Контакт

Забава

Заборавете на 10.000 чекори: Овој метод на пешачење е најголемиот тренд за 2026 година

Објавено пред

За многумина, почетокот на есента означува враќање кон вежбањето; сепак, ако сè уште не сте подготвени да се вратите во теретана по летната пауза, еден од најголемите фитнес-трендови за 2026 година може да биде совршеното решение.

Не ви се потребни тегови, справи или специјална опрема – само удобни патики и половина час слободно време. Станува збор за јапонскиот метод на одење, познат како Interval Walking Training (IWT), кој оваа година стана вистински хит меѓу љубителите на фитнесот. За разлика од стандардното одење, каде што често го следиме бројот на направени чекори, овде интензитетот е многу поважен.

Принципот е многу едноставен: пешачите со побавно, опуштено темпо три минути, а потоа го зголемувате темпото во следните три минути. Овие интервали се менуваат во текот на околу половина час.

Тренерите сугерираат дека за време на побавата фаза, нивото на интензитет треба да биде околу пет од десет. Со други зборови, треба да можете без тешкотии да водите разговор со лицето што оди покрај вас.

За време на брзата триминутна фаза, интензитетот се зголемува на околу седум или осум од десет – срцето почнува да чука забележливо побрзо, но темпото не треба да биде толку напорно што не би можеле да го повторите во следниот интервал.

Зошто јапонското одење стана толку популарно?
Една од причините секако е неговата едноставност. Можете да пешачите на отворено или на лента за трчање, а единствената опрема што навистина ви е потребна е мобилен телефон или часовник за следење на триминутните интервали.

Методот е привлечен и за почетници бидејќи брзината не е однапред одредена. Она што за еден човек претставува интензивно темпо, за друг може да биде умерено, што овозможува лесно прилагодување на тренингот според сопственото ниво на подготвеност. Во исто време, одењето е понежно за зглобовите од трчањето; ги активира бројните мускули на долниот дел од телото – глутеусите, квадрицепсите, задната ложа и листовите – а истовремено ги вклучува и мускулите на трупот и рацете.

Можеби најдобриот дел е тоа што бара само 30 минути. Можете да го вклопите пред или по работа, да го практикувате за време на пауза или да поканите пријател, претворајќи го тренингот во друштвена активност.

Дали може да ги замени другите видови тренинг?
Сепак, колку и да е корисно одењето, тоа не е магична замена за секој вид вежбање. Важно е да се напомене дека овој метод не носи исти резултати во поглед на мускулната маса, силата и дефиницијата како тренингот со надворешен отпор. Затоа, се препорачува негово комбинирање со други видови активности – особено со тренинг за сила.

„Јапонското одење“ можеби не е причина трајно да се откажете од членарината за теретана, но претставува одличен начин повторно да се активирате по летото, да го зголемите нивото на секојдневна активност или да вклучите кардио-тренинг без трчање.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт47 минути

(Видео) Франција за 14 минути ја прегази Белгија, Италија уште еднаш ја совлада Турција

Репрезентацијата на Франција ја победи Белгија во натпреварот од четвртото коло од Групата 1 од елитната А дивизија на Лигата...

Спорт2 часа

(Видео) Медведев: Ужасно се чувствувам, сакам лично да му се извинам на човекот

Данил Медведев се огласи по неговата дисквалификација во полуфиналето во Пекинг против Новак Ѓоковиќ и истакна дека е многу повеќе...

Спорт2 часа

Валтери Ботас од Малезија до Сингапур патува со велосипед

Трките во Малезија и Сингапур се сметаат за меѓу физички напорните во календарот на Формула 1, но тоа не е...

Регион2 часа

Солзавец пред Собранието во Приштина, демонстрантите не им дозволуваа на пратениците да излезат

Косовската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои го блокираа Собранието во Приштина и не им дозволуваа...

Спорт3 часа

Топ 10 најплатени тренери во светот: Карло Анчелоти ја предводи листата

Карло Анчелоти, предводникот на Бразил е најплатениот селектор во светот на фудбалот. Како што објавија светските медиуми и специјализираните портали,...

Свет3 часа

(Видео) Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија

Воен авион со 32 лица денеска се урна во јужниот дел на Нигерија, а засега нема информации за евентуални жртви,...

Свет3 часа

Иранскиот претседател: Нема смисла да преговараме со САД додека ни се закануваат

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави немаат смисла, за време на средбата со ерменскиот...

Забава3 часа

Сем Алтман предупредува: Не ѝ припишувајте религиска моќ на вештачката интелигенција

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, јавно предупреди дека луѓето не треба да ѝ припишуваат религиска моќ на вештачката интелигенција...

Регион4 часа

(Видео) Австриски јутјубери влегле на воен аеродром во Србија и се качувале по авиони

Двајца австриски јутјубери објавија видео за кое тврдат дека го прикажува нивното неовластено влегување во воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“...