Контакт

Здравје

Секојдневното трчање на куси патеки полезно колку и долготрајниот џогинг

Објавено пред

Да се трча секој ден по неколку минути е исто толку корисно за организмот колку и долготрајните џогирања, кога станува збор за продолжувањето на очекуваната животна возраст, тврдат авторите на студијата објавена во понеделникот во специјализираниот магазин Journal of the American College of Cardiology.

Студијата во основа покажува дека тркачите живеат подолго од неактивните лица. Според ова истражување, лицата кои секојдневно трчаат па макар и само три до пет минути, во голема мера можат да го намалат ризикот од кардиоваскуларни заболувања и од предвремена смрт.Авторите на студијата не воочиле поголема разлика во здравствената состојба на лицата кои трчаат малку, околу 50 минути во седмицата, или многу – на пример 180 минути неделно, брзо или бавно, помалку од 10 километри на час. Притоа, научниците заклучиле и дека и петминутното трчање дневно е благопријатно за здравјето, исто колку и петнаесетминутното пешачење.Воопшто, луѓето кои трчаат имаат 30 отсто помал ризик од предвремена смрт и 45 отсто помал ризик од смрт поради кардиоваскуларно заболување, отколку кај физички неактивните лица. Очекуваниот животен век кај тркачите во просек е три години подолг, отколку кај лицата кои не трчаат, се истакнува во студијата. Истражувањето е спроведено во американската сојузна држава Тексас на повеќе од 55 илјади возрасни лица со просечна возраст од 44 години, кои биле следени во текот на 15 години./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Германски и норвешки научници открија за која крвна група е најопасен коронавирусот

Објавено пред

Германски и норвешки научници спровеле студија во која анализирале како инфекцијата од коронавирус напредува во однос на крвната група на пациентите.

„Наодите се зачудувачки, иако студијата беше објавена како т.н. нацрт, односно таа сè уште не ги минала проверките и критиките на научната заедница“, пренесува „Дојче веле“.

Експерти од Универзитетот во Кил и Универзитетската клиника во Осло го проучувале текот на болеста кај 1.610 пациенти кај кои короната предизвикала тешки респираторни проблеми. Пациентите биле од Италија и Шпанија, две европски земји кои беа сериозно погодени од епидемијата. Некои од нив починале.

Споредувајќи ги ДНК-материјалите на овие пациенти со примероци од крв од 2.205 здрави лица, се покажало дека луѓето со крвна група А имаат поголем ризик од потешка форма на заболување.

Инфицираните луѓе со крвна група А имаат двојно поголема веројатност да завршат на респиратор во споредба со заразените со крвна група 0. Групите Б и АБ се некаде помеѓу, се наведува во резултатите од истражувањето.

Групата А е најчеста крвна група во Европа по што следуваат 0 и Б, а најретка е АБ.

Доколку се потврди резултатот од студијата, ваквото сознание може да помогне во развојот на терапија.

Одамна е познато дека разни болести различно влијаат врз луѓето во зависност од нивната крвна група. На пример, пациенти со група 0 ретко заболуваат од маларија, а групата А има најдобар имунитет против чума.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Кучиња душкачи откриваат заразени со коронавирус

Објавено пред

Школа за обука на кучиња во Техеран, во соработка со иранската армија и властите, тренира кучиња за откривање луѓе заразени со новиот коронавирус.

Школата добила примероци од вирусот од разни болници, а во 65,4 отсто од случаите кучињата погодувале кои лица се позитивни, а кои негативни.

Со душкање овие кучиња може да проверат од 250 до 300 луѓе за еден час.

Прикажи повеќе...

Забава

Губењето на чувството за вкус и мирис, еден од симптомите за Ковид-19

Објавено пред

Луѓето кои го изгубиле чувството за вкус или мирис, се препорачува да бидат тестирани за коронавирус, откако аносмијата е препознаена како трет симптом на инфекцијата, што го оправдува тестот, се наведува во новите инструкции издадени од британската влада.

Британските медицински експерти велат дека губењето на двете сетила треба да биде знак дека е потребно тестирање, дури и ако другите два симптома се отсутни, односно пациентот нема постојана кашлица и висока температура, пренесува „Гардијан“.

Истражувањето на владината советодавна медицинска група НЕРВТАГ, покажало дека меѓу 24 и 29 март, 59 проценти од позитивните на Ковид-19 кои се пријавиле преку апликација за следење на симптомите, доживеале губење на чувството за мирис и вкус.

„Во комбинација со другите симптоми, луѓето кои доживеале губење на чувството за мирис и вкус, имаат трипати поголеми шанси да бидат заразени со коронавирус“, вели професорот Тим ​​Спектор од Кралскиот колеџ во Лондон.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион51 минута

Брнабиќ: Ова се најнасилни протести досега

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека протестите од изминатите два дена во Белград се најнасилните протести досега, но кажа...

Македонија1 час

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ може да влезат во земјава само со негативен тест

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ од денеска може да влезат во земјава само со негативен тест за...

Регион2 часа

Повредени 19 полицајци и 17 демонстранти на протестот во Белград

За време на синоќешните протести и немири пред Собранието на Србија во Белград  повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти....

Македонија2 часа

(Аудио) Објавен разговорот меѓу Заев и лажната Грета Тунберг

Руските пранкери Владимир Кузнетсков и Алексеј Столиров го објавија разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со...

Регион12 часа

Вулин: Ова е обид за државен удар, се радуваат сите непријатели на Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вечерва во изјава за ТВ „Пинк“ рече дека она што се случува втора вечер...

Регион13 часа

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата....

Регион14 часа

(Видео) Белград под опсада: Полицијата фрли солзавец, демонстрантите гаѓаат со факли

На протестите во Белград избија и првите инциденти пред Собранието. Се слушнаа неколку детонации, а полицијата фрла солзавец. Демонстрантите извикуваат...

Свет16 часа

Бројот на заболени од коронавирус низ целиот свет надмина 12 милиони

Низ целиот свет oд новиот коронавирус досега се заразиле над 12 милиони луѓе, односно 12.002.132, според најновите податоци објавени на...

Регион18 часа

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред националното собрание, оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Македонија19 часа

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени од коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија19 часа

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија22 часа

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион22 часа

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион23 часа

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион23 часа

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Македонија24 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на...

Свет1 ден

Мистериозен синдром поврзан со коронавирусот предизвикува оштетување на мозокот кај децата

Коронавирусот може да предизвика големи невролошки проблеми кај некои деца, откриле научниците. Иако на младите им е полесно да се...

Свет1 ден

(Видео) Автобус полн со матуранти во Кина падна од мост во езеро, најмалку 21 загинат и 15 повредени

Најмалку 21 човек загина, а 15 се повредени кога автобус излета од патот и падна во езеро во Кина. Автобусот...

Свет1 ден

Во САД над 3 милиони заразени со Ковид-19

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина три милиони, сè повеќе сојузни држави бележат рекорден број нови случаи, а...

Македонија1 ден

Задолжителен тест за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и на Црна Гора при влез во земјата, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок, на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез...

Досие