Забава
Продуцентката на „Симпсонови“ доаѓа во Дубровник
Трикратната добитничка на наградата Emmy за работа на култната серија „Симпсонови“, Бони Пјетила, ќе учествува на копродукцискиот панел на третиот New Europe Marketu којшто ќе се одржи во Дубровник од 9-ти до 11-ти јуни.
Мет Гроенинг е автор на генијалната серија за дисфункционалното семејство од американска провинција, а една од најважните личности на патот на „Симпсонови“ кон врвот е Бонита Бони Пјетила која првично ги одбрала гласовите јунаците од оваа серија. Од кастинг директорка Бони подоцна станува продуцентка на серијата. Нејзина специјалност е на „Симпсонови“ да им донесе гости до кои другите не можат да дојдат. Таа во серијата го донесе Џулијан Асанж во време кога престојуваше заточен на непозната локација.„Кога сакаш некого да донесеш, прво се прашуваш кој ја познава таа личност. Џулијан Асанж е добар пример. Се запрашав кој го познава и ми текна, неговите адвокати. Читав текстови за нив и дознав кој го застапува. Тој процес не оди брзо, некогаш се потребни шест месеци за да се убеди некој, но никогаш не се откажувам, вели Бони.Таа ја започнала својата кариера во музичката индустрија како концертна промоторка. Во еден момент била единствената жена лиценцирана како промотор на концерти во САД, но набргу се префрла на телевизијата.„Се преселив во Лос Анџелес и сакав да работам во музичката индустрија. Но не можев да најдам работа, на жените тогаш им беше тешко. Морав некако поинаку да почнам да заработувам и така постанав агентка. Светот е луд и можете да добиете работа поради која и да е вештина што ја поседувате. Така беше со мене“, додава Бони.Наскоро почнала да работи во „The Tracey Ullman Show“, каде „Симпсонови“ ја имале својата премиера. NEM 2015 на едно место ќе ги собере еминентните професионалци и експерти кои ќе дадат подобар увид во медиумската индустрија и во новите трендови како и во иднината на тв содржините./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.