Контакт

Забава

Супер татко си ги спаси децата од сигурна смрт – видео

Објавено пред

Индонезиецот Зуки Чен ги отргна во четвртокот своите деца од прегратката на смртта така што во последен момент ги спаси пред автомобилот што без контрола излета од улицата.

Снимката на неговата реакција стана меѓу најгледаните на интернет, а на социјалните мрежи се појави благодарејќи на тоа што роднината на Зуки, Сутанто Анвар Чен ја постави на својот профил на Фејсбук.

Зуки тоа утро го поправал мотоциклот пред својата работилница, а децата успеал да ги тргне во последен момент пред Тојотата да влета меѓу работилниците.

Локалниот весник Tribun Jambi пренесе дека возачот сам излегол од автомобилот, но дека се чувствувало оти е под дејство на алкохол. /крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Анџелина Џоли го нарече домашното образование на своите шест деца „предизвик“

Објавено пред

Анџелина Џоли откри дека за неа бил вистински предизвик кога нејзините деца, наместо да одат на училиште, биле промирани на домашно образование поради пандемијата.

Актерката која ги има Медокс (19), Пакс (17), Захара (16), Шајло (14) и близнаците Нокс и Вивиен (12) со поранешниот сопруг Бред Пит – е благодарна што сите нејзини деца се способни и паметни па затоа не требало да се потпрат на неа во учењето дома во услови кога одењето на училиште е ставено на пауза среде пандемија.

Во разговор со HELLO магазин таа рече: „Имам четири различни училишта за шест различни деца, така што сè е поинаку.“

„Јас сум скарана со математиката и ја преиспитувам историјата, па затоа сум навистина предизвикан родител кога станува збор за многу од овие работи“, вели таа.

„За среќа, имам многу способни, паметни деца. Тие се провлекуваат некако, но тешко е”.

45-годишната актерка се фокусира на своите деца токму сега и вели дека е пресреќна во оваа фаза од животот.

Прикажи повеќе...

Забава

Ник Џонас се повредил за време на снимање на телевизиска емисија

Објавено пред

Ник Џонас бил пренесен во болница откако се повредил за време на снимање на емисија, објави „ТМЗ“.

Американскиот пејач и текстописец (28), наводно, бил на снимање на нова ТВ-емисија во саботата ноќта кога се повредил, веднаш била повикана брза помош за да го однесе во најблиската медицинска установа.

Не се откриени детали за несреќата или повредата на Ник, но „ТМЗ“ цитира извори кои тврдат дека тој се вратил дома кратко потоа и дека сепак ќе се појави во редовниот термин на емисијата The Voice.

Sвездата на бендот Jonas Brothers треба да биде домаќин на музичките награди „Билборд 2021“, кои ќе се емитуваат оваа недела.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Аријана Гранде и Далтон Гомез се венчаа во тајност

Објавено пред

Аријана Гранде тајно се венча со Далтон Гомез изминатиот викенд.

Пејачката и нејзиниот партнер Далтон викендов се венчаа на мала и интимна церемонија на која присуствуваа само неколку членови на нивното најблиско семејство и пријатели, потврди нејзиниот претставник.

„Тие се венчаа. Беше мало и интимно – помалку од 20 луѓе. Просторијата беше толку среќна и полна со љубов. Двојката и двете семејства не можеа да бидат посреќни“, рече претставникот во изјава за магазинот „Пипл“.

Венчавката на Аријана и Далтон се одржа во нивниот дом во Монтесито, Калифорнија.

„И Ари и Далтон го сакаат Монтесито. Тие поминуваат многу време таму. Се чини сосема природно да се венчаат во прекрасната и историска куќа на Ари“, анонимен извор близок до парот открива за „Пипл“.

Пејачката (27) ја објави својата свршувачка со 25-годишниот агент за недвижнини во декември, кога на Инстаграм сподели фотографија од нејзиниот прстен.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ11 минута

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Скопје, неколку лица завршија во болница

Синоќа во 23.50 часот, десетина минути пред почетокот на полицискиот час во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа на  крстосницата кај...

Македонија2 часа

Пристигна нова пратка од 9.360 дози вакцини на „Фајзер“

Министерството за здравство соопшти дека вчера во нашата земја стигнаа 9.360 дози вакцини од производителот „Фајзер“. „Од нив 4.680 се...

Свет2 часа

(Видео) Израел го гранатираше Либан, поради одмазда истрела 22 гранати

Израелската армија ја гранатираше територијата на Либан како одмазда за истрелувањето на неколку ракети од нејзината територија кон Израел. Шест...

Македонија2 часа

Пендаровски и бугарскиот претседател заедно ќе заминат во Рим на чествувањето на Кирил и Методиј

Претседателот Стево Пендаровски и бугарскиот претседател Румен Радев заеднички ќе оддадат почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј...

Свет3 часа

Денеска во Брисел вонреден состанок на ЕУ за конфликтот во Газа

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел ќе одржат вонреден состанок на кој ќе биде...

Свет3 часа

Во налет на циклонот во Индија загинаа најмалку 21 човек, исчезнати се 96 луѓе

Најмалку 21 човек загинаа, а 96 се водат за исчезнати во голем удар на циклон во западна Индија, носејќи им...

Свет3 часа

Израел ја уништи единствената лабораторија за испитување коронавирус во Газа

Со денови се интензивираат судирите меѓу Израел и Палестина, а во еден од нападите на Појасот Газа израелските сили ја...

Свет3 часа

Испалени над 90 ракети од Појасот Газа кон Израел

Во текот на ноќта од Појасот Газа беа истрелани околу 90 ракети кон Израел, објави израелската армија. Се наведува дека...

Регион16 часа

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Декларацијата усвоена од лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за...

Македонија17 часа

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите...

Македонија17 часа

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека следните ќе се...

Европа17 часа

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во...

Македонија20 часа

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Економија23 часа

Oд полноќ се намалува цената на еуросупер БС-95 и на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет24 часа

Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус

Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19. Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој...

Македонија24 часа

Захариева: Властите во Македонија ќе направат сѐ што можат Бугарите таму да се сѐ помалку

И Европа и ние ќе го следиме пописот во РСМ и очекуваме да се спроведе според сите европски стандарди и...

Свет24 часа

(Видео) Тврдат дека Израел фрлил забранета бомба врз Газа, од која се топи човечко месо

На социјалните мрежи се шири видео со ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел...

Свет1 ден

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Европа1 ден

Германски виролог предупредува: И следната година ќе мора да се вакцинираме

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, изјави дека е многу веројатно декаи следната година  сите...

Свет1 ден

На повидок нова вакцина – „Санофи“ и „ГСК“ велат дека произведува силен имунолошки одговор

Француската фармацевтска компанија „Санофи“ денеска соопшти дека експерименталната вакцина против Ковид-19, која ја развива заедно со „Глаксо Смит Клајн“ ќе...

Досие