Hitech
Xiaomi Pocophone F1 може да се купи во Македонија по намалена цена
Кинеската компанија Xiaomi кон крајот на август го претстави првиот смартфон од новата Pocophone серија / Pocophone F1, а новиот модел веќе може да се купи и во Македонија.
Новиот предводник на Xiaomi, Pocophone F1 во Graphite Black варијанта (6 GB RAM/64 GB) до 17 септември или додека има количини може да се набави по акциска цена од 22.000 денари, а може да се набави преку единствениот oвластен дистрибутер „Хај комуникации“, како и онлајн на www.hi.mk. Потоа ќе важи регуларната цена од 23.490 денари.
Pocophone F1 „под хаубата“ има Qualcomm Snapdragon 845 процесор со брзина од 2,8 GHz, односно го поседува моментно најмоќниот процесор на пазарот. Што се однесува до графичкиот дел, за тоа е задолжен новиот Adreno 630, исто така на Qualcomm. На предната страна го краси одличниот 6,18-инчен LCD-екран со резолуција од 2246х1080, обложен со Corning Gorilla екран за поголема издржливост при евентуални падови.
Новиот телефон на Xiaomi може да се пофали со 4.000 mAh капацитет на батерија со можност за брзо полнење (Qualcomm Quick Charge 3.0) и Liquid Cool технологија, која го штити од прегревање.
Како и повеќето паметни телефони од сериите Redmi и Mi, Pocophone F1 e oпремен со три камери: две задни и една предна. Предната инфрацрвена селфи камера од 20 MP ја одликува можноста за отклучување на уредот со препознавање на лицетот, како и можноста за препознавање на 10 сцени.
Задните Dual Pixel 12MP + 5MP AI камери се збогатени со 1,4 μm големи пиксели за светлина и квалитетни фотографии. Препознаваат дури 206 сцени во над 25 категории, се приспособува на временските услови, годишното време и делот од денот, а AI-сегментацијата може да го раздвои субјектот од снимање од заднина постигнувајќи одличен bokeh-ефект. Pocophone F1 дури при фотографирање го предупредува корисникот доколку треба да го исчисти објективот на камерата.
Првенецот од серијата Pocophone на Xiaomi во четири бои: Graphite Black, Steel Blue, Rosso Red и Armored Edition, a ќе биде достапен во верзии од 6 или 8 GB RAM и 64 GB, 128 GB и 256 GB интерна меморија.
Набавете го Xiaomi Pocophone F1 по намалена акциска цена на следниот ЛИНК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
Во Кина побарувачката за мобилни телефони на „Епл“ значително се намали, продажбата на „Хуавеј“ скокна за 70 отсто
Испораките на мобилни телефони на „Епл“ во Кина паднаа 19 отсто во првиот квартал, што ја одразува заканата за доминантната позиција на американскиот гигант во повисокиот сегмент по враќањето на „Хуавеј“ на пазарот, покажуваат податоците на пазарот. Уделот на „Епл“ на најголемиот пазар на паметни телефони во светот падна на 15,7 отсто во првиот квартал, од 19,7 отсто на почетокот на 2023 година. Ова го доведе американскиот гигант речиси на исто ниво со „Хуавеј“, чија продажба скокна 70 отсто, според истражувачката компанија Counterpoint.
„Виво“ ја презеде круната на „Епл“ како најголем продавач на паметни телефони во Кина. Американската компанија падна на третото место, зад „Хонор“, бренд на подостапни уреди. На четврто место е „Хуавеј“, чиј пазарен удел скокна од минатогодишните девет на 15,5 отсто.
„Враќањето на „Хуавеј“ на пазарот директно влијаеше на „Епл“ во премиум-сегментот. Треба да се додаде дека побарувачката за нови мобилни телефони на „Епл“ за замена на постарите модели беше малку придушена во споредба со претходните години“, рече аналитичарот на Counterpoint, Иван Лам, во соопштението за печатот.
Во меѓувреме, „Епл“ почна промотивни кампањи обидувајќи се да ги привлече потрошувачите со попусти, вклучувајќи субвенционирање одредени модели на „Ајфон“ до 1.300 јуани (168,29 евра).
Минатата недела „Хуавеј“ ѝ ја претстави на јавноста новата серија смартфони Pura 70. Во август минатата година, по долга пауза, ја лансираа серијата Mate 60, која некои аналитичари ја протолкуваа како триумф над американските санкции, врз основа на софистицирано домашно производство на чип.
Канадската истражувачка компанија TechInsights очекува Кинезите да купат повеќе од 50 милиони мобилни телефони оваа година, вклучително и 10 милиони од Huawei Pura 70. Тоа ќе го стави „Хуавеј“ на прво место, со пазарен удел од 19 отсто, што е повеќе од 12 отсто минатата година.
Во првиот квартал кинескиот пазар на паметни телефони порасна 1,5 отсто продолжувајќи го позитивниот тренд од крајот на 2023 година, според Counterpoint.
Hitech
„Воцап“ воведе суптилна промена, корисниците во светот бесни
Со оглед на тоа дека има две милијарди активни корисници, слободно може да се каже дека „Воцап“ е една од најпопуларните апликации во светот. Но, многумина останаа бесни по новата суптилна промена воведена во платформата за пораки.
Наместо „онлајн“ и „пишува“, зборовите што вообичаено се појавуваат под имињата на луѓето во вашите разговори, сега има големи почетни букви на тие зборови. Иако ова звучи како мала промена, корисниците во светот воопшто не се задоволни поради тоа и се жалат на социјалните мрежи.
The word “online” was capitalized on @WhatsApp this week. Tell me why this is bothering me so much 🫠 pic.twitter.com/SfYqw0JdQ9
— Rebecca Franks (@riggaroo) April 13, 2024
„Дали на некој друг му пречи што наместо ‘онлајн’ и ‘пишува’, ‘Воцап’ сега исфрла големи букви?“, „Ова страшно ме нервира, ме болат очите кога го гледам“, „Воопшто не е некоја промена, но мене ми е неверојатно иритирачки“, пишуваат тие на „Икс“.
@isabellemariewa Wieso schreibt ihr das auf ein mal groß Whatsapp? Ich habe Fragen #fyp #whatsapp #relatable #foryou ♬ Originalton – Isabelle Marie
За жал, се чини дека промената ќе остане, без достапна опција во поставките за враќање на претходната верзија. Меѓутоа, ако новите големи букви навистина ве излудуваат, ќе бидете среќни кога ќе слушнете дека постои лесен начин за решавање. Сè уште има мали букви на WhatsApp Web.
@oicaramba Did whatsapp always capitalize the first letter of “typing” and “online”? #fyp ♬ original sound – oicaramba
@sophiepetrucciohall #whatappstatus #whatsapp anyone else noticed? #fyp #mybrain ♬ оригинальный звук – •🎧🎤•
Hitech
Xiaomi почна да произведува електрични автомобили
Кинескиот Xiaomi ги предупредува потенцијалните купувачи на електричниот седан SU7 дека можеби ќе треба да чекаат четири до седум месеци за нивниот автомобил поради големата побарувачка.
Производителот на паметни телефони и друга електроника за широка потрошувачка почна да прима нарачки за својот модел на електричен автомобил, кој влезе на пазарот во четвртокот и објави дека преднарачките го достигнале бројот 88.898 во првите 24 часа.
Според статусот на апликацијата за нарачки автомобили на Xiaomi, испораките за стандардниот модел SU7, по цена од 215.900 јуани или 29.870 долари, би можеле да траат помеѓу 18 и 21 недела.
Чекањето за испорака на моделот SU7 Pro би можело да трае од 18 до 21 недела, а за најскапиот модел, чија цена е 299.900 јуани или 41,5 илјад долари, може да се протега меѓу 27 и 30 недели.
SU7, чиј дизајн потсетува на моделите на спортски автомобили на Porsche Taycan и Panamera, беше лансиран во услови на жестока ценовна војна на светскиот пазар на автомобили, каде што повеќе од 40 марки се натпреваруваат за вниманието на потрошувачите.
Xiaomi не е без силни средства, забележуваат аналитичарите, кои истакнуваат дека има подлабоки џебови од многу стартапи за електрични возила и дека неговата експертиза во бизнисот со паметни телефони му дава предност во развојот на системи за електронски надзор, карактеристика што ја ценат кинеските потрошувачи.