Контакт

Забава

Порше Македонија го престави новиот Audi Q7

Објавено пред

Технолошки најнапредниот автомобил во класата на спортско корисни возила од Audi, Q7 денеска беше ексклузивно промовиран на највисоката точка во Скопје, врвот на Водно. Настанот на кој присуствуваа новинари и вљубеници во убавецот на четири тркала беше организиран од „Порше Македонија“ со цел да се претстави автомобилот кој по излегувањето на светскиот пазар беше окарактеризиран како луксузен, комфорен, но со спортска едноставност.

dobivaj vesti na viber

Знаменосецот на семејството спортско корисни возила од Audi, моделот Q7 со својата совршеност веќе ги привлече и светските ѕвезди како Шакира, Џастин Тимберлејк и Никол Кидман како и дел од фудбалерите на трофејните Баерн Минхен, Барселона и Реал Мадрид.

„Порше Македонија го лансира новиот Audi, Q7 на македонскиот пазар веднаш по светската премиера на моделот што е вистинска потврда за нашето успешно работење. Со овој прекрасен нов модел ние ја прошируваме нашата понудата во премиум сегментот за целосно задоволство на клиентите“, изјави генералниот менаџер на „Порше Македонија“, Златко Муцунски, поздравувајќи ги присутните на презентацијата на новиот Q7.

Благодарение на лесната конструкција Q7 е најлесен автомобил во својата класа со максимална тежина од 1.995 килограми. Воедно е поекономичен од неговиот претходник и потрошувачката на гориво е намалена за 26%. Неговите надворешни димензии се помали, но внатрешниот простор е поголем така што во ова возило има повеќе простор за патниците и за багажот.

Новиот Audi Q7 е приказ на компетентностa на брендот со четири прстени. Со самото тоа што тежи 325 килограми помалку поставува повисоки стандарди во својата класа. Поекономичен е во споредба со својот претходник и опремен е со најнови системи за помош на возачот, информативно – забавен систем и бројни опции за поврзување. Овој автомобил е издвоен како исклучително комфорен, но во исто време ги нуди сите перформанси кои ги имаат и спортските модели на Audi. 

„Од неговото прво појавување на пазарот во 2006-тата година до денес  Audi Q7 е продаден во повеќе од 500.000 примероци, за конечно по девет години да имаме можност да уживаме во најновиот модел кој веќе е изложен во салонот на Audi во Скопје. Audi Q7 има ексклузивен изглед, нуди повеќе простор, технологија, перформанси, економичност и комфорот. Audi Q7 е првото возило од концернот изградено на новата платформа што придонесува за помала тежина, многу подобра управливост и намалена потрошувачка. Долга е листата на стандардна и дополнителна опрема како и нови напредни системи за помош на возачот, а секако тука е и новиот незаменлив „Quattro“ погон на сите тркала. Сето тоа го прави ова спортско корисно возило лидер во класата“, потенцираше бренд менаџерот за Audi во Македонија, Винко Марашевиќ.

Со димензии од 5050x1970x1740 mm и меѓуоскино растојание од 2990 mm новиот Q7 е за 37 mm пократок и 15 mm понизок од претходникот, но со повеќе простор од 21 mm помеѓу првиот и вториот ред седишта со што зголемен е внатрешниот комфор. Audi Q7 има импресивен коефициент на отпор за оваа класа на возила од само 0.32 Cw.  На почетокот Q7 ќе биде понуден со три литарски V6 TDI мотор со 272 KS кој забрзува од 0 до  100 km/h за 6.3 секунди и ја достигнува максимална брзина од 234 km/h. Притоа има респектабилна потрошувачка од 6.2 l/100 km во град и емисија на CO2 од 149 g/km. Од бензинските мотори ќе биде достапен три литарскиот V6 TFSI мотор со 333 KS, а од Јануари наредната година ќе биде достапен  и три литарскиот V6 TDI мотор со 218 KS. Нешто подоцна најавен е и три литарскиот  V6 TDI мотор во плагин хибридна  технологија наречен Q7 е-tron кој заедно со електричниот мотор испорачува 373 KS .

Врвната технологија  се потврдува и преку бројните напредни системи за помош како на пример системот кој сигнализира отворање на врати во сообраќај, системот кој го запира возилото доколку детектира потенцијален судир, полу – автономно управување при кое возилото самото забрзува, сопира и се управува. Audi Q7може самостојно да се паркира, а голема помош при управување на мал простор со приколка овозможува системот „Trailer Maneuver Assist“.  Во понуда е и третиот ред на седишта со електрично управување. Достапни се и познатите „Lane assist“ – систем за движење во лента, „Night vision“- систем за ноќно гледање, „Virtual cockpit“ – Audi инструмент таблата од иднината, „систем за озвучување со 3D звук“, „Audi connect“ – системот за поврзување кој вклучува 4G интернет, Apple Car Play и Google Android Auto plus, MMI навигација плус со 8.3 инчен монитор.

„Audi Q7 е еден од првите автомобили во светот кој овозможи функции на поврзување со паметен телефон со Google Android Auto и Apple CarPlay. Една од многуте предности на овој модел е и сеопфатната понуда на нови системи за помош на возачот и во таа сфера се уште е ненадминат од ниту едно друго возило на пазарот“, рече Александар Цветковски продукт менаџер во „Порше Македонија“ објаснувајќи ги напредните системи кај новиот Audi Q7. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Мрачните страни на секој од хороскопските знаци

Објавено пред

Секој хороскопски знак носи своја темна страна која може да биде предизвик, но нуди и можност за личен раст и развој. Разбирањето и прифаќањето на овие помалку светли аспекти на нашите астролошки профили може да ни помогне да станеме подобри верзии на себе.

dobivaj vesti na viber

Што се крие во сенката на секој хороскопски знак.

Овен: Импулсивност и агресивност

Овните се познати по својата храброст и енергија, но нивната импулсивност може да ги доведе во неволја. Тие се склони кон ненадејни реакции и понекогаш агресивно однесување кога работите не одат според нивниот план.

Бик: Посесивност и материјализам

Бикот ја цени сигурноста и удобноста, што може да ги доведе до прекумерна посесивност и материјализам. Тие имаат тенденција да акумулираат имот до тој степен што може да ги задуши другите аспекти од нивниот живот.

Близнаци: Неконстантност и дволичност

Близнаците се прилагодливи и комуникативни, но нивната способност да ги гледаат работите од различни перспективи може да ги направи непостојани, а понекогаш и со две лица, збунувајќи ги оние околу нив.

Рак: Преосетливост и манипулативност

Раковите се исклучително емотивни и сочувствителни, но нивната пречувствителност може да ги доведе до емоционална манипулација со цел да го заштитат своето ранливо срце.

Лав: Егоизам и доминација

Лавовите се родени како лидери и сакаат да бидат во центарот на вниманието, но нивното его може да прерасне во себичност и потреба да доминираат, што може да ги отуѓи другите.

Девица: Перфекционизам и критичност

Девиците се познати по тоа што се методички и аналитички настроени, но нивниот перфекционизам може да доведе до парализа на анализата и прекумерна критика кон себе и кон другите.

Вага: Неодлучност

Вагите се стремат кон хармонија и рамнотежа, но нивната потреба да им угодат на сите може да резултира со неодлучност. Исто така, нивната фасцинација со убавината може да ги наведе да прават површни проценки на луѓето и ситуациите.

Шкорпија: Опсесивност и одмаздољубивост

Шкорпиите се интензивни и страсни, но нивните длабоки емоционални вложувања можат да станат опсесивни. Кога се повредени, можат да бидат крајно одмаздољубиви.

Стрелец: Непромисленост и тактичност

Стрелците се познати по својата искреност и оптимизам, но нивната директност може да биде непромислена и да ги повреди другите. Исто така, нивната желба за слобода може да ги доведе до неодговорно однесување.

Јарец: Песимизам и непопустливост

Јарците се дисциплинирани и амбициозни, но нивната тенденција да го гледаат светот црно-бело може да ги направи песимисти и крајно непопустливи.

Водолија: Отсуство и студенило

Водолиите се иновативни и неконвенционални, но нивната потреба за индивидуалност може да ги направи емотивно отсутни и ладни, што го отежнува градењето длабоки врски.

Риби: Се жртвуваат и бегаат од реалноста

Рибите се сочувствителни и интуитивни, но нивната тенденција да се жртвуваат за другите може да ги истроши. Исто така, нивната желба да избегаат од реалноста може да ги доведе до нездрави облици на бегство.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Во новата сезона на „Симпсонови“ убиен еден од важните ликови од серијата

Објавено пред

Серијата „Симпсонови“, која со голем успех се емитува повеќе од триесет години, во новата епизода остана без еден од своите постојани ликови, Лери – редовен гостин во Moe’s Tavern, а Хомер, Мо, Лени и Карл присуствуваа на неговиот погреб.

dobivaj vesti na viber

Тие сфаќаат дека знаеле многу малку за нивното познанство, а Хомер се прашува дали тие можеби се „ужасни луѓе“, особено откога мајката на Лери ги нарекува негови „најдобри пријатели“.

Потоа четворката од таверната има задача да ја однесе пепелта на Лери.

Иако беше тивок лик, кој немаше централна улога во серијата, Лери е редовен гостин во Moe’s Tavern уште од првите епизоди во 1989 година, што ја прави неговата смрт значајна за многу фанови на „Симпсонови“, пишува NME.

Инаку, ова е 35-та сезона на „Симпсонови“, а потврдено е дека ќе се снима и следната.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса

Објавено пред

Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.

dobivaj vesti na viber

Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.

„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.

„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.

Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8. мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија14 минути

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија10 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија11 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија11 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија12 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија12 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија13 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија14 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија14 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија14 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија15 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија15 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија15 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија15 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија15 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија15 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија16 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија17 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија18 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...