Контакт

Здравје

Совети за родителите возачи: при несреќа детските седишта 70 отсто ја намалуваат смртноста кај бебињата

Објавено пред

Секој родител, односно секој одговорен возач треба да преземе сè што е во негова моќ да ги заштити децата од повреди и загуби во сообраќајот, велат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот (РСБСП).

Од таму додаваат дека една од најважните обврски на родителите е користењето детски седишта за превоз на деца.

„Иако не постојат прецизни статистички податоци за тоа колку се користат детските седишта во автомобил, сепак евидентен е фактот дека употребата на детските седишта за заштита на децата патници не е на потребното ниво“, се наведува во соопштението на Републичкиот совет.

Со цел подигање на свеста за поголема употреба на детските седишта, РСБСП ги потсетува возачите за обврските и придобивките од користењето на детско седиште во автомобил:

„Во согласност со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во патнички автомобил на задното седиште смее да се превезува дете помало од пет години во поставено посебно детско седиште кое за седиштето од возилото е прицврстено со сигурносен појас или на друг соодветен начин. Детето во овој случај треба да биде врзано со сигурносен појас од седиштето“.

„Според законот, во патнички автомобил на предното седиште смее да се превезува дете до две години ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето се превезува во посебно детско седиште поставено спротивно од правецот на движење на возилото, при што тоа е прицврстено на седиштето на возилото со помош на сигурносен појас со три точки на поврзување. Детето и во овој случај треба да биде врзано со сигурносен појас од седиштето“.

„Дете на возраст до 12 години не смее да се превезува на предното седиште. За деца над 5 години задолжително е користење сигурносен појас, без разлика на тоа што детето седи на задното седиште од автомобилот“.

Од РСБСП велат дека според истражувања на релевантни меѓународни организации, во случај на сообраќајна незгода детските седишта ја намалуваат смртноста кај децата 50 отсто, а кај бебињата и до 70 проценти.

„Користењето детско седиште во автомобил е задолжително за превоз на деца до 5 години независно од тоа со која брзина го управувате возилото и независно од тоа дали учествувате во сообраќај во населено или надвор од населено место“, потсетуваат од таму.

Родителите ја избегнуваат употребата на детски седишта во автомобил убедени дека детето е безбедно во нивната прегратка, но, според експертите, станува збор за погрешна перцепција.

„Во случај на сообраќајна незгода со возило што се движи со брзина од 50 км/ч, во моментот на судир, предметите и телата во возилото продолжуваат да се движат со иста брзина со кое возилото удрило. Во тој случај невозможно е со силата на човечката рака детето да се задржи безбедно во прегратката. Силата со која дејствува детето во таква ситуација е еднаква на силата на дејствување на тело или предмет, чија маса е до 30 и повеќе пати поголема од масата на детето. Затоа, важно е да се потенцира дека дете до 5 години, кога се превезува во автомобил, единствено безбедно е да биде ставено во соодветно детско седиште“, стои во препораките на Републичкиот совет.

Од таму додаваат дека безбедноста на децата е одговорност на возрасните и без разлика на тоа дали вашето дете се противи или не, без какви било оправдувања или изговори, должни сте да ги преземете сите можни работи кои на кој било начин придонесуваат за поголема заштита на децата додека патуваат.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Здравје

Германските лекари предупредуваат колку е важно движењето ако работите од дома

Објавено пред

Во последните месеци сè повеќе луѓе работат од дома поради пандемијата на коронавирусот, а некои поради тоа вежбаат помалку.

Германските лекари предупредуваат дека недостигот на движење може да го зголеми ризикот од развој на длабока венска тромбоза (ДВТ), што се јавува кога во длабоките вени, најчесто на нозете, се формира згрутчување на крвта или тромб.

Бидејќи недостигот на движење може да ја зголеми веројатноста за појава на згрутчување на крвта ако поминувате многу време да седејќи зад работната маса, важно е редовно да станувате или да правите полесни вежби, е советот на германското Сојузно здружение за здравствени информации и заштита на потрошувачите (БГВ) во Бон.

Членовите на Здружението советуваат вежби за истегнување додека седите или, на пример, повремено да ги свиткувате колената кога ќе станете.

БГВ советува и едноставна вежба за подигнување на стапалата во седечка положба. Додека седите, исправете ги грбот и бутовите така што ќе формираат прав агол. Полека подигнете ги двете петици потпирајќи се со прстите на подот, а потоа повторно спуштете ги на подот. Повторете ја вежбата десетина пати.

Длабоката венска тромбоза може да биде многу сериозен проблем затоа што згрутчувањето на крвта може да се одвои и да заврши во крвотокот во белите дробови блокирајќи го нормалниот проток на крв.

Оваа опасна за живот состојба се нарекува белодробна емболија.

Фактори на ризик за развој на ДВТ вклучуваат претходна операција, воспаление, проширени вени и проблеми со бубрезите. Ако страдате од некој од горенаведените проблеми, БГВ советува да разговарате за тоа со вашиот матичен лекар.

Прикажи повеќе...

Забава

Путин објави слика на која, јавајќи на мечка, ја носи вакцината против коронавирусот

Објавено пред

Рускиот претседател, Владимир Путин, на својот официјален фејсбук-профил објави шеговита слика, на која како спасител, јавајќи на мечка, на светот му ја носи вкацината против новиот коронавирус.

Во прилог на монтираната слика напишан е и кус текст во кој рускиот претседател истакнува дека Русија го спасува светот бидејќи вакцината ќе биде достапна и во повеќе други земји.

Moнтирана слика од претседателот Путин се појави и на насловната страница на францускиот весник „Либерасион“ каде што тој е облечен како Џејмс Бонд, но, наместо пиштол, во раката држи шприц – јасна алузија на вестите дека Русија ја регистрирала првата вакцина против Ковид-19.

Додека западниот свет покажува многу скептицизам, па дури и отворено ги критикува Русите дека, поради нетранспарентноста, не може да се верува во безбедноста и ефикасноста на вакцината наречена спутник V, руските научници се убедени во делотворноста на нивната вакцина и ја најавуваат следната фаза кон тоа таа да стане јавно достапна.

Вакцината е развиена од московскиот институт „Гамалеја“, а името спутник V е референца за изненадувачкото лансирање на првиот светски сателит од Советскиот Сојуз во 1957 година. Таа допрва треба да помине низ клучните испитувања од третата фаза кога би ја примиле илјадници луѓе.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Снимка покажува колку капки исфрлаат луѓето при кивање и зошто е важно да се носи маска

Објавено пред

Американските истражувачи снимија видео во кое се прикажува количината на капки што излегуваат од устата и носот кога луѓето зборуваат, кашлаат или киваат.

Видеото кое трае помалку од две минути покажува како различни маски го блокираат испуштањето на честички во воздухот во споредба со случи кога некој човек не носи маска, пренесува американската страница mashable.com.

Резултатите беа објавени во медицинскиот магазин „Торакс“ и ја нагласуваат важноста од носење маска за време на пандемијата на вирус кој се пренесува од човек на човек.

Како што се наведува, маските го намалуваат бројот на капки што заразено лице ги исфрла во воздухот, ги штитат другите луѓе, а има и сè повеќе докази дека добро ги штитат луѓето кои ги носат.

Заклучокот е дека дури и еднослојните маски значително го спречуваат исфрлањето капки, додека во случај на кашлање и кивање, двослојните маски се многу поефикасни.

Видеото е снимено со камера со висока резолуција, а на снимката се гледа што се случува со капките откако некој ќе кивне или ќе се накашла, како и дека без маска голема количина честички завршуваат во воздухот.

Се додава дека бидејќи сè уште нема вакцина или лек против вирусот, маските се од големо значење за спречување на ширење на болеста.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Македонија2 часа

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Македонија3 часа

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа3 часа

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Македонија4 часа

(Видео) Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот...

Македонија4 часа

МОН објави упатство: Наставниците да го прилагодат оценувањето согласно учењето на далечина

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување...

Европа5 часа

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, верува дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година. „До следното...

Македонија6 часа

Весковски: Водоснабдувањето во Скопје нормализирано, ваков дефект се јавува еднаш на 10 години

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на...

Македонија6 часа

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието. Владата треба да...

Свет6 часа

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб. „Четириесет и девет...

Свет6 часа

Ирска воведе најстроги мерки против коронавирусот во Европа

Ирскиот премиер Михаел Мартин го потврди враќањето на највисоко, петто, ниво на ограничувања во борбата со коронавирусот, кое ќе трае...

Свет7 часа

Норвешки лекар тврди дека коронавирусот мутирал

Нова мутација на САРС-КоВ-2 коронавирус е откриена во Норвешка, тврди главниот лекар на општината Трондхајм, Тове Рестад. Од друга страна,...

Македонија21 час

Во Скопје 2.674 активни случаи на коронавирус, најмногу во Аеродром, Карпош и во Центар

Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава. Најмногу активни случаи во...

Свет21 час

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато...

Македонија23 часа

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за...

Македонија1 ден

Кумот на Груевски во притвор поради плацовите на Водно

Кривичниот суд во Скопје му изрече 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кој се товари за сторено кривично дело перење...

Македонија1 ден

Филипче: Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот....

Свет1 ден

Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО за лекот ремдесивир

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ги разгледа резултатите од студијата на Светската здравствена организација (СЗО) за антивирусниот ремдесивир, што...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Научните аргументи и вистината за јазикот се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Овогодишниот...

Топ1 ден

Инспекторите растурија свадба во Глумово со 250 гости, следи кривична пријава

Инспекторите откриле уште еден случај на масовно непочитување на мерките против коронавирус во околината на Скопје. Синоќа во периодот од...

Досие