Контакт

Забава

(Видео) Една година по големата трагедија, таа има најубави вести: Актерката го очекува своето прво дете

Објавено пред

Познатата актерка наводно треба да се породи на есен. „Беше прекрасно изненадување по емоционално тешка година. Двојката е благословена“, изјавил извор за списанието, а веста ја потврдил и ПР-от на Обри Плаза.

Обри Плаза претрпе голема загуба минатата година кога нејзиниот сопруг, режисерот и сценарист Џеф Бејн, почина на 47-годишна возраст. Трагедијата се случила во јануари 2025 година, а полициските извештаи го навеле самоубиството како причина за смртта. Тој бил пронајден на 3 јануари во неговиот дом во Лос Анџелес, а го пронашла неговата асистентка.

Тие биле заедно тринаесет години, а тајно се венчале во 2021 година.

Минатиот месец, Обри се појави на Неделата на модата во Париз, каде што вешто го сокри својот труднички стомак со црвен преголем џемпер и мини здолниште.

Обри и нејзиниот нов партнер Крис Абот се запознале и се зближиле додека работеле на филмот „Black Bear“, а нивната интензивна хемија на екранот честопати била предмет на внимание на јавноста и медиумите.

Гласините за врската започнаа кон средината на 2025 година, а тие почнаа да се појавуваат заедно во јавноста на почетокот на 2026 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Италијанскиот стил во Скопје: ревија и изложба на очила од 1940 до 2026

Објавено пред

Вчеравечер, во Музејот на Народноослободителната Борба се одржа модна ревија и ретроспективна изложба на италијански очила во организација на ITA -Italian Trade Agency, Амбасадата на Р.Италија и Диоптра.

Повеќе од 120 гости меѓу кои амбасадори и дипломати, стилисти, уметници и љубители на модата имаа несекојдневна можност да уживаат во ревијата на очила од најпознатите италијански марки како Lozza, Persol, Dоlce &Gabanna, Trevi Coliseum, Giorgio Armani, Gucci, Valentino, Fendi и Furla.

Настанот го отвори Амбасадорот на Р.Италија, Н.Е. Паоло Палминтери, кои во оваа прилика изјави:

“ Италијанските очила не се само индустриски производ, туку неприкосновен симбол на “Made in Italy”, кој е резултат големо наследство на know-how. Од првата фабрика за очила на Анџело Фрескура отворена во Калалцо ди Кадора во 1878 година, до денес, овој сектор во Италија брои околу 814 компании кои вработуваат преку 19.000 лица, извезуваат 90% од своето производство и генерираат извоз од над 5 милијарди евра. Денес, конкурентната предност на италијаскиот кластер за очила се потпира на два клучни фактори: интегриран синџир на набавки со густа мрежа на добавувачи и лидерство во луксузот. Концентрацијата на супериорни вештини и know-how и овозможија на Италија да се позиционира како број 1 производител на очила и рамки за очила во Европа, и истовремено како водечки светски производител и извозник во сегментот на луксузни произдови“.

По завршувањето на модната ревија, беше отворена изложбата на очила каде беа претставени оригинални модели на италијански очила од 1940 до 2026 година.

Прикажи повеќе...

Забава

„Сакам да бидам подобар родител од својот татко“: Изјавата на принцот Хари што одекна во светот

Објавено пред

Од

Британскиот принц Хари за време на посетата на Австралија изјави дека сака да биде подобар родител од својот татко, британскиот крал Чарлс III, нагласувајќи дека секоја генерација треба да го подобри начинот на кој се воспитуваат децата.

Хари нагласи дека немал намера да ги критикува своите родители, вклучително и Чарлс, но дека верува дека секоја генерација треба да го подобри искуството на родителството, објави британскиот „Телеграф“.

„Родителството се развива со текот на времето. Децата нè подобруваат“, рече принцот, додавајќи дека современите услови, како што се социјалните мрежи, носат нови предизвици што не постоеле порано.

Тој повтори дека сака да го прекине циклусот на „генерациска болка“, нагласувајќи дека нема вина или осуда во начинот на кој родителите ги воспитуваат своите деца.

Хари зборуваше и за важноста на менталното здравје, наведувајќи дека терапијата во Велика Британија и Соединетите Американски Држави му помогнала да се соочи со проблемите од минатото.

„Тоа е знак на сила, а не на слабост“, рече тој, повикувајќи ги луѓето да побараат помош пред да се соочат со сериозни кризи.

Зборувајќи за татковството, Хари истакна дека тоа е „најважната трансформативна улога“ во животот на човекот, додавајќи дека му дава чувство на цел и одговорност.

Тој рече дека за време на бременоста на неговата сопруга Меган Маркл, водел дневник и дека првично чувствувал одредена дистанца кон својот син Арчи, но дека советите на терапевтот му помогнале да ја пронајде својата улога во поддршката на семејството.

Кога беше прашан за совети за новите татковци, тој рече дека „тие не се сами“ и дека треба да прифаќаат емоционални предизвици без да се осудуваат себеси.

За време на посетата на Австралија, Хари учествуваше и на настани со деца и спортисти, вклучувајќи средба на стадионот „Витен Овел“, каде што му беше врачен дрес на австралиски клуб со имињата на неговите деца.

Тој го посети и Споменикот на австралиските војници во Канбера, каде што положи венец и присуствуваше на церемонија.

Предвидено е Хари повторно да се сретне со својата сопруга Меган во Мелбурн, по што ќе ја продолжат својата заедничка посета во Сиднеј, како дел од последниот ден од турнејата.

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл пристигнаа во Австралија на 14 април, на четиридневна посета, за време на која ќе учествуваат во спортски активности, како и активности поврзани со менталното здравје и прашањата на ветераните.

Војводата и војвотката од Сасекс ја започнаа својата посета во Кралската детска болница во Мелбурн, каде што учествуваа во активности во терапевтските градини на болницата.

Во 2020 година, Хари и Меган се повлекоа од функцијата активни членови на британското кралско семејство и се преселија во САД, наведувајќи ја желбата за финансиска независност и бегство од она што го нарекоа медиумско мешање во нивниот приватен живот.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Забава

Колку често треба да ги перете завесите?

Објавено пред

Од

Експертите предупредуваат дека завесите собираат прашина, алергени и мириси.

Завесите често се занемарен детаљ во домот, иако играат важна улога во одржувањето на свежината и квалитетот на воздухот. Иако на прв поглед изгледаат чисти, всушност брзо акумулираат прашина, полен, чад и непријатни мириси.

Не постои единствено правило за тоа колку често треба да се перат, но повеќето експерти препорачуваат интервал од три до шест месеци.

Сепак, во становите во урбаните средини, како и во домовите со домашни миленици или пушачи, завесите треба да се перат почесто, приближно на секои три месеци. Во простории како кујната и бањата, овој период е уште пократок поради влагата и маснотиите.

Причината за ова е што завесите делуваат како филтер што ги задржува нечистотиите од воздухот, што може да влијае на здравјето на домаќинството со текот на времето.

Покрај перењето, се препорачува и редовно одржување како што е усисување или тресење помеѓу две темелни чистења.

Пред перење, важно е да се провери етикетата на ткаенината. Повеќето материјали како памук и полиестер може да се перат во машина на нежна програма и ниска температура, додека понежните ткаенини, како свила или кадифе, бараат хемиско чистење.

По перењето, најдобро е да се исушат природно, на воздух, за да се избегне оштетување на материјалот и собирање, а ако се вратат на шипката за завеси додека се уште малку влажни, нема да има потреба од дополнително пеглање.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

Бланар: Словачка e подготвена да го блокира новиот пакет санкции на ЕУ против Русија

Словачка е подготвена да го блокира новиот пакет санкции на Европската Унија против Русија, но нема да се спротивстави на...

Свет17 минути

Захарова: Германија е главен спонзор на војната во Украина

Германија се претвори во главен спонзор на војната во Украина и има една од главните улоги во милитаризацијата на Украина,...

Свет25 минути

Фицо за ЕУ: Прекрасен проект во лоши раце

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека Европската Унија останува силен и вреден проект, но дека нејзиното сегашно управување е во...

Свет44 минути

Трамп: Имам право да не се согласувам со папата

Американскиот претседател Доналд Трамп, зборувајќи со новинарите пред Белата куќа пред да замине за Лас Вегас, рече дека прекинот на...

Свет1 час

Закана за бомба во домот на братот на папата Лав

Полицијата во Илиноис потврди дека вчера вечерта е примена закана за бомба во домот на Луис Привост, братот на папата...

Спорт1 час

Загина Алекс Манингер

Поранешниот голман на Ливерпул, Арсенал и Јувентус, Алекс Манингер, загина во сообраќајна несреќа во четврток. Поранешниот голман на австриската репрезентација...

Спорт1 час

(Видео) Фрајбург ја размонтира Селта

Фудбалерите на Фрајбург ја декласираа Селта во реваншот со 3:1 и со вкупен резултат од 6:1 се пласираа во полуфиналето...

Свет2 часа

Фон дер Лајен: Го поздравувам десетдневното примирје меѓу Израел и Либан

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес го поздрави десетдневното примирје меѓу Израел и Либан, кое го објави...

Свет2 часа

Турската полиција приведе 162 лица по пукањето во училиште: ширеле паника и најавувале нови злосторства

Турските власти приведоа 162 лица под сомнение за споделување забранети видеа на интернет, ширење паника и дезинформации, величење на сторителите...