Контакт

Забава

(Видео) Хилари Свонк е повторно бремена: На 53 години го очекува своето трето дете

Објавено пред

Познатата актерка Хилари Свонк го очекува своето трето дете на 53-годишна возраст, а среќната вест ја сподели на својот профил на Инстаграм.

Хилари Свонк и нејзиниот сопруг, Филип Шнајдер, очекуваат уште едно дете, со што нивното семејство ќе добие нов член. Познатиот пар веќе има близнаци – кои Хилари ги роди на 49-годишна возраст – а таа објави видео на Инстаграм на кое се гледаат таа, нејзиниот сопруг и близнаците како танцуваат во темница, при што нивните тела се исцртани со светлечки стапчиња.

Во еден момент, Хилари се појавува и го покажува својот труднички стомак. Видеото беше придружено со интригантен опис, од кој се навестува дека актерката сака да соопшти оти новото дете треба да пристигне во декември.

„Многу луѓе ме прашуваат на кој проект ќе работам следно. Овој пристигнува во декември“, напиша Хилари, додавајќи емотикони од бебе и срце.

Хилари првпат стана мајка на 49-годишна возраст, кога таа и нејзиниот сопруг, Филип Шнајдер, добија близнаци – ќерката Аја и синот Ом. Таа изјави дека мајчинството ја променило и дека е целосно посветена на своите деца. „Сега сум многу поинаков родител отколку што би била во моите четириесетти. Многу сум потрпелива. Имам многу повеќе разбирање. Позаинтересирана сум отколку што би била порано.

Навистина ме интересира начинот на кој размислуваат, фасцинирана сум од тоа што ги мотивира. Освен тоа, имам веќе изградена кариера, па не сум растргната помеѓу две страни. Можам навистина да им се посветам и активно да учествувам во нивното растење“, објасни таа во едно интервју за „Women’s Health“.

Најново

Црна хроника7 минути

Девет возачи лишени од слобода за безобѕирно управување, шест возеле без положен возачки испит

Девет возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие на различни локации во државата поради сомнение за безобѕирно управување со...

Свет20 минути

(Видео) Приведени 121 демонстрант на протестите низ Франција, полицијата употреби солзавец и водени топови

Француската полиција привела 121 лице за време на денешните протести во повеќе градови низ земјата, соопшти Министерството за внатрешни работи....

Свет35 минути

Птичјиот грип повторно ја погоди Холандија: За една недела ќе бидат усмртени 184.000 животни

Птичји грип по третпат оваа недела е потврден на фарма во холандското село Хирден, во покраината Гелдерланд, поради што ќе...

Свет56 минути

Зеленски: Путин сака преку „хуманитарна мисија“ да ја преземе контролата врз Костјантинивка и да напредува кон Краматорск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека предлогот за воспоставување привремена „хуманитарна мисија“ во Костјантинивка, на...

Црна хроника1 час

Пронајдени пиштол и ловечка муниција при претрес во валандовско, уапсен 43-годишник

Пиштол и ловечка муниција биле пронајдени при претрес во дом во селото Казандол, валандовско, а 43-годишниот сопственик бил лишен од...

Свет1 час

(Видео) Илјадници Португалци на протести во 32 града поради станбената криза, бараат контрола на кириите и заштита од иселување

Илјадници луѓе денеска излегоа на улиците во 32 града низ Португалија, барајќи од владата итни мерки за справување со сè...

Свет2 часа

Трамп, Путин и Си Џинпинг следната недела на историска трилатерална средба во Кина – ќе разговараат за нуклеарното оружје

Трамп, Путин и Си Џинпинг планираат историска трилатерална средба следната недела во Кина, на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска...

Македонија2 часа

Меџити во Историската чаршија во Бурса: Размената на искуства со еснафите во функција на ревитализацијата на Старата скопска чаршија

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, во рамките на официјалната посета на Турција, ја посети Историската чаршија во Бурса, каде...

Македонија2 часа

СДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група

Партиските редови на СДСМ денес се почисти за неколку лица кои ровареле по партијата, велат од СДСМ. „Кога ги откривме...