Забава
Во Кина отворен најдолгиот стаклен мост на светот.ВИДЕО
Во Кина официјално е пуштен во употреба најдолгиот во светот стаклен мост кој го премостува Големиот кањон во Националниот парк Жангцјаце во провинцијата Хунан, објави во саботата агенцијата China News Service.
Мостот е долг 430 метри, широчината изнесува шест метри, а височината на којашто се издига е 180 метри над земјата. Мостот рекордер се состои од 99 трислојни проѕирни панели од стакло. Според агенцијата Xinhua, изградбата на овој мост чинела 3,4 милиони американски долари.
Како што пренесува China News Service, билетарниците за мостот биле отворени во 7 часот утрото по локално време (1 часот по полноќ по македонско време), а веќе во осум часот утрото сите билети биле распродадени. Некои туристи надвор од организираното премиерно минување на мостот минале цела вечер пред билетарницата. Во саботата беше првиот официјален ден на отворање на стаклениот висечки мост, откако мина периодот на тестирање. Тој ќе биде отворен за посетителите секој ден од 7 до 17 часот по локално време.
Во извештаите се забележува дека во моментов е бројот на посетителите кои можат во исто време да престојуваат е ограничен на 600 лица. Претходно беше објавено дека мостот ќе може да издржува истовремено 800 посетители. Максимално количество луѓе коишто можат дневно да го посетат мостот е 8.000 луѓе. Билетите може да се купат на касата, или да се резервираат преку интернет, и притоа закажувањето на посетата на мостот треба да се закаже најмалку еден ден претходно./крај/мф/сн
Се вчитува прикажувачот на видео…
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.