Контакт

Забава

Старнавски се спушти на длабочина од 230 метри во пештерата Врело

Објавено пред

Спелеолошкиот нуркач Кшиштоф Старнавски од Полска го урна рекордот на италијанскиот нуркач Луиџи Казати и успеа да се спушти на длабочина од 230 метри во пештерата Врело на Матка.

dobivaj vesti na viber

Овој подвиг на Старнавски траеше шест часа, а дел од неговата експедиција беа и домашните нуркачи сертифицирани за пешетерско нуркање од нуркачкиот клуб „Акватек“ и спелео- нуркачкиот клуб „Врело“.„Пештерата Врело е една од најубавите и нејголемите пештери што сум ги видел во животот. Навистина беше вистински предизик да се совлада нејзината внатрешност. Поминавме четири дена нуркајќи и прибирајќи информации за проодноста и проверката на нејзиниот терен за најдлабокото нуркање. Почнавме од 188 метри, по што најдлабоката точка до која дојдовме беше 230 метри. Оттука пуштивме сонда со која измеривме уште други 20 метри во длабочина, по што следува голема кривина која не можевме да ја испитаме на овој начин. Според моите проценки, по оваа кривина сигурно има уште некои 30-тина метри, кои се надевам ќе можеме да ги истражиме во нашата следна експедиција. Теренот понатаму е многу тесен и полн со кривини, па ќе ни треба повеќе време и поинаква опрема за да го совладаме“, вели Старнавски и додава дека е горд на домашните нуркачи кои се покажаа достојни на задачата и му е чест што имал прилика да нурка со професионалци како нив.Во организација и на покана на „Акватек“ и „Врело“, Старнавски неколку денови, заедно со тимот од домашните нуркачи ги правеше подготовките и го проверуваше теренот за подлабоките нуркањата во пешерата Врело, по што во четвртокот го сруши рекордот на Казати, кој во 2010 година се спушти на 212 метри длабочина. „Задоволни сме од експедицијата и професионалноста на домашните нуркачи, како и од учеството во акцијата и спроведувањето на овој подвиг. Вакви успеси се од огромно значење за Македонија и се надеваме дека следната година ќе успееме да спроведеме уште една ваква експедиција со подлабоко исптражување на пештерата“,  вели Даниел Атанасовски од нуркачкиот клуб Акватек.Експедицијата имаше за цел да прибере информации од неоткриените делови на подводната пештера, дали постојат нови краци кои се двојат од основната патека и да откријат до каде таа се простира.„Како што претпоставивме Врело нуди многу можности за истражување и е многу подлабока од што беше познато, факт кој уште еднаш се потврди и со оваа експедиција. Нашите нуркачи се спуштија до 420 метри во хоризонтала односно до 40 метри во длабочина, тоа е максимум кој дозволуваше нашата опрема за нуркање. Нашата помош беше за поставувањето на хабитатот, носење на помошни системи за дишење, демонтирање на целата опрема и слично. Се надеваме дека надлежните институции ќе не поддржат и ќе ни овозможат следната година да организираме уште една експедиција која ќе вроди и повеќе резултати од годинешните“, додава Кире Анѓелески, претседател на „Врело“.Ова не е прв рекорд на Старнавски, кој во 2011 година го собори рекордот кој го држеше Дејвид Шо во нуркање со ребридер и постигна длабочина од 283 метри во Црвеното море, во предел во близина на Дахаб, Египет./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Хороскопски знаци кои оговараат: секогаш зборуваат зад грб

Објавено пред

Сите понекогаш имаме што да кажеме за некој друг. Сепак, овие озборувачки хороскопски знаци немаат граници и веднаш ќе започнат приказна штом ќе го свртите грбот.

dobivaj vesti na viber

Нема ништо лошо во малку озборување и тешко е да го избегнете без разлика колку се трудите. Неколку зборови со вашите најдобри пријатели или со вашата омилена тетка за некој што не е таму, нема да боли толку многу. Ова може да биде совршено слатко и невино ако зборувате за пријател кој штотуку се верил. Сепак, овие хороскопски знаци всушност немаат такви граници.

Хороскопски знаци кои озборуваат

Кога станува збор за овие знаци, разговорот зад грб е често позлобен и полош и обично вклучува некаква форма на расудување. Наместо да разговараат на забавен начин, тие би можеле да зборуваат за вашите недостатоци и да ги следат вашите грешки. Откако ќе почнат, често не знаат како да престанат и тогаш работите излегуваат од контрола.

Близнаци

Како знак со кој владее Меркур, Близнаците не се двоумат да зборуваат зад нечиј грб. Секој трач што ќе стигне до нив наскоро ќе стане нивен трач. Ако им кажете нешто сочно, тие веднаш ќе го пренесат на нивната мајка, партнерка или ќе ги информираат сите во групниот разговор. Иако не сакаат да претераат, штом ќе го слушнат сочното задоволство, едноставно не можат да го задржат за себе.

Како воздушен знак кој го претставуваат близнаците, тие можат да бидат лицемерни. Дури и оние кои изгледаат целосно доверливи можат лесно да ве продадат за пара. Тие можат да бидат пријателски расположени во еден момент, а следниот ќе ги прошират вашите тајни. Никогаш не можете да бидете сигурни што сакаат да постигнат со тоа што ќе ви зборуваат зад грб.

Рак

Повеќето Ракови имаат мала група пријатели кои ќе стојат на страна и ќе ве заштитат по секоја цена. Ако сте дел од овој внатрешен круг, тие ќе ве поддржат без разлика на се. Но, ако сте надвор од кругот, ќе ви најдат идеален материјал за озборување. Тие секогаш внимаваат што прават нивните соседи, сакаат да знаат кој кого изневерува, кој поминува низ раскинување или кој ја изгубил работата.

Тие можат да му се заблагодарат на својот владетел, Месечината, за нивната љубов кон озборувањата. Нивните емоции постојано растат и опаѓаат, па лесно им е да се завиткаат во нивните чувства. Не им треба многу за да се вознемират, а имаат и тони мислења кои се борат да ги задржат за себе.

Девица

Зборлестиот Меркур владее со Девиците и бидејќи тие се аналитички земјен знак, тие ги ценат длабоките разговори за лесни озборувања. Наместо да се занимаваат со забавни вести, тие ќе нурнат подлабоко и ќе зборуваат за сета своја драма. Тие исто така имаат тенденција да ги критикуваат другите. Ако поминувате низ промена во кариерата, преселба или раскинување, тие веројатно ќе имаат што да кажат за тоа како се справувате со тоа.

Како Ракот и Девицата, тие се постојано згрозени и ужаснати од светот околу нив и не можат да веруваат дека некој прави такви катастрофални грешки. Затоа секогаш први почнуваат да озборуваат.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Меган Маркл бакна друг маж, реакцијата на принцот Хари стана вирална на социјалните мрежи

Објавено пред

Пред неколку дена на хуманитарното натпреварување во поло во Велингтон, Флорида, избраниците на принцот Хари забележаа две победи, што значи дека беа шампиони на овој мини турнир.

dobivaj vesti na viber

Меѓутоа, кога дојде моментот да им се честита трофејот, дојде до неочекувана, но симпатична реакција од војводата од Сасекс, кој не можеше да ја задржи својата љубомора.

Имено, Меган Маркл, сопругата на Хари, се качи на сцената за да им честита на победниците. Војвотката го бакна на двата образа соиграчот на Хари и капитен на тимот, Малколм Борвик, а реакцијата на нејзиниот сопруг на потегот стана вирална на социјалните мрежи.

@czedits__fp__ 😭😭 #princeharry#meghanmarkle#sussexroyal#sussex_family#royal#harryandmeghan#dukeharry#duchessmeghan#dukeofsussexs#duchessofsussex#fyp#meghanandharry#dukeandduchess#royalcouple#meghanmarkleandprinceharry#princehenry#meghanmarklestyle#princeharryandmeghanmarkle#princeharryedit#meghanmarkleedit#fouryou ♬ původní zvuk – •sussex family•

На снимката се гледа дека на Хари не му е сеедно, но судејќи според следните снимки, јасно е дека се шегувал.

Прикажи повеќе...

Забава

Леонардо ди Каприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе

Објавено пред

Леонардо ди Каприо наводно добил улога на Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе, пишува „Вараети“. Улогата на Ава Гарднер ѝ припадна на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо соработуваше на филмот Don’t Look Up.

dobivaj vesti na viber

Од друга страна, Ди Каприо и Скорсезе соработуваа неколкупати.

Ова дуо е еден од најплодните актерско-режисерски парови, зад нив се филмовите, како „Бандите на Њујорк“, „Авијатичарот“, „Заминат“, „Островот затворач“ и „Волкот од Волстрит“. Нивниот последен филм, Killers of the Flower Moon, беше номиниран за 10 „Оскари“.

Веста за биографскиот филм на Френк Синатра беше дочекана со ентузијазам од фановите и коментираа на социјалните мрежи дека „Ди Каприо е одличен избор за улогата на Френк Синатра“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија5 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија5 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија7 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија10 часа

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија15 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија15 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија15 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија18 часа

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет19 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет19 часа

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...

Македонија1 ден

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ1 ден

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија2 дена

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ2 дена

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија2 дена

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија2 дена

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија2 дена

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија2 дена

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион2 дена

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...