Контакт

Забава

Професор по право тужи студент оти се пожалил на квалитетот на неговите предавања

Објавено пред

Дваесет и петгодишниот студент на право Кристијан Хегард, на универзитетот во Копенхаген, се соочува со тужба од својот професор Михаел Бјорн Хансен бидејќи се пожалил на квалитетот на неговите предавања.

Прфесорот го обвинил заради давање на лажни изјави и заради моралната штета што му ја нанел.Како што пишува Independent, студентот вложил приговор во писмена форма на предавањата на професорот, во кој стои дека студентите од неговите предавања си заминуваат збунети и не ја разбираат содржината на предавањата. Уште додава дека професорот на предавањата доаѓа неподготвен и дека со себе не носи белешки.Како што јавуваат данските медиуми, професорот го тужел студентот за да спречи потенцијални идни поплаки на студентите.„Проблемот е во тоа што тоа не е вистина и дека тоа е многу непријатно за мене“, изјави професорот.Ова е прв случај во Данска професор да тужи студент заради поплака на начинот на неговата работа. /крај/ин/ст

Извор: The Independent



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Кијану Ривс не ги допира жените со кои се фотографира

Објавено пред

Фановите на холивудската ѕвезда Кијану Ривс (54) забележаа дека има чудна навика. Актерот никогаш не ги допира обожавателките со кои позира. За време на фотографирањето Кијану ги држи рацете на пристојна оддалеченост од нивното тело.

По необичната навика што ја забележаа, обожавателите почнаа да го фалат дека е пристоен и убаво воспитан нарекувајќи го вистински џентлмен.

Join our Discord: https://discord.gg/KrfV72mAlso we have a group for random memes: https://www.facebook.com/groups/366609183938579

Posted by Unprofessional Madman on Недела, 09 јуни 2019

Други, пак, се убедени дека актерот намерно не ги допира луѓето при фотографирањето за да ги избегне обвинувањата и критиките за непримерно однесување и сексистички и феминистички коментари.

Неговите фотографии беа објавени на фејсбук-страницата Unprofessional Madman и на секоја од нив актерот позира со друга жена. Повеќето луѓе очекуваат Ривс да ги прегрне или да ги стави рацете на нивните рамења, но тоа не се случи. Сликите ги споделија повеќе од 40.000 луѓе.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Орнела Мути го откажа настапот за да оди на вечера со Путин

Објавено пред

Орнела Мути (64), истакната италијанска актерка и модел, беше прогласена за виновна од Врховниот суд на Италија и казнета со 500 евра и осудена на условна казна затвор бидејќи користела лажни медицински наоди во 2010 година.

Тоа го направила за да го избегне рециталот во Порденоне бидејќи сакала да оди на вечера со тогашниот премиер, денеска руски претседател Владимир Путин (66), на која присуствувале холивудски ѕвезди како Голди Хоун, Моника Белучи, Шерон Стоун и Жерар Депардје.

Таа мора да му исплати околу 30.000 евра на театарот „Верди“ бидејќи мораше таму да настапи. Орнела тогаш тврдеше дека не може да дојде на рециталот затоа што страда од ларингитис и треска оставајќи ги организаторите на настанот на цедило, според „Телеграф“.

Ако не ја плати казната, ќе мора да оди во затвор. Таа не може да поднесе жалба на оваа пресуда на Врховниот суд.

Казната мора да се плати во рок од еден месец, но тоа може да биде тешко за актерката бидејќи таа уште од 2015 година се жали дека не може да плати парична казна од 30.000 евра, а беше исфрлена и од станот во Рим бидејќи должи речиси 80.000 евра за кирија.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Магаре спасено од пуст остров кај Шибеник

Објавено пред

Магаре, кое било оставено на ненаселен остров во архипелагот Шибеник, го спасил морнар што со својот брод го превезол до островот Каприје, каде што ќе биде неговиот нов дом. Хрватските медуми опширно ја пренесуваат приказната за спасувањето на магарето за кое е нејасно кој и зошто го оставил на остворот на кој нема ниту еден жител.

Posted by Antea Roca on Вторник, 18 јуни 2019

Станува збор за ненаселениот остров Раван во близина на Шибеник, каде што магарето го забележал случаен минувач и го фотографирал.

За случајот биле известени медиумите, кои ги алармирале надлежните служби. Но, ниту полицијата ниту редарските служби не излегле на терен прогласувајќи се дека немаат надлежност на интервенираат на островот. Во пресрет не излегла ниту ветеринарната служба, која тврдела дека не оди на терен ниту, пак, има брод за да го превезе магарето.

Приказната добила среќен крај кога Бернард Рока со својот брод и со помош на пријателите се упатил кон пустиот остров за да го спаси магарето.

„Беше преплашено, но одеше по нас. Го донесовме на островот Каприје. Тука ќе остане со нас, децата ќе си играат со него, ќе го храниме и чуваме“, вели Рока.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Седум земји членки на ЕУ гласале против отворањето преговори со Северна Македонија

Седум земји членки на Европската Унија гласале против отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија на вчерашниот Совет на министрите...

Свет2 часа

Во земјотресот во Јапонија повредени 26 лица

Најмалку 26 лица се повредени, од кои едно критично, кога земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди во вторникот...

Европа2 часа

Џонсон вети дека Британија ќе излезе од ЕУ до 31 октомври

Водечкиот кандидат за британски премиер и поранешен министер за надворешни работи, Борис Џонсон, го потврди своето ветување дека ќе ја...

Свет3 часа

(Видео) Запленети 16,5 тони кокаин во Филаделфија вреден една милијарда долари

Американските власти открија 16,5 тони кокаин во товарен брод „МСЦ Гајан“ во пристаништето во Филаделфија. Станува збор за една од...

Македонија15 часа

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се...

Свет16 часа

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ18 часа

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Македонија18 часа

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето...

Европа20 часа

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во...

Македонија22 часа

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија22 часа

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Свет23 часа

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните...

Регион23 часа

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Македонија1 ден

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет – Тврдина“, во исказ пред судот рече дека...

Спорт1 ден

Мишел Платини уапсен за доделување на СП во 2022 на Катар!

Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини, е уапсен во Нантер, предградие на Париз, поради одлуката...

Свет1 ден

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреса во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите...

Свет1 ден

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА-лигата на Торонто репторс на плоштадот „Нејтан...

Македонија1 ден

Судир во ЕУ за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија,...

Македонија1 ден

Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата

Необезбедена јама веќе неколку месеци стои без заштитна ограда во дворот на основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром (општина...

Hitech1 ден

„Хуавеј“ со загуба од 30 милијади долари

Основачот и директор на „Хуавеј“, Рен Женгфеи, потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат 30 милијарди долари помали...

Досие