Забава
Вилата во која принцезата Дајана пораснала ги отвора вратите за посетители
Вилата во која принцезата Дајана го поминала своето детство се отвора за гости кои за прв пат, овде, ќе можат да преноќат, со цел прибирање пари за хуманитарни цели.
Палатата се наоѓа во Нортемтоншир во Лондон и е во сопственост на нејзиниот брат ерлот Чарлс Спенсер.
Се работи за домот на аристократското семејство Спенсер чија традиција е долга 500 години. Гостите ќе можат да престојуваат во спалната соба на Дајана, каде таа поминувала најмногу време пред да се омажи за принцот Чарлс. Викенд во домот на Дајана за двојки чини повеќе од 35.000 долари. Дајана е закопана на мал остров на имотот во езерото Овал, а тука се наоѓа и споменик каде посетителите може да и оддадат чест.
Во ексклузивно интервју за NBC News, ерл Спенсер вели дека одлучил да ги отвори вратите на домот на Дајана за посети и ноќевање, откако неговата сопруга грофицата Карен Спенсер дошла на идеја дека на овој начин може да се собираат пари кои ќе бидат донирани за децата.
Семејството Спенсер истакнува дека донаторите кои ќе придонесат на оваа хуманитарна акција сигурно ќе поминат пријатен викенд во домот на принцезата Дајана. Вилата се наоѓа на околу 70 километри од Лондон, има 30 соби и неколку големи трпезарии, вклучително и една која може да прими повеќе од 100 гости.
Библиотеката ги содрѓи сите книги кои датираат од 1.800-те години, а тука се и кристалните лустери и таванот украсен со три нијанси златна боја. Порано овој месец, ерл Спенсер најави дека островот каде е закопана Дајана ќе биде редизајниран како спомен на неа. Во 1998 година оваа вила беше отворена за посетители една година по смртта на Дајана, која загина во сообраќајна несреќа во Париз./крај/к/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.