, средношколците од Македонија се поврзуваат со врсниците од регионот

Училишните размени имаат значајно и повеќеслојно позитивно влијание врз образовниот систем. Тие овозможуваат размена на позитивни практики, знаења и искуства...

Македонија5 часа

ОК ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка: Митовски се обидува проблемот со добитокот да го претвори во политичка тема

Денешната прес-конференција на градоначалникот Сашко Митовски, на која побара Владата да прогласи кризна состојба поради проблемот со неконтролираното движење на...