Контакт

Здравје

Научниците советуваат минимум една година пауза помеѓу две бремености

Објавено пред

Мајките треба да чекаат барем една година по породувањето и следната бременост за да ги намалат здравствените ризици врз себе, како и бебето.

Сепак, истражувачите велат дека не мора да се чека 18 месеци како што налага Светската здравствена организација.

Кусите периоди помеѓу две бремености носат ризик за предвремено породување, поситни бебиња, но и смртност на новороденчињата и мајките.

Научниците се надеваат дека овие истражувања ќе бидат доволно убедливи за повозрасните жени.

Д-р Венди Норман вели дека ова се охрабрувачки вести за жените постари од 35 години кои планираат семејство.

„Првпат повозрасните мајки имаат доказ дека е потребно да помине време помеѓу две бремености“, вели Норман.

„Една година е оптимален период за пауза и е лесно да се постигне со цел да се намалат ризиците и компликациите“.

Истражувањето е спроведено од Универзитетот „Бритиш Колумбија“ врз база на 150.000 породувања во Канада, а трудот е објавен во магазинот за интерна медицина ЈАМА.

Според научниот труд, идеален период помеѓу две бремености е од 12 до 18 месеци, а СЗО смета дека родилката би требало да почека барем 18 месеци.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Здравје

Германските лекари предупредуваат колку е важно движењето ако работите од дома

Објавено пред

Во последните месеци сè повеќе луѓе работат од дома поради пандемијата на коронавирусот, а некои поради тоа вежбаат помалку.

Германските лекари предупредуваат дека недостигот на движење може да го зголеми ризикот од развој на длабока венска тромбоза (ДВТ), што се јавува кога во длабоките вени, најчесто на нозете, се формира згрутчување на крвта или тромб.

Бидејќи недостигот на движење може да ја зголеми веројатноста за појава на згрутчување на крвта ако поминувате многу време да седејќи зад работната маса, важно е редовно да станувате или да правите полесни вежби, е советот на германското Сојузно здружение за здравствени информации и заштита на потрошувачите (БГВ) во Бон.

Членовите на Здружението советуваат вежби за истегнување додека седите или, на пример, повремено да ги свиткувате колената кога ќе станете.

БГВ советува и едноставна вежба за подигнување на стапалата во седечка положба. Додека седите, исправете ги грбот и бутовите така што ќе формираат прав агол. Полека подигнете ги двете петици потпирајќи се со прстите на подот, а потоа повторно спуштете ги на подот. Повторете ја вежбата десетина пати.

Длабоката венска тромбоза може да биде многу сериозен проблем затоа што згрутчувањето на крвта може да се одвои и да заврши во крвотокот во белите дробови блокирајќи го нормалниот проток на крв.

Оваа опасна за живот состојба се нарекува белодробна емболија.

Фактори на ризик за развој на ДВТ вклучуваат претходна операција, воспаление, проширени вени и проблеми со бубрезите. Ако страдате од некој од горенаведените проблеми, БГВ советува да разговарате за тоа со вашиот матичен лекар.

Прикажи повеќе...

Забава

Путин објави слика на која, јавајќи на мечка, ја носи вакцината против коронавирусот

Објавено пред

Рускиот претседател, Владимир Путин, на својот официјален фејсбук-профил објави шеговита слика, на која како спасител, јавајќи на мечка, на светот му ја носи вкацината против новиот коронавирус.

Во прилог на монтираната слика напишан е и кус текст во кој рускиот претседател истакнува дека Русија го спасува светот бидејќи вакцината ќе биде достапна и во повеќе други земји.

Moнтирана слика од претседателот Путин се појави и на насловната страница на францускиот весник „Либерасион“ каде што тој е облечен како Џејмс Бонд, но, наместо пиштол, во раката држи шприц – јасна алузија на вестите дека Русија ја регистрирала првата вакцина против Ковид-19.

Додека западниот свет покажува многу скептицизам, па дури и отворено ги критикува Русите дека, поради нетранспарентноста, не може да се верува во безбедноста и ефикасноста на вакцината наречена спутник V, руските научници се убедени во делотворноста на нивната вакцина и ја најавуваат следната фаза кон тоа таа да стане јавно достапна.

Вакцината е развиена од московскиот институт „Гамалеја“, а името спутник V е референца за изненадувачкото лансирање на првиот светски сателит од Советскиот Сојуз во 1957 година. Таа допрва треба да помине низ клучните испитувања од третата фаза кога би ја примиле илјадници луѓе.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Снимка покажува колку капки исфрлаат луѓето при кивање и зошто е важно да се носи маска

Објавено пред

Американските истражувачи снимија видео во кое се прикажува количината на капки што излегуваат од устата и носот кога луѓето зборуваат, кашлаат или киваат.

Видеото кое трае помалку од две минути покажува како различни маски го блокираат испуштањето на честички во воздухот во споредба со случи кога некој човек не носи маска, пренесува американската страница mashable.com.

Резултатите беа објавени во медицинскиот магазин „Торакс“ и ја нагласуваат важноста од носење маска за време на пандемијата на вирус кој се пренесува од човек на човек.

Како што се наведува, маските го намалуваат бројот на капки што заразено лице ги исфрла во воздухот, ги штитат другите луѓе, а има и сè повеќе докази дека добро ги штитат луѓето кои ги носат.

Заклучокот е дека дури и еднослојните маски значително го спречуваат исфрлањето капки, додека во случај на кашлање и кивање, двослојните маски се многу поефикасни.

Видеото е снимено со камера со висока резолуција, а на снимката се гледа што се случува со капките откако некој ќе кивне или ќе се накашла, како и дека без маска голема количина честички завршуваат во воздухот.

Се додава дека бидејќи сè уште нема вакцина или лек против вирусот, маските се од големо значење за спречување на ширење на болеста.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет3 часа

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Култура4 часа

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Свет4 часа

Хаос во Лондон поради рестриктивните мерки: судири меѓу полицијата и демонстрантите

Полицијата во Лондон се судри со демонстрантите против рестриктивните мерки насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот. Повеќе од 1.000...

Топ5 часа

Едно лице загина во возило кое излета на патот Неготино – Кавадарци, повредени уште тројца од семејството

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во...

Регион6 часа

Стотици луѓе на Парадата на гордоста во Загреб, бараат промена на Уставот

Стотици луѓе се собраа на плоштадот Свети Марко во Загреб, каде се одржува 19. Парада на гордоста. Учесниците на Парадата...

Македонија7 часа

Шестмина починати и 140 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на...

Регион7 часа

(Видео) Ураганот донесе поплави и однесе два животи во Грција

Медитеранскиот ураган Јанос, кој ја погоди централна Грција денеска, однесе два животи, предизвикувајќи поплави и материјална штета. Two dead, one...

Спорт7 часа

Ѓоковиќ кршеше рекети, судијата го нарекуваше Федерер, но влезе во полуфинале

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со судни маки успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Рим, откако...

Македонија8 часа

(Видео) Како ќе изгледа враќањето на училиште: на секое дете ќе му се мери температура, маските ќе се вадат само за време на оброкот

Министерството за образование и наука во соработка и со поддршка на УНИЦЕФ И УСАИД, изработи видео во кое на јасен...

Топ8 часа

Приведен светиниколец за мачење на животни

СВР Штип – ОВР Свети Николе ќе поднесе кривична пријава против М.Е. од селото Ерџелија, Свети Николе, поради мачење животни,...

Македонија9 часа

Османи: Предизвиците со Бугарија иако делуваат жестоко, тие се надминливи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ги претстави приоритетите во неговиот мандат. Како прв и најважен приоритет Османи ги...

Свет10 часа

Се огласи Навални: Патот кон закрепнувањето е јасен, но долг

Рускиот опозиционер, Алексеј Навални, објави фотографија на „Инстаграм“ на која се гледа како се симнува по скали и напиша дека...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија13 часа

Јанкулоска: Ако некој ме бара, јас сум дома

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, објави статус на „Фејсбук“ со кој ги негира информациите дека таа избегала откако...

Македонија13 часа

МОН: Децата кои немаат уреди за онлајн настава ќе може да ја следат од училница

Децата коишто немаат уреди за следење на онлајн настава во време на Ковид-19 ќе добијат можност за учење како и...

Свет13 часа

Трамп: До април ќе има вакцина за секој Американец

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека очекува до април САД да имаат доволно вакцини против коронавирус за секој Американец....

Македонија14 часа

За еден ден казнети 384 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Свет14 часа

Европската агенција за лекови одобри употреба на дексаметазон за лекување на Ковид-19

Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри употреба на лекот дексаметазон за лекување на пациенти со Ковид-19 кои имаат проблеми со...

Топ15 часа

Млад скопјанец осомничен дека криел оружје и дрога во бункери во Бутел

Дваесет и четиригодишен скопјанец е осомничен дека ги сокрил оружјето, муницијата и дрогата во бункери во Бутел кои беа откриени...

Спорт15 часа

Либански фудбалер почина откако беше погоден од залутан куршум

Либанскиот фудбалер Мохамед Атви почина во болница откако беше погоден со залутан куршум во главата. 32-годишниот Атви бил погоден во...

Досие