Контакт

Забава

„Сандево фест“ на 11 и 12 септември на Скопска Црна Гора

Објавено пред

На само петнаесетина километри од Скопје, во прекрасното опкружување на Скопска Црна Гора, на 11 и 12 септември ќе се одржи четвртото издание на „Сандево Фест“ – културно-забавна манифестација која и годинава носи богата програма за сите генерации. Во текот на двете фестивалски вечери, посетителите ќе имаат можност да уживаат во спојот на традицијата и современата забава – од детска програма и фолклор, преку stand-up настап, до концерти на познати македонски и регионални музички имиња.

„Сандево Фест“ е замислен како место на средба на различни генерации, музички вкусови и културни содржини, но и како можност пред пошироката јавност да се претстават природните, културните и традиционалните вредности на Чучер-Сандево и Скопска Црна Гора.

„Сандево Фест е наша заедничка приказна која од година во година расте, тоа е манифестација која го слави традиционалното и го отвора Чучер-Сандево за нови посетители. Сакаме да ја негуваме традицијата и културата на овој крај, но истовремено да создаваме современи содржини кои ќе ги обединат сите генерации. Чучер-Сандево има прекрасна природа, богато културно и духовно наследство и огромен потенцијал за развој на руралниот, културниот и рекреативниот туризам. Токму ваквите манифестации се можност нашиот крај да го отвориме кон нови посетители и да покажеме дека на само неколку километри од Скопје може да се доживее нешто сосема поинакво. Ги поканувам сите граѓани на 11 и 12 септември да ни се придружат и заедно да создадеме уште едно успешно издание на Сандево Фест“, вели градоначалникот на Општина Чучер-Сандево, Зоран Бајовски.

За посетителите кои ќе пристигнат од Скопје и од другите делови на земјата, „Сандево Фест“ може да биде и повеќе од фестивал – повод да се открие Скопска Црна Гора, повод за едно поинакво септемвриско доживување. Планинското и руралното опкружување, старите села, вековните цркви и манастири и богатото културно-историско наследство му даваат посебен карактер на овој крај.

Организаторите ги повикуваат посетителите да дојдат порано, да прошетаат низ Скопска Црна Гора, да откријат дел од локалните знаменитости и традицијата – Сандево Фест 2026 е покана за два дена да се излезе од секојдневието – да се ужива во природата, да се почувствува традицијата, да се вкуси локалната атмосфера и вечерта да заврши со добро расположение, со добра музика и забава.

Најново

Македонија7 минути

Сали–Бланар: Поддршката на Словачка за европската интеграција на Северна Македонија останува силна и значајна

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, во рамки на посетата на Братислава, оствари средба со...

Македонија22 минути

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри, најави Ѓорѓиевски

Во Ново Лисиче започна изградбата на нов парк на површина од 71.000 квадратни метри, со што запуштениот простор во непосредна...

Македонија31 минута

(Видео) Лукаревска до Јаневска: Затворивте 26 училишта, дали сè уште планирате да станат старски домови

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница ја обвини министерката за образование и наука Весна Јаневска за, како што...

Црна хроника43 минути

Со метални предмети го нападнале на паркинг простор пред одморалиште во Струга

Вчера во 17:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека во 00:50 часот на паркинг простор пред одморалиште во Струга,...

Македонија48 минути

Герасимовски: Барам јавно извинување за односот кон советниците и администрацијата на јавната презентација за „Барутана“

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар побара јавно извинување од советничката група...

Македонија60 минути

Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос укинатата пресудата од страна на Врховен суд за трагедијата кај...

Македонија1 час

Мицкоски: Целосно е реновиран одделот за неврофизиологија на Универзитетската клиника за неврологија

Здравството е еден од врвните приоритети и во периодот кој што следи сериозно сме посветени кон реконструкција на целокупниот здравствен...

Култура1 час

„ПРО-ЗА Балкан“ по 14. пат ширум ќе ѝ ги отвори вратите на балканската книжевност

Три фестивалски и четири дополнителни вечери ја сочинуваат програмата на 14. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ што ќе биде отворен...

Регион2 часа

Ќе се преиспитаат безбедносните мерки по нападот во училиштето: „Ќе анализираме сè“

Момир Карин, директор на Дирекцијата во Министерството за наука, образование и млади, пристигна во училиштето по инцидентот утрово во кој...