Контакт

Бизарно

Tуморот ѝ прекрива повеќе од половина од нејзиното лице, но таа не се предава

Објавено пред

Алин Церквирија Леит од Тренс Риос, Бразил, тврди дека туморот што ѝ прекрива повеќе од половина лице – воопшто не ѝ пречи. Таа има неврофиброматоза, генетска болест, при што поради генетска мутација се создава неизлечлив тумор, а неодамна ѝ се прошири на очите, носот и устата.

Оваа мајка на три деца во текот на годините имаше неколку помали операции за да се намали бенигниот тумор и да се спречи неговиот понатамошен раст, но сега лекарите велат дека е премногу опасно да се оперира, пред сè, поради можноста за губење на видот.

Во Велика Британија 3.000 луѓе имаат неврофиброматоза или NF1, а дури 100.000 луѓе во САД имаат некоја промена или израсток на кожата. Кај Алине станува збор за маса сврзувачко ткиво што се појавило кога имала само три години.

„Поради туморот, лицето ми е малку тешко, но инаку не ми пречи, не размислувам за тоа премногу“, вели Алин додавајќи дека нејзиното лице било уште поголемо, но последната операција што ја имала спречила едната страна на лицето целосно да биде обесена. Неодамна Алин требаше да има уште една операција за намалување и подигање на усните и ушите, но по поминати 200 километри за да стигне до болница во Рио, лекарите ѝ рекоа дека операцијата може да ѝ го уништи очниот нерв.

Но, Алин не се предава иако не се надеваше на таква дијагноза.

„Јас се гордеам со неа затоа што никогаш не се откажува, а сигурно не ѝ е лесно. Покрај тоа, таа се грижи за нас и со радост го очекува секој нов ден“, изјавила ќерката на Алин, Ана.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Млада актерка се онесвести во Кан поради претесен фустан

Објавено пред

Американската актерка Ели Фенинг се онесвести на филмскиот фестивал во Кан бидејќи нејзиниот фустан беше премногу тесен.

Актерката (21) се онесвести синоќа на вечерата по повод „Трофеј за Шопард“, објави АП.

Фенинг подоцна на „Инстаграм“ објави фотографија со кренат палец и порака „добро помина“ и покрај она што таа го нарече несвестица поради нејзиниот прада-фустан.

Оваа година актерката беше членка на канското жири.

Таа е најмладата личност што некогаш учествувала во деветчленото жири, кое одлучува за „Златната палма“.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Рапер ги скрши нозете скокајќи од надвозник на вагон

Објавено пред

Јован Црновиќ, попознат како Џибри Бел, ги скрши двете нозе при скок од надвозник на вагон. Како што се гледа на видеото објавено на инстаграм-профилот на „Black Serbs“, момчето скокна од надвозник на вагон, а од возот паѓа на земја.

Во тој момент, Бел ги крши двете нозе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BLACK SERBS (@blackserbs) on

По ова, на видеото се гледа како црномурниот рапер на чист српски јазик кажува неколку пцости, додекa седи во количка во болница.

Според информациите од српски „Телеграф“, „Black Serbs“ треба да настапат на овогодишниот фестивал „Exit“ на 6 јули, но останува отворено прашањето дали до тогаш Бел ќе закрепне.

Американскиот хип-хоп бенд „Black Serbs“ е составен од петмина Американци, од кој едниот е Дејвид Бркљач, по потекло од Србија.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Жената што исчезна пред шест години пронајдена во замрзнувач на мртов станар

Објавено пред

Жена од Флорида која исчезна пред шест години беше пронајдена мртва во замрзнувачот откриен во стан на починат човек.

Хедер Лејси, мајка на две деца, имаше 29 години кога исчезна.

Таа беше пронајдена на 15 март од Лилијан Аргует, која управува со големо складиште на метален отпад, каде што по смртта на Џонатан Ескарзаге бил донесен замрзнувачот од станот во кој живеел. Рацете на жената биле кренати како да се обидува да ја отвори вратата на замрзнувачот.

Рандел Лејси рече дека неговата ќерка имала биполарно нарушување и дека живеела на улица. Нејзиното исчезнување е пријавено во декември 2013 година.

Хедер Лејси почнала да пие лекови против болка по царскиот рез, а потоа станала зависна од кокаин и други наркотици. Неколкупати била уапсена за поседување дрога и проституција. Таа беше една година во затвор поради кражба на идентитет и фалсификат.

Џонатан Ескарзага беше пронајден мртов во февруари оваа година. Сопственикот на станот одлучил да го замени мебелот и апаратите и го испратил замрзнувачот во отпадот. Замрзнувачот не бил заклучен, а сопственикот тврдел дека не знаел дека внатре имало мртво тело. Тој вели дека не знае дали Ескарзага бил во каква било врска со Лејси, според „Дејли мејл“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион33 минути

Дачиќ бил во Сомалија за време на нападот: „Се слушна силна експлозија“

Во моментот кога се случи терористичкиот напад во престолнината на Сомалија, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ се наоѓал...

Свет2 часа

Франција бара истрага дали Сирија употребува хемиско оружје

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека мора да се разгледаат последните тврдења дека сириската влада употребува хемиско оружје. Министерството...

Спорт2 часа

Марадона приведен на аеродромот во Буенос Аирес

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, бил уапсен на аеродромот во Буенос Аирес. Медиумите објавија дека...

Европа2 часа

Над 400 милиони луѓе ќе гласаат за новиот состав на Европскиот парламент

Повеќе од 400 милиони луѓе со право на глас од денеска до недела ќе избираат нов состав на Европскиот парламент....

Забава15 часа

Тамара прва од гласовите на жирито, а седма во финалето, гласовите коригирани

Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, сепак, заврши на седмото место на евровизиското финале и на првата позиција според гласовите...

Македонија17 часа

(Видео) Заев за изјавата на Груби: Рашомонијадата од изјави на крајот ќе биде поткрепена, ќе видиме која е вистината

Премиерот Зоран Заев и натаму не открива колку лица ќе бидат сменети од функциите, ниту, пак, нивните имиња. Тој вели...

Македонија18 часа

Кривични за експретседателот на Регулаторна и тројца членови, со парното ги оштетиле скопјани за 6,6 милиони евра

Одделот за сузбивање  организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како претседател и член на ...

Македонија20 часа

Анкета на „Макфакс“: Павле Богоевски треба да поднесе оставка

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“ на прашањето каков епилог треба да има аферата за пратеникот Павле...

Македонија21 час

Антикорупциската бара кривично да се гони Владимир Панчевски

Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива за кривично гонење одговорни и службени лица во Основниот суд Скопје 1, меѓу кои и...

Македонија22 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ повторно бара надзорна расправа за адвокатските услуги на власта

ВМРО-ДПМНЕ повторно побара надзорна расправа за да се расветли скандалот со милионските суми за адвокати ангажирани од јавните претпријатија и...

Македонија22 часа

Оливера Трајковска, Орце Камчев и Иво Котески ќе сведочат за апсењето на Бошкоски

Новинарката Оливера Трајковска, бизнисменот кој важеше близок до поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев, и поранешниот портпарол на МВР,...

Македонија23 часа

Вработени во МВР што работеле на случајот на Бошкоски не знаат кој ја дал наредбата за негово апсење

Судењето за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, продолжи со испрашување...

Македонија24 часа

Прекршочна пријава за директорката на Хематологија – не поднела анкетен лист за имотната состојба

Антикорупциската комисија поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска-Ставридис, за неподнесување анкетен лист за имотната состојба....

Свет24 часа

(Видео) Торнадa беснеат во Америка, куќите останаа без покрив

Невреме и торнадо го погодија северниот дел на САД, а во близина на аеродромот во Тулса, Оклахома, најмалку едно лице...

Европа1 ден

Пресметка со шверцери на дрога во Европа, уапсени 22 лица

Во координирана операција против шверц со дрога во Европа, 22 лица беа уапсени, соопшти Европол. Осомничениот водач на синџирот шверцери,...

Свет1 ден

САД ѝ дадоа рок на Турција да се откаже од купувањето руски противракетен систем

САД ѝ дадоа рок на Турција од две недели да се откаже од купувањето руски противракетен систем „С-400“ во корист...

Европа1 ден

Меј: Парламентот ќе одлучи за нов референдум за брегзит

Британската премиерка, Тереза Меј, синоќа изјави дека на Парламентот ќе му биде дадена можност да гласа за тоа дали ќе...

Македонија2 дена

Прво внатрешни консултации во СДСМ и ДУИ, па ќе продолжат разговорите за нови кадри во Владата

Премиерот Зоран Заев и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, остварија средба со која започнаа разговорите за детектирање одредени слабости кај...

Македонија2 дена

Влада: Препораката Охрид да стане загрозено светско наследство е стимул за зголемена работа и акција

Владата пристапува со внимание и сериозност кон комплексните состојби со кои се соочува светското природно и културно наследство во Охридскиот...

Забава2 дена

Копров ѝ се извини на Србија: Жирито беше составено од анонимуси, а не од еминентни автори

Композиторот Григор Копров преку социјалната мрежа „Фејсбук“ ѝ се извини на српската нација поради тоа што од нашето жири не...

Досие