Контакт

Забава

Полицијата се огласи по смртта на Хајден Панетиер

Објавено пред

Холивудската актерка Хајден Панетиер, позната по своите улоги во сериите „Херои“ и „Нешвил“, почина на 36-годишна возраст. Полицијата објави дека нема знаци на насилство.

Детективите потврдија за „Дејли Меил“ дека интервенирале вчера попладне по повик до службите за итни случаи. Повикот го упатил познаник на актерката, кој пријавил дека таа не покажува знаци на живот.

Полицијата и болничарите пристигнале во станбениот комплекс во Гринвил, Јужна Каролина. Тие се обиделе да ја реанимираат, но таа била прогласена за мртва на местото на настанот.

Полицијата ги истражува околностите на нејзината смрт. Прелиминарната истрага не открила никакви знаци на насилство или сомнителни околности. Причината за смртта сè уште не е објавена.

Актерката и нејзиното момче, агентот за недвижности Брајан Хикерсон, со кого имала турбулентна врска, наводно патувале од Лос Анџелес до Јужна Каролина, од каде што е тој, еден ден пред нејзината смрт.

Портпаролот на полицијата во Гринвил денес ја даде следната изјава за „Дејли Меил“:

„На 16 август 2026 година, околу 13:51 часот, полицајци од полициската станица Гринвил, во придружба на брза помош, одговориле на пријава за жена која не реагирала во комплексот Џадсон Мил Лофтс, кој се наоѓа на улицата Изли Бриџ бр. 701. Била пружена медицинска помош, но лицето, подоцна идентификувано како Хајден Панетиер, беше прогласено за мртво на местото на настанот.“

Во моментов нема дополнителни детали достапни за јавноста.

фото/Depositphotos

Најново

Забава13 минути

(Видео) По шпекулациите за естетски зафати, Џенифер Лоренс се појави на црвениот тепих

Холивудската актерка Џенифер Лоренс (36) се појави на њујоршката премиера на филмот „The Hunger Games: Sunrise on the Reaping“ во...

Спорт41 минута

Алонсо повторно ќе вози на Дакар релито

Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, се враќа на еден од најтешките автомобилски предизвици во светот. Искусниот Шпанец потврди...

Регион41 минута

Два брода потонаа за два дена во близина на Бугарија, се истражуваат причините

Танкер за превоз на гас, кој пловел под знамето на Либерија, потона денеска во Црното Море, во бугарската ексклузивна економска...

Македонија46 минути

Зајкова: Ќе објасни ли некој како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда“ стигнавме до „телесна повреда“?!

Интегрален текст од објава на Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание „Нема да ви помине и...

Македонија49 минути

Позната динамиката за автопатот Прилеп-Битола – првите 12 километри во функција во 2027 година

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со претседателот на Советот Бојан Бојкоски денеска имаа средба со надлежните лица од проектот за...

Спорт53 минути

(Видео) Хет-трик на Винисиус за 12 минути, Бразил победи со 7:0

Бразилската фудбалска репрезентација го победи Сингапур со 7:0 во вториот пријателски натпревар во оваа земја. Во првиот натпревар, со многу...

Регион1 час

Хашим Тачи осуден на дополнителни 17 месеци затвор поради влијание врз сведоци

Поранешниот претседател на Косово и некогашен командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи, денеска е неправосилно осуден на...

Црна хроника1 час

Пијан охриѓанец излетал од коловоз со четирицикл, му биле измерени 2,22 промили алкохол

Полициски службеници синоќа привеле 41-годишен охриѓанец, кој управувајќи четирицикл под дејство на алкохол, изгубил контрола и излетал од коловозот. Како...

Црна хроника1 час

Приведен 56-годишник од Кичевско, со огнено оружје ѝ се заканувал на сопругата

Полицијата синоќа во 22:05 часот приведе 56-годишен маж од кичевско село, по пријава дека со огнено оружје ѝ се заканувал...