Здравје
Оралната контрацепција поштедила 200.000 жени од развој на рак на ендометриумот
Апчето за контрацепција претставува голема заштита кога станува збор за ризик од појава на ендометријалниот рак и во развиените земји во последните десет години предизвикало кај околу 200.000 жени да изостане развојот на овој вид заболување, покажаа резултатите од истражувањето објавено во медицинското списание The Lancet Oncology Journal.
Група британски научници дошле до овој заклучок спроведувајќи ги истражувањето врз околу 27.000 жени заболени од споменатиот вид карцином, во 36 земји од Европа, Северна и Јужна Америка, Азија и Австралија. Пресметале дека во периодот од околу 50 години, со земањето на оралните средства за контрацепција би можел да се избегне и развојот на околу 400.000 случаи на развојот на рак на ендометриумот, како една од двете основни форми на ракот на матката.
„Значителниот заштитен фактор на оралните контрацептивни средства во случајот на рак на ендометриумот дејствува со години и по престанувањето на земањето апчиња“, истакнува Валери Берал од Универзитетот Оксфорд, која го координирала истражувањето. Примариус Берал додава и дека позитивниот ефект од земањето контрацептиви е забележан и кај жените кои апчето го земале само неколку години, како и дека ефектот бил продолжени и откако пациентките ја навршиле педесеттата, што е период во кој овој вид карцином кај жените зачестено се појавува.
Истражувањето конкретно покажало дека со земање на оралните средства за контрацепција во текот на пет години, се намалува ризикот од развој на ракот на ендометриумот пред 75-та година од животот за 25 отсто. Нивното земање во текот на десетгодишен период, пак, го преполовил бројот на случаи на развој заболувањето.
Авторите на студијата го истакнуваат и тоа дека ризикот на појава на ракот на ендометриумот не е зголемен веќе со години, иако количеството естроген во естропрогресивните орални средства за контрацепција значително се намалени од 1980-те години.
И покрај сите наброени предности поврзани со ракот на ендометриумот, оралните контрацептивни средства го зголемуваат ризикот од развој на кардиоваскуларни болести, како што е инфаркт и од цереброваскуларни заболувања, меѓу кои најчести се мозочниот удар, предупредуваат научниците кои го спровеле истражувањето.
„Споменатиот ризик е многу понизок кога се земат апчиња со помало количество естроген, но мораме да предупредиме дека ризикот од развој на венска тромбоза е почест кај жените кои користат орална контрацепција во однос на оние кои не користат“, предупредуваат Николас Вентценсен и Ејми Берингтон, од американскиот Институт за здравје „Гонзалес“.
Дебатата за зголемената опасност од развојот на некои видови карцином кои може да се доведат во поврзаност со земањето на оралната контрацепција продолжува меѓу научниците и лекарите. Во 2005 година Агенцијата за рак на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) го објави податокот дека земањето апчиња за контрацепција е одговорно за малку поголемиот ризик од развој на рак на дојката, ракот на цервиксот и црниот дроб кај жените, но дека и заштитен ефект при потенцијалниот развој на ракот на јајниците и ракот на ендометриумот./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Здравје
Лошиот сон може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања
Знаеме дека добриот сон е неопходен за добро здравје, особено за здравјето на срцето. Истражувањата покажаа дека лошиот сон може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања. Но, дали знаевте дека положбата во која спиеме исто така игра улога за здравјето на срцето?
„Спиењето на левата страна може да предизвика суптилни промени во положбата на срцето. На некои луѓе им е дури и непријатно да спијат на левата страна, особено ако имаат срцева слабост или неодамна им бил вграден пејсмејкер“, вели кардиологот Леонард Ганц за Prevention.
Позицијата на спиење може да влијае и на одредени симптоми.
„Палпитацијата и абнормалните отчукувања на срцето може да бидат позабележителни кај некои луѓе штпо лежат или спијат на левата страна. Сепак, не е јасно дали лежењето на левата страна ги зголемува шансите за развој на аритмија и дали тоа влијае на прогресијата на болеста“, додаде д-р Ганц, цитиран од хрватски „Индекс“.
Затоа кардиологот ги советува оние што чувствуваат некакви промени во работата на срцето при лежење на левата страна да изберат поинаква положба.
Оние што страдаат од рефлукс на киселина или гастроезофагеален рефлукс, од друга страна, може да имаат корист од спиењето на левата страна, според лекарите.
Во овој момент нема доволно истражувања за да се докаже која положба на спиење е најдобра за здравјето на вашето срце ако веќе немате срцеви заболувања. Најважно е добро да се одморите.
Она што е познато е дека лежењето на грб може да го влоши пулмоналниот едем кај луѓето со конгестивна срцева слабост. Некои луѓе со срцева слабост велат дека им е потешко да дишат кога лежат или спијат на левата страна.
Здравје
Просечното шише вода содржи 240.000 парчиња нанопластика, која предизвикува рак – 100 пати повеќе отколку што претходно се мислеше
Пластичните шишиња со вода содржат стотици илјади токсични микроскопски пластични честички, открија нови истражувања.
Британски „Дејли мејл“ објави дека наодите, најверојатно, ќе го шокираат секој што преминал од чешма на пакувана вода верувајќи дека е подобро за здравјето.
Пиењето вода од шише може да значи дека го загадувате вашето тело со мали парчиња пластика за кои научниците стравуваат дека може да се акумулираат во вашите витални органи и да предизвикаат непознати здравствени импликации.
Нанопластиката веќе е поврзани со рак, проблеми со плодноста и со вродени дефекти.
Научниците што користат најнапредни техники за ласерско скенирање просечно пронајдоа 240.000 пластични честички во шише вода од еден литар во споредба со 5,5 на еден литар вода од чешма.
Истражувачите на Универзитетот во Колумбија тестираа три популарни бренда на шише вода продадени во САД – и користејќи ласери, ги анализираа пластични честички што ги содржеа на само 100 нанометри во големина.
Честичките – нанопластика – се многу помали од микропластиците претходно откриени во пакувана вода.
Сепак, честичките се сметаат за потенцијално токсични бидејќи се толку мали што може да влезат директно во крвните клетки и мозокот.
Овие микроскопски честички носат фталати – хемикалии што ја прават пластиката поиздржлива, флексибилна и подолготрајна.
Здравје
Нутриционист: Три докажани начини да го забавите процесот на стареење, првите ефекти за две недели
Британската нутриционистка Габриела Пикок изјави дека со правилна исхрана им помогнала на многу луѓе од високото општество да ги забават знаците на стареење за само две недели.
„Науката е јасна дека сите ние имаме моќ да направиме едноставни промени што го менуваат животот на подобро, без оглед на генетската предиспозиција“, вели Пикок, која работела со членови на британското кралско семејство, како што се принцезата Јуџин и принцот Хари.
Авторката, чија книга „2 недели за помлад ти: тајни за подолго живеење и фантастично чувство“, беше објавена на почетокот на оваа година, рече дека е сосема природно што многу луѓе прибегнуваат кон нездрави навики во исхраната.
„Но, сите ние имаме потенцијал да го промениме ова“, изјави таа за „Сан“.
Без оглед на нашата возраст и здравје, Пикок тврди дека никогаш не е доцна да ја промените брзината на стареење и да ги прифатите енергијата и силата на вашето помладо јас.
Според нејзиното мислење, доволно е да се применат овие три работи и доволно е да се забави процесот на стареење, а првите ефекти ќе се видат по две недели.
Избегнувајте шеќер
Иако можеби е тешко да се замисли ако сте љубител на шеќер, таа советува дека намалувањето на шеќерот не само што е добро за целокупното здравје туку може и да го забави стареењето.
Како што дополнително објаснува, шеќерот води до хронично воспаление во телото, кое е еден од најлошите непријатели во процесот на стареењето.
Јадењето шеќер може да доведе до зголемување на телесната тежина, но, како што истакнува Пикок, вашата енергија и нивото на хормоните ќе влијаат на тоа како изгледате и се чувствувате.
Внесувајте разни хранливи материи
„Се разбира, урамнотежената исхрана помага во целокупното здравје, но некои хранливи материи имаат супермоќ против стареењето“, рече таа.
Заедно со антиоксидансите, омега-3 масните киселини, всушност, може да ги намалат брчките со хидратација на кожата и промовирање на еластичноста. Јадењето мрсна риба како лосос е одличен трик.
За уште поголема еластичност на кожата, Пикок вели дека колагенот, кој може да се најде во немасните протеини и супата од коски, е исто така неопходен.
Топло-ладно туширање
Екстремните температури може да бидат исклучително добра техника против стареењето.
Пикок вели дека има многу такви начини, вклучувајќи пешачење или вежбање на отворено во зима или ладната вода на крајот од туширањето.
„За да си ги олесните работите, зошто да не пробате неколку секунди ладна вода на крајот од туширањето?“, препорача таа.
„Се обидувам да се истуширам со ладна вода една-две минути пред да се префрлам на топла“, изјави таа за „Њујорк пост’.