Контакт

Здравје

Козметички третмани кај мажи

Објавено пред

Последниве годни се забележува нагло зголемување на барањата од страна на мажите за козметолошко-естетски процедури. Овие барања ги наметнува новиот начин на живот па така оваа заинтересираност всушност станува глобален тренд со пораст од 5 на 20 отсто во последните 20 години.

dobivaj vesti na viber

Додека порано машките пациенти се делеа во две подгрупи: хомосексуалци – кои беа заинтересирани за третмани слични на оние што ги прават жените како третмани на брчки, затегнување на кожата, рејувенација и др., и хетеросексуалци – чии барања биле стереотипни како третман на розацеа и флеки, денес барањата на двете групи не се разликуваат.

Што се однесува до очекувањата на мажите зависно од возраста подеталните анализи велат дека мажите на 50 годишна возраст со желба за кожа која изгледа здраво обично бараат чистење на лицето, отстранување на влакната од носот и ушите, отстранување на флеките и крвните капилари на носот. Мажите меѓу 35 и 50 години, пак, сакаат да ги избришат знаците на замор како темните или отечени подочници и болниот заморен изглед на лицето бидејќи не сакаат знаците од нивниот социјален живот да се гледаат на нивната кожа во работната средина. Оние, пак, од 25 до 35 години толку многу се заинтересирани за естетската медицина, и тоа за третмани кои се повторуваат, што нивните пријателки се жалат дека поминуваат повеќе време пред огледало од нив.

„Интересно е дека кога мажите доаѓаат на консултација за некој козметолошко-естетски третман тие се веќе добро информирани за третманот што го бараат“, вели д-р Тања Бурјакоска, специјалист дерматовенеролог од Ординација Д-р. Анчевски.

Притоа истакнува дека техниките кои се наменети за жените, не може да се применуваат и кај мажите, бидејќи постојат разлики меѓу двата пола почнувајќи од нивната мотивација, нивните хистолошки и физиолошки специфичности и психолошките карактеристики.

Во однос на мотивацијата за третман кај мажите таа всушност претставува комбинација од стравот од стареење и желбата за сексуална интимност, пари, сила и престиж преку кои може да го зголемат својот успех. Па така нивен прв мотив не е тоа да изгледаат младо туку желбата да ги избришат знаците на замор со цел да изгледаат подинамично и покомпетитивно на работното место. Затоа тие најчесто со цел да се подмладат почнуваат со вежбање и диета, а подоцна се подвргнуваат на третмани.

Кога е возможно мажите преферираат ткн „one touch treatment” кој не бара повторување бидејќи сакаат да бидат претставителни со самото излегување од клиниката, па се спремни и да откажат третман доколку веројатноста за појава на модринки е голема. И секако како основа на сѐ е крајната дискреција.

Што се однесува до болката мажите се поосетливи од жените, помалку толерантни на дискомфорт и немаат силна волја да ја постигнат својата цел. Исто така, почесто се понезадоволни по третманот отколку жените.

Во однос на хистолошките разлики кожата кај мажите се карактеризира со: Епидерм кој е подебел за 10 отсто отколку кај жените, со stratum corneum кој е помалку ефикасна заштитна бариера (сексуалните стероиди имаат влијание на пермеабилноста), подебел хидролипиден филм и пониска pH(4.5 наместо 5.3 кај жените)поради која е присутна пообилна и поразлична аеробна флора со што повеќе се склони на инфекција.

Дермот е подебел отколку кај жените(2.3 vs 1.8mm)со поголема густина на колаген под дејство на тестостеронот. Лојните жлезди се поголеми и побројни додека потните жлезди лачат повеќе пот со покисела pH и појак мирис. Зголемена васкуларизација со микрокрвни садови во предел на лицето што се поврзува со зголемената влакнетост но и со зголемената опасност од розацеа и ринофима. Коскените структури како лакот над веѓата, зигоматичните коски и брадата се попроминентни.

Мускулите како фронталниот, окципитофронталниот и масетерите се поголеми и посилни што ја објаснува потребата од поголем број единици при третман со ботокс.

Правилните пропорции на лицето кај мажите опфаќаат: висина на долната третина на лицето која е 48 отсто од целата висина на лицето, долги образи и поголеми долна усна и филтрум.

Физиолошките разлики се однесуваат на машките полови хормони(андрогени) и нивното ниво, како и кожните рецептори за нив кои се блиску поврзани со екрината и апокрината секреција:

Тестостеронот е главниот андроген чие ниво просечно опаѓа за 1 до 2 отсто секоја година по 40-та година, што води кон намалување на себореата и хидролипидниот филм, а со тоа и намалување на заштитата од стресот. Од друга страна пак преголемата телесна тежина го зголемува нивото на естрогени и доведува до феминизација на кожата поради ароматизација на тестостеронот во масното ткиво. Се смета дека во наредните години ќе се изведува ран тестостерон тест (на 35 години) со цел да се одреди индивидуалното физиолошко ниво на хормонот и по потреба да се суплементира.

DHEA (дихидроепиандростерон) е прохормон со андрогено дејство кој се метаболизира во тестостерон, естрадиол и кортизол при што зависно од ензимскиот систем еден од овие хормони ќе доминира. DHEA:cortisol односот влијае на капацитетот на отпорност кон психолошки стрес и тој опаѓа со годините.

Најчести козметичко-естетски третмани кои ги бараат мажите се: Ласерска епилација на брада, врат, грб, гради, рамена, а повозрасните и нос и уши. Третман на периорбитална регија со цел да се отстранат знаците на замор – пополнување со хијалурон, мезотерапија, ПРП,мезоконци,карбокситерапија. Лифтинг третмани (неоперативни) со дермални волумизирачки филери бидејќи мажите повеќе сакаат реструктурирачки т.е моделирачки третмани отколку пополнување на брчки. Ботокс – со цел да се отстранат непотребните експресии како анксиозност и незадоволство повеќе отколку да се отстранат брчките.

Третман на розацеа, која негативно влијае на социјалниот живот и често е асоцирана со алкохолизам, па мажите не можат да поднесат да имаат ни само неколку проширени капилари на лицето туку бараат перфектно чиста кожа со свеж изглед. Третман на аксиларна хиперхидроза (претерано потење под пазуви) со ботокс.

Отстранување на флеки и лузни со хемиски пилинг, ласер, ПРП,дермаролер. Отстранување на папиломи, кератози, ксантелазми, кондиломи со крио и радиобранова терапија, како и Третмани против опаѓање на коса и трансплантација на коса.

„Во период кога животните очекувања се во постојан пораст и двата пола имаат бенефит од добриот изглед. Жените со својата навика да одат на третмани и да се грижат за својот изглед со време научија како да стареат со стил, па на 50 годишна возраст изгледаат поатрактивно и подинамично од мажите. Така дојде редот на мажите да се натпреваруваат со жените со цел да го постигнат тој стадиум“, вели д-р Бурјакоска./крај/мф/би

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Здравје

Лошиот сон може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања

Објавено пред

Знаеме дека добриот сон е неопходен за добро здравје, особено за здравјето на срцето. Истражувањата покажаа дека лошиот сон може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања. Но, дали знаевте дека положбата во која спиеме исто така игра улога за здравјето на срцето?

dobivaj vesti na viber

„Спиењето на левата страна може да предизвика суптилни промени во положбата на срцето. На некои луѓе им е дури и непријатно да спијат на левата страна, особено ако имаат срцева слабост или неодамна им бил вграден пејсмејкер“, вели кардиологот Леонард Ганц за Prevention.

Позицијата на спиење може да влијае и на одредени симптоми.

„Палпитацијата и абнормалните отчукувања на срцето може да бидат позабележителни кај некои луѓе штпо лежат или спијат на левата страна. Сепак, не е јасно дали лежењето на левата страна ги зголемува шансите за развој на аритмија и дали тоа влијае на прогресијата на болеста“, додаде д-р Ганц, цитиран од хрватски „Индекс“.

Затоа кардиологот ги советува оние што чувствуваат некакви промени во работата на срцето при лежење на левата страна да изберат поинаква положба.

Оние што страдаат од рефлукс на киселина или гастроезофагеален рефлукс, од друга страна, може да имаат корист од спиењето на левата страна, според лекарите.

Во овој момент нема доволно истражувања за да се докаже која положба на спиење е најдобра за здравјето на вашето срце ако веќе немате срцеви заболувања. Најважно е добро да се одморите.

Она што е познато е дека лежењето на грб може да го влоши пулмоналниот едем кај луѓето со конгестивна срцева слабост. Некои луѓе со срцева слабост велат дека им е потешко да дишат кога лежат или спијат на левата страна.

Прикажи повеќе...

Здравје

Просечното шише вода содржи 240.000 парчиња нанопластика, која предизвикува рак – 100 пати повеќе отколку што претходно се мислеше

Објавено пред

Пластичните шишиња со вода содржат стотици илјади токсични микроскопски пластични честички, открија нови истражувања.

dobivaj vesti na viber

Британски „Дејли мејл“ објави дека наодите, најверојатно, ќе го шокираат секој што преминал од чешма на пакувана вода верувајќи дека е подобро за здравјето.

Пиењето вода од шише може да значи дека го загадувате вашето тело со мали парчиња пластика за кои научниците стравуваат дека може да се акумулираат во вашите витални органи и да предизвикаат непознати здравствени импликации.

Нанопластиката веќе е поврзани со рак, проблеми со плодноста и со вродени дефекти.

Научниците што користат најнапредни техники за ласерско скенирање просечно пронајдоа 240.000 пластични честички во шише вода од еден литар во споредба со 5,5 на еден литар вода од чешма.

Истражувачите на Универзитетот во Колумбија тестираа три популарни бренда на шише вода продадени во САД – и користејќи ласери, ги анализираа пластични честички што ги содржеа на само 100 нанометри во големина.

Честичките – нанопластика – се многу помали од микропластиците претходно откриени во пакувана вода.

Сепак, честичките се сметаат за потенцијално токсични бидејќи се толку мали што може да влезат директно во крвните клетки и мозокот.

Овие микроскопски честички носат фталати – хемикалии што ја прават пластиката поиздржлива, флексибилна и подолготрајна.

Прикажи повеќе...

Здравје

Нутриционист: Три докажани начини да го забавите процесот на стареење, првите ефекти за две недели

Објавено пред

Британската нутриционистка Габриела Пикок изјави дека со правилна исхрана им помогнала на многу луѓе од високото општество да ги забават знаците на стареење за само две недели.

dobivaj vesti na viber

„Науката е јасна дека сите ние имаме моќ да направиме едноставни промени што го менуваат животот на подобро, без оглед на генетската предиспозиција“, вели Пикок, која работела со членови на британското кралско семејство, како што се принцезата Јуџин и принцот Хари.

Авторката, чија книга „2 недели за помлад ти: тајни за подолго живеење и фантастично чувство“, беше објавена на почетокот на оваа година, рече дека е сосема природно што многу луѓе прибегнуваат кон нездрави навики во исхраната.

„Но, сите ние имаме потенцијал да го промениме ова“, изјави таа за „Сан“.

Без оглед на нашата возраст и здравје, Пикок тврди дека никогаш не е доцна да ја промените брзината на стареење и да ги прифатите енергијата и силата на вашето помладо јас.

Според нејзиното мислење, доволно е да се применат овие три работи и доволно е да се забави процесот на стареење, а првите ефекти ќе се видат по две недели.

Избегнувајте шеќер

Иако можеби е тешко да се замисли ако сте љубител на шеќер, таа советува дека намалувањето на шеќерот не само што е добро за целокупното здравје туку може и да го забави стареењето.

Како што дополнително објаснува, шеќерот води до хронично воспаление во телото, кое е еден од најлошите непријатели во процесот на стареењето.

Јадењето шеќер може да доведе до зголемување на телесната тежина, но, како што истакнува Пикок, вашата енергија и нивото на хормоните ќе влијаат на тоа како изгледате и се чувствувате.

Внесувајте разни хранливи материи

„Се разбира, урамнотежената исхрана помага во целокупното здравје, но некои хранливи материи имаат супермоќ против стареењето“, рече таа.

Заедно со антиоксидансите, омега-3 масните киселини, всушност, може да ги намалат брчките со хидратација на кожата и промовирање на еластичноста. Јадењето мрсна риба како лосос е одличен трик.

За уште поголема еластичност на кожата, Пикок вели дека колагенот, кој може да се најде во немасните протеини и супата од коски, е исто така неопходен.

Топло-ладно туширање

Екстремните температури може да бидат исклучително добра техника против стареењето.

Пикок вели дека има многу такви начини, вклучувајќи пешачење или вежбање на отворено во зима или ладната вода на крајот од туширањето.

„За да си ги олесните работите, зошто да не пробате неколку секунди ладна вода на крајот од туширањето?“, препорача таа.

„Се обидувам да се истуширам со ладна вода една-две минути пред да се префрлам на топла“, изјави таа за „Њујорк пост’.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Гордана Силјановска Давкова учествуваше на одбележувањето на 75 годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција и 76 годишнината од прогонството на Македонците од егејскиот дел на Македонија

Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, на 20 април...

Регион3 часа

(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а...

Свет4 часа

Десетгодишно дете призна дека убило човек пред две години, полицијата во Тексас во шок

Десетгодишно дете од американската сојузна држава Тексас, кое било испрашувано поради наводна закана дека ќе го убие својот соученик, им...

Македонија4 часа

Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ

Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората...

Свет4 часа

Северна Кореја тестираше „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала боева глава со „супер-голема“ крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета. Тестот за моќност на...

Македонија5 часа

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици...

Македонија5 часа

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија5 часа

Силјановска-Давкова со 8 прашања, како граѓаните да се решат дали и за кого ќе гласаат на изборите 

Во својот говор на синоќешниот митинг во Крива Паланка професорката Горданa Силјановска -Давкова порача дека оваа власт не креира рационални политики,...

Македонија16 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија17 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија17 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија17 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија22 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија22 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија23 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија1 ден

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија1 ден

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет1 ден

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет1 ден

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија1 ден

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...