Забава
Убер воведе хеликоптерско такси во Сао Паоло
Американската транспортна компанија Убер, почна градски хеликоптерски превоз во Сао Паоло, најголемиот град во Бразил.
Директорот за комуникации на Убер во Бразил, во вторник рече дека почнале со едномесечен пробен период на службата Уберкоптер, која нуди превоз на патници меѓу аеродромот, хотелите и конференциските центри.Фабио Саба вели дека хеликоптерите летаат од пет места и од четири хотели.Саба рече и дека ова е единствен таков сервис на Убер во светот.Убер, порано, превоз со хеликоптер нудеше за Канскиот фестивал, во Франција и за Фестивалот Санденс во Јута, САД.Вели дека Уберкоптер е во партнерство со групата Ербас, и дека во Сао Паоло користи три хеликоптерски оператори.Цената на возењето со хеликоптер е од 17 до 80 долари по човек. Сао Паоло, град со повеќе од 11 милиони жители, е најголем не само во Бразил, туку и во цела Латинска Америка и на јужната земјина хемисфера. Тој е финансиски центар, со најголем бруто-домашен приход јужно од екваторот, познат по непредвидливото време, големата флота хеликоптери и по жестокиот сообраќаен метеж.„Убер технолоџис инк“ е американска мултинационална компанија со онлајн транспортна мрежа, која развива, изнесува на пазар и управува со апликацијата за мобилни телефони Убер.Таа апликација им овозможува на корисниците со паметни телефони да пратат барање за превоз кој се пренесува на возачите на Убер кои користат сопствени возила.Услугата е достапна во 449 градови во 66 земји во светот./крај/к/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.