Контакт

Здравје

Песната "Bohemian Rhapshody" го подобрува расположението

Објавено пред

Хитот “Bohemian Rhapshody” на групата Queen го отстранува лошото расположение и се препорачува како лек на оние кои се тажни или патат од депресија, покажува резултатот од анкетата што за  BBC ја спроведе агенцијата ComRes, која го истражува влијанието на музиката врз здравјето.

dobivaj vesti na viber

 

 

На испитаниците за време на истражувањето им биле понудени 10 композиции за кои е утврдено дека го подобруваат расположението.

 

На второ место се наоѓа песната “Dancing Queen” на шведската група ABBA, додека на трето место е хитот “Happy” на Фарел Вилијамс.

 

Повеќе од две третини од 1.000 испитаници рекле дека со задоволство слушаат музика кога не се чувствуваат добро.

 

Речиси 90 отсто од испитаниците рекле дека слушањето музика им помага на луѓето подобро да се чувствуваат кога се болни или кога минуваат низ криза.

 

Околу 81 отсто од Британците рекле дека се чувствуваат подобро додека слушаат музика. Само 36 отсто рекле дека попрво слушаат говор отколку музика кога се лошо расположени.

 

Меѓу младите најпопуларна е песната “Happy”. Песните на Боб Марли, Роби Вилијамс и Мајкл Џексон исто биле на пописот понуден во анкетата.

 

“Bohemian Rhapsody” е на албумот “A Night at the Opera” на групата Queen кој излезе пред 40 години. Оваа песна трае речиси шест минути, а двапати беше прва на британските листи на хитови: еднаш кога беше објавена во 1975 година и по смртта на пејачот Фреди Меркјури во 1991 година. /крај/хн/ст

Здравје

Лошиот сон може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања

Објавено пред

Знаеме дека добриот сон е неопходен за добро здравје, особено за здравјето на срцето. Истражувањата покажаа дека лошиот сон може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања. Но, дали знаевте дека положбата во која спиеме исто така игра улога за здравјето на срцето?

dobivaj vesti na viber

„Спиењето на левата страна може да предизвика суптилни промени во положбата на срцето. На некои луѓе им е дури и непријатно да спијат на левата страна, особено ако имаат срцева слабост или неодамна им бил вграден пејсмејкер“, вели кардиологот Леонард Ганц за Prevention.

Позицијата на спиење може да влијае и на одредени симптоми.

„Палпитацијата и абнормалните отчукувања на срцето може да бидат позабележителни кај некои луѓе штпо лежат или спијат на левата страна. Сепак, не е јасно дали лежењето на левата страна ги зголемува шансите за развој на аритмија и дали тоа влијае на прогресијата на болеста“, додаде д-р Ганц, цитиран од хрватски „Индекс“.

Затоа кардиологот ги советува оние што чувствуваат некакви промени во работата на срцето при лежење на левата страна да изберат поинаква положба.

Оние што страдаат од рефлукс на киселина или гастроезофагеален рефлукс, од друга страна, може да имаат корист од спиењето на левата страна, според лекарите.

Во овој момент нема доволно истражувања за да се докаже која положба на спиење е најдобра за здравјето на вашето срце ако веќе немате срцеви заболувања. Најважно е добро да се одморите.

Она што е познато е дека лежењето на грб може да го влоши пулмоналниот едем кај луѓето со конгестивна срцева слабост. Некои луѓе со срцева слабост велат дека им е потешко да дишат кога лежат или спијат на левата страна.

Прикажи повеќе...

Здравје

Просечното шише вода содржи 240.000 парчиња нанопластика, која предизвикува рак – 100 пати повеќе отколку што претходно се мислеше

Објавено пред

Пластичните шишиња со вода содржат стотици илјади токсични микроскопски пластични честички, открија нови истражувања.

dobivaj vesti na viber

Британски „Дејли мејл“ објави дека наодите, најверојатно, ќе го шокираат секој што преминал од чешма на пакувана вода верувајќи дека е подобро за здравјето.

Пиењето вода од шише може да значи дека го загадувате вашето тело со мали парчиња пластика за кои научниците стравуваат дека може да се акумулираат во вашите витални органи и да предизвикаат непознати здравствени импликации.

Нанопластиката веќе е поврзани со рак, проблеми со плодноста и со вродени дефекти.

Научниците што користат најнапредни техники за ласерско скенирање просечно пронајдоа 240.000 пластични честички во шише вода од еден литар во споредба со 5,5 на еден литар вода од чешма.

Истражувачите на Универзитетот во Колумбија тестираа три популарни бренда на шише вода продадени во САД – и користејќи ласери, ги анализираа пластични честички што ги содржеа на само 100 нанометри во големина.

Честичките – нанопластика – се многу помали од микропластиците претходно откриени во пакувана вода.

Сепак, честичките се сметаат за потенцијално токсични бидејќи се толку мали што може да влезат директно во крвните клетки и мозокот.

Овие микроскопски честички носат фталати – хемикалии што ја прават пластиката поиздржлива, флексибилна и подолготрајна.

Прикажи повеќе...

Здравје

Нутриционист: Три докажани начини да го забавите процесот на стареење, првите ефекти за две недели

Објавено пред

Британската нутриционистка Габриела Пикок изјави дека со правилна исхрана им помогнала на многу луѓе од високото општество да ги забават знаците на стареење за само две недели.

dobivaj vesti na viber

„Науката е јасна дека сите ние имаме моќ да направиме едноставни промени што го менуваат животот на подобро, без оглед на генетската предиспозиција“, вели Пикок, која работела со членови на британското кралско семејство, како што се принцезата Јуџин и принцот Хари.

Авторката, чија книга „2 недели за помлад ти: тајни за подолго живеење и фантастично чувство“, беше објавена на почетокот на оваа година, рече дека е сосема природно што многу луѓе прибегнуваат кон нездрави навики во исхраната.

„Но, сите ние имаме потенцијал да го промениме ова“, изјави таа за „Сан“.

Без оглед на нашата возраст и здравје, Пикок тврди дека никогаш не е доцна да ја промените брзината на стареење и да ги прифатите енергијата и силата на вашето помладо јас.

Според нејзиното мислење, доволно е да се применат овие три работи и доволно е да се забави процесот на стареење, а првите ефекти ќе се видат по две недели.

Избегнувајте шеќер

Иако можеби е тешко да се замисли ако сте љубител на шеќер, таа советува дека намалувањето на шеќерот не само што е добро за целокупното здравје туку може и да го забави стареењето.

Како што дополнително објаснува, шеќерот води до хронично воспаление во телото, кое е еден од најлошите непријатели во процесот на стареењето.

Јадењето шеќер може да доведе до зголемување на телесната тежина, но, како што истакнува Пикок, вашата енергија и нивото на хормоните ќе влијаат на тоа како изгледате и се чувствувате.

Внесувајте разни хранливи материи

„Се разбира, урамнотежената исхрана помага во целокупното здравје, но некои хранливи материи имаат супермоќ против стареењето“, рече таа.

Заедно со антиоксидансите, омега-3 масните киселини, всушност, може да ги намалат брчките со хидратација на кожата и промовирање на еластичноста. Јадењето мрсна риба како лосос е одличен трик.

За уште поголема еластичност на кожата, Пикок вели дека колагенот, кој може да се најде во немасните протеини и супата од коски, е исто така неопходен.

Топло-ладно туширање

Екстремните температури може да бидат исклучително добра техника против стареењето.

Пикок вели дека има многу такви начини, вклучувајќи пешачење или вежбање на отворено во зима или ладната вода на крајот од туширањето.

„За да си ги олесните работите, зошто да не пробате неколку секунди ладна вода на крајот од туширањето?“, препорача таа.

„Се обидувам да се истуширам со ладна вода една-две минути пред да се префрлам на топла“, изјави таа за „Њујорк пост’.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија9 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија16 часа

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија16 часа

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија16 часа

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија18 часа

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија18 часа

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized18 часа

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...

Топ18 часа

На автопатот Скопје – Велес мотоциклист излетал од патот и починал од повредите

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“,...

Македонија19 часа

Си плаќаме приватно за да се лекуваме оти не сме здравствено осигурени, велат приватните специјализанти, кои излегоа на штрајк

Над 400 приватни специјализанти утрово излегоа на генерален штрајк барајќи покачување на платите и здравствено осигурање. Тие истакнаа дека надоместокот...

Свет20 часа

Израел: Иран почна војна, сите опции се на маса

Иран покрена војна против Израел кога лансираше беспилотни летала и проектили, мораме да ги одвратиме, изјави за „Скај њуз“ портпаролката...

Свет21 час

Израелската армија објави фотографии од штетите од иранските напади

Околу 99 отсто од ракетите, беспилотните летала и крстаречките ракети лансирани за време на одмаздничката операција на Иран биле соборени...

Свет22 часа

Иран: Ако Израел возврати, следниот напад ќе биде одлучувачки

Амбасадорот на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, даде изјава за „Скај њуз“ по состанокот на Советот за безбедност на...

Македонија22 часа

(Видео) Пендаровски: Мицкоски е докажан извор на лажни вести, страв му е да не му се врати Груевски

На вечерашниот граѓански митинг во Куманово, кандидатот за претседател Стево Пендаровски одговарајќи на прашање од граѓани зошто ВМРО-ДПМНЕ во последните...

Свет22 часа

САД: Нема значителна штета во Израел

Висок американски воен функционер рече дека Соединетите држави проценуваат дека нема значителна штета во самиот Израел по иранското бомбардирање. Портпаролот...

Свет1 ден

(Видео) „Израел уништил балистичка ракета надвор од земјината атмосфера“ – мистериозна снимка за време на масовниот ирански напад

Израелската противвоздушна одбрана се мачеше да се спротивстави на масовниот напад на ирански беспилотни летала и ракети! На едно од...

Свет2 дена

Њујорк Тајмс тврди дека Бајден го разубедил Нетанјаху од планот за контра-напад врз Иран

Американскиот претседател Џо Бајден го одврати премиерот Бенјамин Нетанјаху да даде зелено светло за одмазднички напад врз Иран, откако минатата...

Македонија2 дена

Османи: Формиравме Кризен штаб за извлекување на нашите државјани од Израел и регионот по нападот на Иран

Што знаеме досега: 🔵Наставата е прекината во училиштата низ Израел, а компаниите ќе можат да работат „нормално“ со пристап до...

Свет2 дена

(Видео) Детално откриваме како функционира „железната купола“ на Израел која ги собори повеќето ракети како шега – никој во светот го нема ова

Што знаеме досега: 🔵Наставата е прекината во училиштата низ Израел, а компаниите ќе можат да работат „нормално“ со пристап до...

Свет2 дена

Операција „Чесно ветување“: Иран ѝ се заканува на Америка, Израел наскоро ќе носи одлука – се очекува тешка одмазда

Иранскиот напад врз Израел со над 300 беспилотни летала, крстаречки и балистички ракети заврши без сериозни последици откако огромното мнозинство...