Забава
Саудијка во Париз пријави кражба на рачен часовник од милион евра
Рачен часовник, чијашто вредност се проценува на милион евра, е украден ноќта кон петокот од една припадничка на саудиското кралско семејство.
Инцидентот се одиграл во вториот арондисман на Париз ноќта кон петокот. Две засега неидентификувани лица кои ја пресретнале го зграбиле нејзиниот часовник и потоа исчезнале, пренесува AFP повикувајќи се на полициски извори.
Извор од француската полиција за Reuters потврдил дека жена којашто се претставила како член на кралското семејство од Саудиска Арабија пријавила во петокот дека е ограбена за часовник кој вреди милион евра.
Ограбената жена во полицијата објаснила дека станува збор за часовник од „многу познат бренд“ и ги раскажала сите околности во врска со грабежот. Засега медиумите не успеваат да добијат детали од истрагата.
Точно пред една година улични џепчии во првиот арондисман во Париз ограбија саудиски принц кому му го украдоа скапоцениот часовник од 180.000 евра од марката „Audemars-Piguet“. Според полицијата тројцата напаѓачи тогаш ги демнеле богатите гости во хотелот спроти Лувр и им биле потребни само неколку секунди да го ограбат принцот Мохамед Бин Адулазис ал Сауди кој само што излегол од хотелот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.