Контакт

Забава

(Видео) Љубов на максимум: Таско и Теа не штедат емоции во „Луда“

Објавено пред

Со мирис на лето, пулс на урбана љубов и рефрен што лесно влегува во уво, Христијан Тасковски Таско повторно ги спојува своите емоции со Теа Трајковска во новиот сингл „Луда“, песна што не чека дозвола да биде почувствувана, туку тивко и сигурно влегува под кожа.

По силниот одѕив на „Сатурн“, нивниот прв заеднички хит што природно си го најде патот до публиката, Таско и Теа продолжуваат со уште поизразена, послободна приказна. „Луда“ е музички дијалог без маски, искрен, динамичен и полн со напнатост меѓу разумот и страста. Тој признава „По тебе луд јас“, таа возвраќа „По тебе луда“, и токму во таа едноставна, но силна размена се крие суштината на нивната хемија.

Рефренот се развива како интимна мантра, што се повторува со леснотија и останува долго по последната нота: „Ти си таа, ти си таа / Ти си тој, ти си тој…“ – јасен, чист израз на емоција што не бара објаснување. „Дај обој го светот мој / во сите разни бои“ звучи како повик кон љубов што не се плаши да биде видена.

Во своите строфи, Таско внимателно ја отвора личната ранливост, поставувајќи прашања што одекнуваат и надвор од песната: „И кога сите ќе ме предадат, дали би ме издала?“. Наспроти него, Теа носи смирена, но одлучна енергија, препуштајќи се на чувството без задршка: „На секој допир твој, глеј целата се предавам“. Токму во таа рамнотежа помеѓу нежноста и импулсот, нивните гласови се спојуваат во една компактна, автентична целина.

Визуелната приказна на „Луда“ е сместена во Охрид, каде каменот, езерото и староградската архитектура создаваат природна и визуелно топла летна позадина за оваа емотивна приказна. Летната езерска атмосфера и урбано-романтичниот дух на градот не се само сценографија, туку продолжение на енергијата на песната. Зад камерата стои Никола Наумовски, кој со модерен и динамичен пристап ја доловува хемијата и енергијата што Таско и Теа ја носат – без вишок, но со стил..

Авторски, ова е нивна заедничка исповед – текстот го потпишуваат и двајцата, додека за звукот, аранжманот и миксот се погрижи Лазар Цветковски, кој на „Луда“ ѝ дава современ, моќен и радиофоничен карактер.

„Луда“ е уште една потврда дека кога емоцијата е искрена, а хемијата вистинска, музиката сама си го наоѓа патот до публиката – тивко, но сигурно. А Таско и Теа, очигледно, знаат дека понекогаш најдобрите приказни се оние во кои си дозволуваш да бидеш… малку луд.

Најново

Македонија5 секунди

(Видео) Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се слеваа 110 милиони евра во Еуростандард, обвини Бране Петрушевски,...

Спорт26 минути

(Видео) Кари го реши Орландо и урна рекорд на Леброн

Ноќта во НБА лигата беше обележана со новиот рекорд на Стеф Кари, доминантната игра на Виктор Вембањама и големата победа...

Црна хроника31 минута

Уапсени двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага

Полицијата уапси двајца велешани, а при претреси се пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага. На 06.11.2026 година, во 22:30 часот,...

Македонија33 минути

Левица: Додека жените во Македонија умираат, власта ги чува во фиока измените на Законот за заштита од семејно насилство

Македонија има околу 560 полицајци на 100.000 жители, наспроти европскиот просек од приближно 340, а сепак сме на третото место...

Македонија36 минути

ЛДП: Македонија заслужува во ЕУ сега, светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција

Забрзана интеграција на Македонија во Европската Унија и итен пристап до европскиот пазар и фондовите на Унијата се бара во...

Спорт42 минути

(Видео) Бањаја нема да ја вози Големата награда на Катар

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, претрпе две скршеници на стапалото во инцидентот што се случи за време на спринтот на...

Спорт56 минути

Тенисерката број еден во светот го откажа настапот на Завршниот мастерс

Елена Рибакина, тенисерка број еден во светот, го откажа својот настап на Завршниот Мастерс, финалниот турнир на осумте најдобри тенисерки...

Забава1 час

Ана Ивановиќ го прослави својот 39-ти роденден и сподели фотографија што воодушеви многумина

Ана Ивановиќ го прослави својот 39-ти роденден и го одбележа тој повод на Инстаграм. Таа објави фотографија што го привлече...

Спорт1 час

„Марка“: Хаос на Местаља, Ридигер му удрил тупаница на човек од обезбедувањето

Во тунелот на стадионот „Местаља“ на полувремето од натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид (Реал победи со 3:0), се случил...