Здравје
Ласерска епилација на лице
Како да се ослободите од несаканите влакна, веројатно е едно од првите прашања коишто човекот си ги поставува, а се врзани за неговиот изглед. Без разлика дали станува збор за здравствен или естетски проблеми, ова прашање денес е поактуелно од кога и да е порано.
Поимите епилација и депилација често се употребуваат како синоними, иако е поправилно да се зборува за епилација кога зборуваме за отстранување на цели влакна, значи од коренот, а поимот депилација би требало да се користи за влакната над кожата како бричење, при употреба на креми. Разликите меѓу нив треба да се гледаат низ неколку основни параметри: ефикасност, трајност, сигурност, едноставност, болност или неудобност.
Ако тргнеме со бричење, тоа е ефикасно, сигурно и едноставно, ама краткотрајно. Восокот, пак, е ефикасен, прилично сигурен, едноставен, многу болен и нешто потраен од бричењето. Значи, потребна е метода која во висок процент би ги задоволила овие критериуми. Најблиска до идеалот денес би била – ласерска епилација.
Како изгледа една ласерска процедура?Ласерскиот сноп е концентриран сноп од светлина, кој насочен кон кожата селективно се апсорбира од кожниот пигмент меланин, којштосе наоѓа во фоликулот на влакното. Апсорбираната светлина се претвора во топлина, која го уништува трајно фоликулот на влакното во анагената фаза (фаза на раст) преку принципот на селективна фототермолиза (комбинација на одредена бранова должина, траење на пулс и испорачана енергија во кожата). Вистинската цел на третманот е уништување на коренот на влакната, само вака се овозможува трајно решение на проблемот. Наполно уништување е можно, но исклучиво ако епилацијата се изведува со диоден ласер.
Епилација на лицеЗголеменото присуство на влакна поради хормонален дисбаланс е честа состојба и многу кои ја имаат се одлучуваат на ласерска епилација како начин да се ослободат од вишокот влакна. Зголеменото производство на андрогени (машки хормони) е често причина за зголемена влакнетост, која може да се појави на различни делови од лицето. Некои жени имаат состојба која се нарекува PCOS (Polycystic Ovarian Syndrome) кој може да предизвика зголемена влакнетост.
Ефикасност и безбедностНаполно уништување е можно, но исклучиво ако епилацијата се изведува со диоден ласер. Диодниот ласер Soprano XL e најефикасен од сите ласери за отстранување на влакна со кој што третманот е потполно безбеден, ефикасно ги отстранува влакната од сите регии на телото и е единствениот ласер со којшто третманот е безбеден да се прави во сите сезони.
„Моја препорака би била ласерската епилација на лице и сите хормонални испитувања да ги прави и следи дерматолог. Доколку има хормонски проблем, потребна е хормонска терапија рака под рака со ласерската епилација, а доколку не се најде отстапка или пореметување потребно е внимателно следење, бидејќи истото може да е скриено. Третманот треба да го изведуваат високо професионални и обучени лица, за да не настанат несакани последици на кожата“, советува д-р Анета Петрушевска Кокалеска, специјалист дерматовенеролог, од ординацијата „д-р Анчевски“./крај/мф/сд
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Здравје
Лошиот сон може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања
Знаеме дека добриот сон е неопходен за добро здравје, особено за здравјето на срцето. Истражувањата покажаа дека лошиот сон може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања. Но, дали знаевте дека положбата во која спиеме исто така игра улога за здравјето на срцето?
„Спиењето на левата страна може да предизвика суптилни промени во положбата на срцето. На некои луѓе им е дури и непријатно да спијат на левата страна, особено ако имаат срцева слабост или неодамна им бил вграден пејсмејкер“, вели кардиологот Леонард Ганц за Prevention.
Позицијата на спиење може да влијае и на одредени симптоми.
„Палпитацијата и абнормалните отчукувања на срцето може да бидат позабележителни кај некои луѓе штпо лежат или спијат на левата страна. Сепак, не е јасно дали лежењето на левата страна ги зголемува шансите за развој на аритмија и дали тоа влијае на прогресијата на болеста“, додаде д-р Ганц, цитиран од хрватски „Индекс“.
Затоа кардиологот ги советува оние што чувствуваат некакви промени во работата на срцето при лежење на левата страна да изберат поинаква положба.
Оние што страдаат од рефлукс на киселина или гастроезофагеален рефлукс, од друга страна, може да имаат корист од спиењето на левата страна, според лекарите.
Во овој момент нема доволно истражувања за да се докаже која положба на спиење е најдобра за здравјето на вашето срце ако веќе немате срцеви заболувања. Најважно е добро да се одморите.
Она што е познато е дека лежењето на грб може да го влоши пулмоналниот едем кај луѓето со конгестивна срцева слабост. Некои луѓе со срцева слабост велат дека им е потешко да дишат кога лежат или спијат на левата страна.
Здравје
Просечното шише вода содржи 240.000 парчиња нанопластика, која предизвикува рак – 100 пати повеќе отколку што претходно се мислеше
Пластичните шишиња со вода содржат стотици илјади токсични микроскопски пластични честички, открија нови истражувања.
Британски „Дејли мејл“ објави дека наодите, најверојатно, ќе го шокираат секој што преминал од чешма на пакувана вода верувајќи дека е подобро за здравјето.
Пиењето вода од шише може да значи дека го загадувате вашето тело со мали парчиња пластика за кои научниците стравуваат дека може да се акумулираат во вашите витални органи и да предизвикаат непознати здравствени импликации.
Нанопластиката веќе е поврзани со рак, проблеми со плодноста и со вродени дефекти.
Научниците што користат најнапредни техники за ласерско скенирање просечно пронајдоа 240.000 пластични честички во шише вода од еден литар во споредба со 5,5 на еден литар вода од чешма.
Истражувачите на Универзитетот во Колумбија тестираа три популарни бренда на шише вода продадени во САД – и користејќи ласери, ги анализираа пластични честички што ги содржеа на само 100 нанометри во големина.
Честичките – нанопластика – се многу помали од микропластиците претходно откриени во пакувана вода.
Сепак, честичките се сметаат за потенцијално токсични бидејќи се толку мали што може да влезат директно во крвните клетки и мозокот.
Овие микроскопски честички носат фталати – хемикалии што ја прават пластиката поиздржлива, флексибилна и подолготрајна.
Здравје
Нутриционист: Три докажани начини да го забавите процесот на стареење, првите ефекти за две недели
Британската нутриционистка Габриела Пикок изјави дека со правилна исхрана им помогнала на многу луѓе од високото општество да ги забават знаците на стареење за само две недели.
„Науката е јасна дека сите ние имаме моќ да направиме едноставни промени што го менуваат животот на подобро, без оглед на генетската предиспозиција“, вели Пикок, која работела со членови на британското кралско семејство, како што се принцезата Јуџин и принцот Хари.
Авторката, чија книга „2 недели за помлад ти: тајни за подолго живеење и фантастично чувство“, беше објавена на почетокот на оваа година, рече дека е сосема природно што многу луѓе прибегнуваат кон нездрави навики во исхраната.
„Но, сите ние имаме потенцијал да го промениме ова“, изјави таа за „Сан“.
Без оглед на нашата возраст и здравје, Пикок тврди дека никогаш не е доцна да ја промените брзината на стареење и да ги прифатите енергијата и силата на вашето помладо јас.
Според нејзиното мислење, доволно е да се применат овие три работи и доволно е да се забави процесот на стареење, а првите ефекти ќе се видат по две недели.
Избегнувајте шеќер
Иако можеби е тешко да се замисли ако сте љубител на шеќер, таа советува дека намалувањето на шеќерот не само што е добро за целокупното здравје туку може и да го забави стареењето.
Како што дополнително објаснува, шеќерот води до хронично воспаление во телото, кое е еден од најлошите непријатели во процесот на стареењето.
Јадењето шеќер може да доведе до зголемување на телесната тежина, но, како што истакнува Пикок, вашата енергија и нивото на хормоните ќе влијаат на тоа како изгледате и се чувствувате.
Внесувајте разни хранливи материи
„Се разбира, урамнотежената исхрана помага во целокупното здравје, но некои хранливи материи имаат супермоќ против стареењето“, рече таа.
Заедно со антиоксидансите, омега-3 масните киселини, всушност, може да ги намалат брчките со хидратација на кожата и промовирање на еластичноста. Јадењето мрсна риба како лосос е одличен трик.
За уште поголема еластичност на кожата, Пикок вели дека колагенот, кој може да се најде во немасните протеини и супата од коски, е исто така неопходен.
Топло-ладно туширање
Екстремните температури може да бидат исклучително добра техника против стареењето.
Пикок вели дека има многу такви начини, вклучувајќи пешачење или вежбање на отворено во зима или ладната вода на крајот од туширањето.
„За да си ги олесните работите, зошто да не пробате неколку секунди ладна вода на крајот од туширањето?“, препорача таа.
„Се обидувам да се истуширам со ладна вода една-две минути пред да се префрлам на топла“, изјави таа за „Њујорк пост’.