Контакт

Забава

Влатко Миладиноски во Хераклеја – музичка ренесанса на македонската народна песна

Објавено пред

Македонската песна повторно ќе одекне меѓу вековните камени ѕидини на Античкиот театар Хераклеја. На 29 јули, со почеток во 21:00 часот, еден од најавтентичните и најемотивни интерпретатори на македонската музика, Влатко Миладиноски, ќе одржи голем концерт кој ветува незаборавно музичко доживување.

Во еден од највпечатливите културно-историски локалитети во земјата, публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со безвременски македонски песни, силни емоции и внимателно осмислена музичка продукција што ќе ја спои традицијата со современиот сценски израз.

На сцената, Влатко Миладиноски ќе настапи во придружба на оркестарот на Златко Миладиноски, составен од 30 врвни музичари. За оваа пригода ќе бидат изведени авторски композиции, како и нови оркестарски аранжмани на едни од најубавите македонски песни, создавајќи единствен музички спектакл под отвореното небо.

Организаторите најавуваат и настап на специјални гости од македонската музичка сцена, чии имиња ќе бидат објавени во наредниот период, а кои дополнително ќе ја збогатат програмата на оваа единствена концертна вечер.

„Концертот претставува повеќе од музички настан – тој е прослава на македонската традиција, култура и песна. Во амбиентот на Хераклеја, каде што историјата и уметноста се испреплетуваат, публиката ќе има можност да ги доживее најголемите хитови на Влатко Миладиноски во сосема ново, раскошно оркестарско издание“, велат организаторите.

Билетите се во продажба по цена од 700 денари преку mktickets.mk, како и во продажната мрежа низ државата. Во Битола, билетите се достапни во Tobacco Brothers на Широк Сокак, а во Прилеп во туристичката агенција Бран.

За повеќе информации и резервации, заинтересираните можат да се јават на 077 611 669.

Најново

Свет27 минути

Путин и Трамп разговарале по телефон за прекин на војната во Украина и плановите на Москва за Европа

Претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин денес разговараа по телефон, а разговорот беше „конструктивен“ и траеше...

Македонија49 минути

Регистрирани 26 пожари на отворено, шест се активни, соопшти ЦУК

Денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 4 се под...

Забава1 час

Памела Андерсон се присети на минатото: „Докторот ми рече дека имам најмногу 10 години живот“

На глумицата Памела Андерсон ѝ беше дијагностициран хепатитис Ц кон крајот на 1990-тите. Во тоа време, немаше лек за состојбата,...

Македонија1 час

Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден – го нарекува народот „талог“, велат од СДСМ

На прославата за 35 години независна Македонија, Мицкоски побара „да не се делиме“, па веднаш се закани дека ќе „расчистува...

Забава2 часа

Зошто сливите треба почесто да бидат на вашето мени

Сливите не се само вкусно и сочно овошје, туку можат да имаат и голем број здравствени придобивки. Тие се богати...

Македонија2 часа

Утре, сончево и топло, попладне со услови за дожд, ветер и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за...

Црна хроника2 часа

Пијан кавадарчанец ја вознемирувал поранешната сопруга

Полициски службеници од ОВР Кавадарци во текот на вчерашниот ден во 15:20 часот го лишија од слобода Л.А.(52) од Кавадарци....

Свет3 часа

Песков: Русија е уверена дека ќе победи во Украина, но е подготвена за мир

Портпаролот на Кремљ тврди дека Москва постигнува напредок на фронтот и дека обновувањето на преговорите меѓу Русија, Украина и САД...

Македонија3 часа

Мицкоски: Има прашања за кои нема компромиси и договори под маса, нема играње со нашиот идентитет, јазик и култура

Пред триесет и пет години нашите граѓани не гласаа само за нова политичка реалност, за нови институции, за сопствено знаме,...