Контакт

Забава

(Видео) Тамара Тодевска ја објави „Кукла жива“ – најличната песна во својата кариера

Објавено пред

„Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават…“ пее Тамара Тодевска во својата нова песна „Кукла жива“, носечки сингл на истоимениот албум.

Музиката и текстот се потпишани од Коста Петров и Тамара Тодевска, песната е во продукција на Емин Џијан, додека визуелниот дел е режиран од Мартин Трајановски во Takat Studios.

Станува збор за песна инспирирана од животот и кариерата на Тамара Тодевска, исполнета со успеси и падови, осуди и пофалби, но и со постојаната борба да останеш свој во свет полн со очекувања и предрасуди. Впрочем, во „Кукла жива“ може да се пронајде секоја девојка и жена кои биле принудени да глумат, да не бидат свои, да ги задоволат критериумите на општеството, а не своите потреби и желби.

„Кукла жива“ е песна на мојот живот! Истовремено е и многу моќна, но и автентична, силна и суптилна. „Кукла жива“ не е само мојот живот, тоа е животот на многу девојки, жени, но верувам и мажи – сите принудени да задоволиме наметнати стандарди за успех и квалитет. Ја почувствував уште од првиот момент. Ме расплака, ме врати во живот и ми го покажа патот кон новата ера. Во тоа е моќта на оваа песна“, посочува Тамара.

Еден од авторите на песната „Кукла жива“, Коста Петров, открива дека за новиот музички проект на Тамара биле создадени повеќе од 30 песни, а во финалниот избор влегле само 10.

„Ако треба да одберам една песна што најдобро ја опишува Тамара како уметник, како жена и како човек – тоа е токму „Кукла жива“. Од повеќе од 30 создадени композиции, токму оваа песна остана онаа што најсилно го дефинира целиот албум и неговата порака“, вели Петров.

„Кукла жива“ е достапна на официјалниот YouTube канал на Тамара Тодевска, а наскоро ќе биде достапна и на сите дигитални музички платформи.

„Кукла жива“ е насловната композиција од истоимениот албум кој содржи 10 нови песни и претставува прв визуелен албум создаден во Македонија. Во наредниот период Тамара Тодевска ќе ги претстави и останатите песни од проектот, а кулминацијата ќе биде големиот концерт и концертна промоција на албумот на 3. октомври во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Најново

Свет8 минути

Министерот за финансии: Германија не може да се одбрани без нов долг

Германија не може да се одбрани без да се задолжи, изјави денес министерот за финансии Ларс Клингбеил, оправдувајќи го зголемувањето...

Свет24 минути

Руте: Сојузниците на Украина немаат друг избор освен да ја зголемат поддршката во војната против Русија

Сојузниците на Украина немаат друг избор освен да ја зголемат својата поддршка за таа земја во нејзината борба против Русија,...

Култура36 минути

Битолскиот театар со „Едмонд“ гостува на 34. МФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица

Театарска сезона Народниот театар Битола ја започна со богат репертоар, а следуваат и гостувања по реномирани фестивали. Првото од нив...

Свет44 минути

„Политико“: Идејата на Калас за експертска група за одбрана пропадна пред да се формира групата

Плановите на шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, за формирање експертска група за одбрана на ЕУ пропаднаа откако Италија...

Свет1 час

Писториус: Германија ќе ја снабди Украина со пресретнувачки ракети

Германија ќе ја снабди Украина со итно потребни пресретнувачки ракети PAC-2 за системите „Патриот“ од залихите на Бундесверот, изјави денес...

Црна хроника2 часа

Пијан охриѓанец возел електричен тротинет, паднал и завршил со тешки повреди

Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Марко Нестороски“ во Охрид, Ј.Т.(29) од Охрид, управувајќи  електричен...

Свет2 часа

Путин и Трамп разговарале по телефон за прекин на војната во Украина и плановите на Москва за Европа

Претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин денес разговараа по телефон, а разговорот беше „конструктивен“ и траеше...

Македонија2 часа

Регистрирани 26 пожари на отворено, шест се активни, соопшти ЦУК

Денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 4 се под...

Забава3 часа

Памела Андерсон се присети на минатото: „Докторот ми рече дека имам најмногу 10 години живот“

На глумицата Памела Андерсон ѝ беше дијагностициран хепатитис Ц кон крајот на 1990-тите. Во тоа време, немаше лек за состојбата,...