Контакт

Забава

(Видео) Пајак конечно со прв студиски албум: „2000 и некоја“ носи дуети со Тајзи, Јован и Елвир, Тони Зен и Лара

Објавено пред

По години тивко градење на својот звук и публика, со многу работа зад сцената и постепено освојување на просторот, Христијан Настески – Пајак го објави својот прв студиски албум „2000 и некоја“. Проект што долго се најавуваше и уште подолго се очекуваше.

Зад албумот стои Urban Records, предводен од Иван Јованов – Iwayo и Гордан Божиновски, чии улоги се клучни во обликувањето на целиот проект. Токму оваа соработка му дава на „2000 и некоја“ продукциска цврстина, но и простор Пајак да остане свој.

Во креативниот процес се вклучени и Лазар Цветковски, Луна, Таско, Тајзи и Елвир Мекиќ, како дел од поширокиот авторско-продукциски тим, чиј придонес се чувствува во звукот и дел од текстовите, без да се наруши неговиот препознатлив израз.

Албумот носи природна динамика, од енергични, модерни песни до поинтимни и повлечени моменти. Траките „Токсична“, „Допамин“, „Тајни“, „Ризик“, „Тотално луда“ и „Биди ми добра“ ја покажуваат таа ширина, без да звучат како одделни приказни, туку како дел од ист процес.

Дуетите се еден од најживите сегменти на албумот. Соработките со Тајзи, Тони Зен, Лара, како и „Делириум“ со Јован Јованов и Елвир Мекиќ, носат различна енергија, но без да го оттурнат од неговиот стил.

Паралелно со студиската работа, Lollipop Entertainment Group стои зад неговите настапи, градејќи ја врската со публиката и надвор од дигиталниот простор, таму каде што песните добиваат поинаква тежина.

Визуелниот идентитет на албумот и придружните приказни се реализирани со посебно внимание, зад кои стојат Верица Божиновска и Steady Flow, додавајќи уште еден слој на препознатливост и естетика на целиот проект.

И покрај целиот тим зад него, „2000 и некоја“ останува личен албум. Во него се чувствува патот што го има поминато, не само како артист, туку и како некој што постепено го наоѓал својот глас.

„Овој албум за мене има тежина што не можам лесно да ја објаснам. Не е само музика, туку период од мојот живот во кој се случуваа многу работи, и убави и тешки. Сè што поминував, на некој начин завршуваше во студио. Затоа ова ми е прв проект каде што чувствувам дека сум целосно искрен. И затоа оваа промоција ја доживувам многу емотивно, како нешто што долго сум го носел во себе“, вели Пајак.

Со „2000 и некоја“, Пајак не само што ја крунисува досегашната работа, туку поставува појасна слика за тоа каде е во моментов на домашната сцена.

 

Најново

Свет8 минути

Писториус: Германија ќе ја снабди Украина со пресретнувачки ракети

Германија ќе ја снабди Украина со итно потребни пресретнувачки ракети PAC-2 за системите „Патриот“ од залихите на Бундесверот, изјави денес...

Црна хроника44 минути

Пијан охриѓанец возел електричен тротинет, паднал и завршил со тешки повреди

Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Марко Нестороски“ во Охрид, Ј.Т.(29) од Охрид, управувајќи  електричен...

Свет1 час

Путин и Трамп разговарале по телефон за прекин на војната во Украина и плановите на Москва за Европа

Претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин денес разговараа по телефон, а разговорот беше „конструктивен“ и траеше...

Македонија2 часа

Регистрирани 26 пожари на отворено, шест се активни, соопшти ЦУК

Денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 4 се под...

Забава2 часа

Памела Андерсон се присети на минатото: „Докторот ми рече дека имам најмногу 10 години живот“

На глумицата Памела Андерсон ѝ беше дијагностициран хепатитис Ц кон крајот на 1990-тите. Во тоа време, немаше лек за состојбата,...

Македонија2 часа

Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден – го нарекува народот „талог“, велат од СДСМ

На прославата за 35 години независна Македонија, Мицкоски побара „да не се делиме“, па веднаш се закани дека ќе „расчистува...

Забава2 часа

Зошто сливите треба почесто да бидат на вашето мени

Сливите не се само вкусно и сочно овошје, туку можат да имаат и голем број здравствени придобивки. Тие се богати...

Македонија3 часа

Утре, сончево и топло, попладне со услови за дожд, ветер и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за...

Црна хроника3 часа

Пијан кавадарчанец ја вознемирувал поранешната сопруга

Полициски службеници од ОВР Кавадарци во текот на вчерашниот ден во 15:20 часот го лишија од слобода Л.А.(52) од Кавадарци....