Забава
Синот на Че Гевара отвори туристичка агенција на Куба
Најмладиот син на водачот на кубанската револуција Ернесто Че Гевара отвори туристичка агенција на Куба која нуди излети со мотор.
Агенцијата La Poderosa Tours, на Ернесто Гевара, нуди тури коишто ја одржуваат страста на неговиот татко кон моторите за што пишувал и во неговите патеписи според кои Валтер Саљес во 2004 година го сними филмот „Motorcycle Diaries“.
Шестдневната тура која ги „поврзува задоволството на разгледување на убавиот остров и блиската средба со дел од кубанската револуција“, чини 3.000 долари додека деветдневната може да чини најмногу 5.800 долари, зависно од сместувањето. Independent наведува дека просечната месечна плата на Куба е 20 долари.
Ернесто Гевара е најмладиот од петте деца на легендарниот герилец. Неговата туристичка агенција го добила името по британскиот мотор Norton 500 на кој Че Гевара пропатувал голем дел од Јужна Америка во 1951 и 1952 година и кој Че Гевара го нарекол La Poderosa што во превод значи „моќниот“.
Агенцијата, меѓутоа, не нуди Norton-и туку Harley-Davidsons мотори затоа што во последните 20 години Ернесто Гевара, кој има 47 години и работи како адвокат, реставрирал повеќе вакви мотори.
Гевара ја отворил агенцијата со негов пријател од детството Камиљ Санчез, син на кубанскиот борец Антонио Санчез Дијаз, наречен Маркос кој бил убиен во 1967 година.
Турата со мотори ја опфаќа Хавана и пат до градот Санта Клара на истокот на островот каде се одвивале клучните борби во 1958 година.
Инку, мајката на Ернесто Гевара, Алеида Марч, била втора сопруга на водачот на кубанската револуција.
Че Гевара е убиен во Боливија во 1967 година. Неговите посмртни останки во 1997 се префрлени на Куба и погребани на воените гробишта во Санта Клара.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.