Здравје
Галете ги милениците против стресот

Галењето и мазењето на домашните миленици го намалува нивото на стресот, тврди германски стручњак за влијанието на животните врз човековата психологија.
Сопствениците на домашните миленици кои имаат блиска емотивна врска со своите животни со нивна помош може да ги смират своите нерви, вели за DPA Андреа Бец, психолог од универзитетот во Рошток, каде ги проучува емоционалните промени во интеракцијата меѓу луѓето и животните.
Колку што едно лице е поприврзано со животното, поголем е ефектот од гласењето, без разлика дали станува збор за пес или мачка, или зајак. А ефектот е двостран, бидејќи и животните го чувствуваат лачењето на „хормонот на мазењето“ – окситоцин.
Дири и луѓето коишто немаат домашни миленици може да се олабават со туѓо животно. Условот е единствено лицето коешто бара смирувања, навистина да ги сака животните. Само пет минути галење се доволни да се почувствуваат промени во нивото на задоволство, вели Беџ./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„Галеника“-совети за нега на кожата по сончање

Со самото доаѓање на летото почнуваат позитивните вибрации и уживањето во сонцето. Веќе во првите денови на летото, почнуваме да планираме одмор, пребаруваме костими за капење, млеко за сончање за тело, крема за сончање за лице, екстра заштита за сончање со 50+ фактор за децата и се разбира, производи за нега за кожата. Кога сонцето е високо во зенитот и колку повеќе пече, толку е посилна желбата да се вратиме со потемнета здрава кожа.
Но, долготрајната изложеност на кожата на УВ зраците предизвикува боцкање, чешање, затегнатост и црвенила кои може да преминат во изгореници. Во животот сите сме доживеале изгореници и знаеме колку се непријатни, а понекогаш и болни. Всушност, секогаш кога УВ зраците продираат подлабоко во кожата, ја намалуваат нејзината еластичност, влага и предизвикуваат брчки. Ветрот и топлината на плажите создаваат дополнителен стрес за кожата. Дури и кога се користи заштита за сончање со висок заштитен фактор, на челото, носот, брадата, рамената и деколтето им треба дополнителна нега, и тоа производ кој инстант ќе ја ревитализира кожата за следниот ден сончање.
Односно, независно колку вашата кожа успева да се справи со сончевите зраци, за неа негата после сончање е подеднакво важна како и заштитата за сончање. Производите Пантенол на регионалната фармацевтски компанија Галеника, како и маста Јекодерм ја обезбедуваат потребната влажност за кожата и нега што во некои кризни моменти, може да го спаси и одморот.
Сите Пантенол производи и Јекодерм се достапни во сите наши аптеки и се произведени со високо квалитетни состојки кои на кожата и ги обезбедуваат потребните витамини, аминокиселини и ја надоместуваат изгубената влажност неопходни за брза ревитализација. И двата производа може да се нанесуваат после сончање, а не само во случај на изгореници од сончевите зраци.
Галеника во понудата има различни облици на пантенол, како пантенол крем, маст, раствор и најново Пантенол 9% пена.
Пантенол 9% пената благодарение на нејзиниот состав пантенол, алое вера, алантоин и витамин E се препорачува како прва помош за секојдневна нега и хидратација, нега на кожата после сончање и за регенерација на кожата по депилација. Пантенол 9% пена лесно се нанесува на поголеми површини, брзо се впива и не остава траги на кожата.
Добро познатиот и докажан бренд Јекодерм маст е богат со витамин А, витамин Д, омега-3 масните киселини, како и разни есенцијални масни киселини, кои се многу важни за нормалното функционирање на нашето тело и на најголемиот човеков орган – кожата. Маста го убрзува и олеснува процесот на регенерација на иритирана и оштетена кожа, ги обезбедува неопходните хранливи состојки за сува и перутава кожа правејќи ја кожата да изгледа мазно, сјајно и поеластично. Се користи за третман на кожа оштетена од различни надворешни влијанија, како што е и УВ зрачењето, а жените ја користат и за спречување на брчките и нега на зрелата кожа.
Секако, првиот чекор за регенерација и ревитализација на целото тело по сончање е избор на дебела сенката, туширање со млака вода и одмор од најмалку 12 часа пред повторно да излеземе под сончевите зраци. Правилната исхрана е исто така важна за нега на кожата, односно овошјето и зеленчукот, како и течностите обезбедуваат грижа за кожата, но од внатре. Природната и сирова храна богата со витамини, киселини и нутриенти помагаат за регенерација на кожата.
Уживајте во безбедна дружба со сончевите зраци заедно со Пантенол и Јекодерм.
ПР
Забава
Симптоми и совети во раните фази од бременоста

Колку и да звучи изненадувачки, жената воопшто не е бремена во првата недела од бременоста. Бидејќи овулацијата и зачнувањето всушност тешко се одредуваат, а физичките знаци на менструацијата е многу полесно да се утврдат, повеќето акушери ја сметаат бременоста од првиот ден од последната менструација. Според лекарите и класификацијата на бременоста по недели во првата недела од бременоста, вие всушност имате менструација и сè уште не сте бремени. Вие всушност нема да го зачнете вашето бебе до втората или третата недела од бременоста, во зависност од должината на вашиот циклус.
Во првата недела од бременоста
Во оваа рана фаза, кога сè уште не сте навистина бремени, симптомите што ги чувствувате се типични за вашата менструација и може да траат од три до седум дена. Тие главно вклучуваат вагинално крвавење, грчеви и болки во долниот дел на грбот и надуеност. Покрај тоа, може да има промени во расположението како резултат на хормонални промени и појава на главоболка.
Првите знаци на бременост не се појавуваат веднаш, додека вообичаените рани знаци на бременост во првите недели по оплодувањето вклучуваат болка во градите, замор, честа потреба за мокрење и гадење. Првата недела од бременоста е вистинско време да размислите и планирате како да го подготвите вашето тело да носи бебе.
За почеток, добро би било бременоста да ја започнете со здрава телесна тежина и без или со што помалку лоши навики, како пушење и внесување алкохол. Додека внесот на кофеин треба да се намали на најмалку една до две шолји кафе дневно. Исто така, се препорачува да се земаат пренатални витамини со 400 mcg фолна киселина дневно.
Влегување во втората недела од бременоста
Во втората недела од бременоста, кога сè уште не сте бремени, менструацијата треба да заврши и да почне овулацијата во следните неколку дена. Иако всушност не сте бремени во втората недела, може да се каже дека можеби сте многу блиску, треба да бидете внимателни и да ги забележите знаците на овулација и да имате повеќе секс во тој период.
Знаци на кои треба да обрнете внимание се, на пример, промени во цервикалната слуз, која, како што се приближувате до овулацијата, станува потенка, појасна и поцврста, како белката од јајце, што инаку и помага на спермата да го најде патот до јајце клетката. Еден од знаците е заострувањето на сетилото за мирис, што е последица на хормоналните промени и веројатно природен начин за лесно намирисување на машки феромони во непосредна близина, во периодот кога се обидувате да се размножите. Сето ова нема да помине без мала болка, која ќе се појави во градите, исто така како резултат на хормонални осцилации, и во карлицата, каде што ќе чувствувате трнење на едната страна од стомакот, додека вашиот јајник ослободува нова јајце клетка.
Благи крвави дамки се смета за честа појава, иако треба да се консултира гинеколог ако се интензивира, како што е вообичаено и зголемен сексуален нагон. Промена има и во грлото на матката, кое ако редовно го проверувате ќе забележите промена бидејќи станува поотворено, повисокп и помеко при овулација.
Втората недела од бременоста е вистинско време да воведете смирувачка рутина во вашиот живот, со цел да го намалите стресот што е можно повеќе, што може значително да ја намали веројатноста за успешно и брзо забременување, без разлика колку се грижите за се друго. Треба да пиете многу вода и да се храните добро, а доколку веќе не сте го направиле тоа целосно исфрлете ги алкохолот и цигарите и започнете редовно вежбање со умерен интензитет.
(ПР-текст)
Забава
Три клучни симптоми кои најавуваат срцев удар – вратот, рамената и рацете

Крајот на одморот и враќањето на работа може да биде поттик за срцев удар. Затоа, според лекарите, првиот работен ден треба добро да се испланира за да се решат насобраните обврски, бидејќи намалувањето на стресот е добро за кардиоваскуларниот систем, особено за оние чие здравје е веќе нарушено.
Охрабрувачки е што може да се предвиди срцев удар, а навреме да се обратите на лекар.
Професор д-р Бранко Белеслин, кардиолог од Универзитетскиот клинички центар на Србија, вели дека вообичаено е пациентите да чувствуваат краткотрајна болка во градите, слабост и чувство на прескокнување на срцето неколку дена пред срцев удар.
„ Луѓето кои треба да бидат загрижени за овие симптоми се првенствено оние кои имаат фактори на ризик за срцев удар. Така, пушачите, дијабетичарите, оние со значително покачени масти во крвта, хипертензивните и оние кои имале семејна историја на срцев удар, особено на помлада возраст“, забележува д-р Белеслин.
Болките зад градната коска, особено оние кои се шират на вратот, рамената, рацете, придружени со замор и потење се причина што побрзо да се побара лекарска помош.
„ ЕКГ, лабораториски анализи и, доколку е потребно, рендген на срцето и белите дробови или ултразвук на срцето, се основните тестови што треба да му се направат на пациентот за да се потврди или исклучи миокарден инфаркт“, вели тој.
Секоја кардиоваскуларна болест со право се смета за подмолна болест, бидејќи првиот срцев удар во животот, кај навидум здрав човек, може да биде фатален.
„ Најчеста причина за ненадејна смрт е срцев удар и тешки аритмии кои го придружуваат. Затоа е важно пациентите итно да се јават на лекар доколку почувствуваат болка во градите, проследена со несвестица и ако таа трае континуирано и повеќе од 20 до 30 минути. Задолжително прво да се јавите во брза помош, бидејќи самостојното одење во здравствена установа може да биде фатално, бидејќи на тој начин срцевиот мускул се изложува на дополнителен напор и потенцијален ризик од несакани настани“ предупредува тој.
Препознавањето и спречувањето на срцев удар не само што штити од ненадејна смрт, туку и од оштетување на срцевиот мускул.
„ Кога се преземаат соодветни дијагностика и третман, речиси и да нема оштетување на срцевиот мускул или тоа е минимално и практично не влијае на квалитетот на животот на пациентите“, вели д-р Белеслин.
Во спротивно, екстензивното оштетување на миокардот доведува до срцева слабост.
За да се спречи појава на срцев удар, како и негово повторување, најважно, вели професорот Белслин, е пациентот да престане да пуши, да се храни здраво, да се рекреира најдобро што може, да зема лекови за контролирање на крвниот притисок, дијабетесот и постигнување на оптимални нивоа на маснотии.