Забава
Во Њујорк фатен бегалец од затвор по 37 години
Њујоркшката полиција уапсила 64-годишен маж кој бил во бегство цели 37 години, пишува весникот The New York Daily News.
Во 1977 година Волтер Милер избегал од затворот во сојузната американска држава Северна Каролина, каде што издржувал 30-годишна затворска казна поради два обида за грабежи во банки. Оттогаш, тој живеел во њујоршкиот кварт Бруклин под друго име, како Боб Лав. Во 1985 година затворскиот бегалец се оженил, и потоа добил четири деца. Милер работел на неколку работни места и редовно одел во црква, а за тоа каде се криел знаела само неговата сестра која живее во Северна Каролина.
Милер бил уапсен во раните утрински часови во неделата, кога во неговиот дом се втурнале полицајци и агенти на FBI. Следните денови тој ќе биде изведен пред суд, каде што ќе се разгледува прашањето за неговото враќање во Северна Каролина на дослужување на затворската казна. Меѓутоа, останува нејасно е уште колку години треба да одлежи. Сопругата Черил и децата на бегалецот воопшто не се сомневале во неговото минато и се надеваат дека властите ќе го помилуваат, бидејќи изминатите речиси четири децении живеел сосема обичен живот и немал судири со законот.
Непознато е, исто така, на кој начин истражните органи по толку многу години успеале да му влезат во трагата на бегалецот. Самиот Милер верува дека тоа им успеало поради некои од старите пријателства, имено тој неодамна бил на погреби на роднини во Северна Каролина и во Вашингтон, и таму, веројатно, некој го препознал.
Треба да се истакне дека ова не е прв случај на откривање долгогодишен бегалец во последно време во САД. Кон крајот на јануари полицијата во гратчето Велингтон, во сојузната држава Јута, уапси 61-годишен маж, кој од затвор избегал пред 34 години. Неколку ден претходно, пак, во мексиканскиот град Гвадалахара е уапсен 81-годишен Американец, кој во бегство бил повеќе од четири децении./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Меган Маркл бакна друг маж, реакцијата на принцот Хари стана вирална на социјалните мрежи
Пред неколку дена на хуманитарното натпреварување во поло во Велингтон, Флорида, избраниците на принцот Хари забележаа две победи, што значи дека беа шампиони на овој мини турнир.
Меѓутоа, кога дојде моментот да им се честита трофејот, дојде до неочекувана, но симпатична реакција од војводата од Сасекс, кој не можеше да ја задржи својата љубомора.
Имено, Меган Маркл, сопругата на Хари, се качи на сцената за да им честита на победниците. Војвотката го бакна на двата образа соиграчот на Хари и капитен на тимот, Малколм Борвик, а реакцијата на нејзиниот сопруг на потегот стана вирална на социјалните мрежи.
@czedits__fp__ 😭😭 #princeharry#meghanmarkle#sussexroyal#sussex_family#royal#harryandmeghan#dukeharry#duchessmeghan#dukeofsussexs#duchessofsussex#fyp#meghanandharry#dukeandduchess#royalcouple#meghanmarkleandprinceharry#princehenry#meghanmarklestyle#princeharryandmeghanmarkle#princeharryedit#meghanmarkleedit#fouryou ♬ původní zvuk – •sussex family•
На снимката се гледа дека на Хари не му е сеедно, но судејќи според следните снимки, јасно е дека се шегувал.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе
Леонардо ди Каприо наводно добил улога на Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе, пишува „Вараети“. Улогата на Ава Гарднер ѝ припадна на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо соработуваше на филмот Don’t Look Up.
Од друга страна, Ди Каприо и Скорсезе соработуваа неколкупати.
Ова дуо е еден од најплодните актерско-режисерски парови, зад нив се филмовите, како „Бандите на Њујорк“, „Авијатичарот“, „Заминат“, „Островот затворач“ и „Волкот од Волстрит“. Нивниот последен филм, Killers of the Flower Moon, беше номиниран за 10 „Оскари“.
Веста за биографскиот филм на Френк Синатра беше дочекана со ентузијазам од фановите и коментираа на социјалните мрежи дека „Ди Каприо е одличен избор за улогата на Френк Синатра“.
Забава
Роберт де Ниро откри кои се неговите омилени актери на сите времиња
Има малку актери што може да се споредат со Роберт де Ниро.
Добитник е на два „Оскара“ и седум номинации во актерски категории. Де Ниро е титан на холивудското платно, кој постигна некои од неговите најнезаборавни изведби во филмовите на Мартин Скорсезе, Френсис Форд Копола и Квентин Тарантино.
Де Ниро ја имаше својата прва улога во филмот на Скорсезе, Mean Streets, од 1973 година. Тој толку многу го освои славниот режисер што го нарече најголемиот актер на неговата генерација.
Кариерата на Роберт де Ниро беше обележана со улоги во мрачни трилери и гангстерски филмови за кои стана синоним за Ал Пачино, Џо Пеши и Реј Лиота.
Запрашан за неговите најрани филмски влијанија, Де Ниро откри дека црпел инспирација од британската кинематографија. Што се однесува до Америка, тој како најинтересни актери ги издвојува Џејмс Дин, Марлон Брандо, Монтгомери Клифт, Ким Стенли и Грета Гарбо.
Омилени актери на Роберт де Ниро му се: Марлон Брандо, Монтгомери Клифт, Џејмс Дин, Грета Гарбо, Алберт Фини, Ричард Харис, Ким Стенли.