Контакт

Здравје

Самоубиството е втора главна причина за смртноста кај младите, велат од СЗО

Објавено пред

Секои 40 секунди една личност умира поради извршено самоубиство, пренесува Светската здравствена организација (СЗО) по повод Светскиот ден за превенција на самоубиствата, 10 Септември.

Според податоците на СЗО, речиси 800.000 лица годишно умираат поради извршено самоубиство, а повеќе од три четвртини од случаите се во земји каде што граѓаните имаат ниски или средни примања.

Самоубиството е втора главна причина за смртноста кај младите лица на возраст помеѓу 15-29.

Од Обединетите нации тврдат дека најефективниот начин да се намали бројот на самоубиства е владата да го ограничи пристапот до пестициди.

Во 2016 година, во светски рамки, од 100.000 починати, 10,5 лица се самоубиле, а во Европа тоа биле 13 лица на 100.000 починати.

Најпоразителни податоци покажуваат земјите од Источна Европа, каде што бројките се двојно поголеми од светскиот просек. Меѓу најпогодените се наоѓа Русија, со 26,5 самоубиства на 100.000 смртни случаи, а зад неа се Литванија (25,7 на 100.000) и Белорусија (21,4 на 100.000).

Во Западна Европа највисока стапка на самоубиство имаат Белгија (15,7), Франција (12,1) и Ирска (10,9) на 100.000 смртни случаи.

СЗО изјави дека само 38 земји во светот имаат национални стратегии за спречување на самоубиства.

„И покрај секој напредок, секои 40 секунди едно лице се самоубива“, велат од СЗО.

„Смртта е трагедија за семејството, пријателите и колегите, но самоубиствата може да бидат превенирани. Ги повикуваме сите земји да воведат мерки за превенција на самоубиства во својот национален план за здравство, како и одржливи програми за едукација“, додаваат од организацијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Германски и норвешки научници открија за која крвна група е најопасен коронавирусот

Објавено пред

Германски и норвешки научници спровеле студија во која анализирале како инфекцијата од коронавирус напредува во однос на крвната група на пациентите.

„Наодите се зачудувачки, иако студијата беше објавена како т.н. нацрт, односно таа сè уште не ги минала проверките и критиките на научната заедница“, пренесува „Дојче веле“.

Експерти од Универзитетот во Кил и Универзитетската клиника во Осло го проучувале текот на болеста кај 1.610 пациенти кај кои короната предизвикала тешки респираторни проблеми. Пациентите биле од Италија и Шпанија, две европски земји кои беа сериозно погодени од епидемијата. Некои од нив починале.

Споредувајќи ги ДНК-материјалите на овие пациенти со примероци од крв од 2.205 здрави лица, се покажало дека луѓето со крвна група А имаат поголем ризик од потешка форма на заболување.

Инфицираните луѓе со крвна група А имаат двојно поголема веројатност да завршат на респиратор во споредба со заразените со крвна група 0. Групите Б и АБ се некаде помеѓу, се наведува во резултатите од истражувањето.

Групата А е најчеста крвна група во Европа по што следуваат 0 и Б, а најретка е АБ.

Доколку се потврди резултатот од студијата, ваквото сознание може да помогне во развојот на терапија.

Одамна е познато дека разни болести различно влијаат врз луѓето во зависност од нивната крвна група. На пример, пациенти со група 0 ретко заболуваат од маларија, а групата А има најдобар имунитет против чума.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Кучиња душкачи откриваат заразени со коронавирус

Објавено пред

Школа за обука на кучиња во Техеран, во соработка со иранската армија и властите, тренира кучиња за откривање луѓе заразени со новиот коронавирус.

Школата добила примероци од вирусот од разни болници, а во 65,4 отсто од случаите кучињата погодувале кои лица се позитивни, а кои негативни.

Со душкање овие кучиња може да проверат од 250 до 300 луѓе за еден час.

Прикажи повеќе...

Забава

Губењето на чувството за вкус и мирис, еден од симптомите за Ковид-19

Објавено пред

Луѓето кои го изгубиле чувството за вкус или мирис, се препорачува да бидат тестирани за коронавирус, откако аносмијата е препознаена како трет симптом на инфекцијата, што го оправдува тестот, се наведува во новите инструкции издадени од британската влада.

Британските медицински експерти велат дека губењето на двете сетила треба да биде знак дека е потребно тестирање, дури и ако другите два симптома се отсутни, односно пациентот нема постојана кашлица и висока температура, пренесува „Гардијан“.

Истражувањето на владината советодавна медицинска група НЕРВТАГ, покажало дека меѓу 24 и 29 март, 59 проценти од позитивните на Ковид-19 кои се пријавиле преку апликација за следење на симптомите, доживеале губење на чувството за мирис и вкус.

„Во комбинација со другите симптоми, луѓето кои доживеале губење на чувството за мирис и вкус, имаат трипати поголеми шанси да бидат заразени со коронавирус“, вели професорот Тим ​​Спектор од Кралскиот колеџ во Лондон.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ16 минути

Еден починат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа1 час

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет3 часа

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет15 часа

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија18 часа

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа19 часа

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија21 час

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион22 часа

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија22 часа

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа22 часа

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт23 часа

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион23 часа

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Свет1 ден

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет1 ден

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет1 ден

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет1 ден

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Регион2 дена

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет2 дена

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет2 дена

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ2 дена

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Досие