Контакт

Забава

Скарлет Јохансон блесна во црвено, дијамантите и отворениот грб го привлекоа вниманието

Објавено пред

Холивудската актерка Скарлет Јохансон го привлече вниманието на Лондонскиот филмски фестивал, каде што во еден ден се појави во две впечатливи црвени креации од престижни модни куќи.

На премиерата на својот криминалистички трилер „Paper Tiger“, на 10 октомври, Јохансон блесна во црвен фустан изработен по мерка од модната куќа „Прада“, пишува „InStyle“.

Долгиот, лелеав фустан имаше тенки прерамки, набран горен дел и отворен грб, кој ги откриваше тетоважите на актерката. Нејзината стилистка Кејт Јанг го надополнила изгледот со златни чевли со платформа.

Посебно внимание привлече скапиот накит. Јохансон носеше винтиџ ѓердан со дијамант од 18,34 карати и прстен со овален дијамант од 20,18 карати, двата од брендот „Barron London“.

Кратката руса коса ја обликувала во брановидна боб-фризура инспирирана од стариот Холивуд.

Претходно истиот ден, актерката се појавила на настан посветен на филмот „Ray Gunn“, повторно во црвено, но овојпат во фустан без прерамки од колекцијата „Resort 2027“ на „Ермес“.

Фустанот со набран горен дел и широко миди-здолниште повторно ги откривал тетоважите на нејзиниот грб, меѓу кои и тетоважата на јагне посветена на нејзината 12-годишна ќерка Роуз Доријак. Изгледот го надополнила со златен ѓердан и црвени сандали со високи потпетици.

Најново

Спорт17 минути

(Видео) Кари го реши Орландо и урна рекорд на Леброн

Ноќта во НБА лигата беше обележана со новиот рекорд на Стеф Кари, доминантната игра на Виктор Вембањама и големата победа...

Црна хроника22 минути

Уапсени двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага

Полицијата уапси двајца велешани, а при претреси се пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага. На 06.11.2026 година, во 22:30 часот,...

Македонија24 минути

Левица: Додека жените во Македонија умираат, власта ги чува во фиока измените на Законот за заштита од семејно насилство

Македонија има околу 560 полицајци на 100.000 жители, наспроти европскиот просек од приближно 340, а сепак сме на третото место...

Македонија27 минути

ЛДП: Македонија заслужува во ЕУ сега, светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција

Забрзана интеграција на Македонија во Европската Унија и итен пристап до европскиот пазар и фондовите на Унијата се бара во...

Спорт33 минути

(Видео) Бањаја нема да ја вози Големата награда на Катар

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, претрпе две скршеници на стапалото во инцидентот што се случи за време на спринтот на...

Спорт47 минути

Тенисерката број еден во светот го откажа настапот на Завршниот мастерс

Елена Рибакина, тенисерка број еден во светот, го откажа својот настап на Завршниот Мастерс, финалниот турнир на осумте најдобри тенисерки...

Забава54 минути

Ана Ивановиќ го прослави својот 39-ти роденден и сподели фотографија што воодушеви многумина

Ана Ивановиќ го прослави својот 39-ти роденден и го одбележа тој повод на Инстаграм. Таа објави фотографија што го привлече...

Спорт56 минути

„Марка“: Хаос на Местаља, Ридигер му удрил тупаница на човек од обезбедувањето

Во тунелот на стадионот „Местаља“ на полувремето од натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид (Реал победи со 3:0), се случил...

Забава1 час

Во друштво на убавата свршеница помлада од него 44 години: Мик Џегер не крие дека е лудо вљубен

Мик Џегер и Мелани Хамрик ретко се појавуваат во јавноста, а секогаш кога ќе го сторат тоа, разликата во нивните...