Забава
Помошникот на холандскиот Дедо Мраз го осудија за расизам
Судот во холандската престолнина Амстердам пресуди во четвртокот дека помошникот на Дедо Мраз (Синтерклас) наречен „Црниот Пит“ има расистички карактер, по барање на црнокож Холанѓанец кој се обрати до судот навреден од Божикното празнување.
Според традицијата, кон средината на ноември Синтерклас пристигнува во Холандија на параход и во свечена поворка минува низ улиците. Притоа неговиот помошник Црниот Пит, ги забавува децата и им поделува слатки. Лицето на Црниот Пит е вообичаено обоено со црна боја, а усните во силна црвена боја, носи големи златни обетки, светол костим и шапка со пердуви. Минатата година овој лик предизвика гнев кај многу црномурести Холанѓани, кои подадоа барања до судовите, обвинувајќи го Црниот Пит за расизам. Нив ги поддржа Комитетот на ОН за справување со расната дискриминација, чија шефица Варена Шеферд изјави рече дека станува збор за „враќање на ропството“. Другите жители на Холандија, пак, истапија со протести и повеќе од два милиона Холанѓани ја потпишаа петицијата за заштита на своите национални традиции. Меѓутоа, судот заклучи дека фигурата на Црниот Пит, како што забележал судијата „глупав црн слуга со дебели црвени усни“, претставува „негативен стереотип за црнокожиот човек“. Бидејќи самиот лик притоа не е забранет, судејќи според сé, промени ќе мора да претрпи неговиот изглед. /крај/мф/сн
Извор: Associated Press
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.