Забава
„Жешка“ роденденска честитка: Викторија го објави Бекам во црвен костим за капење
Дејвид Бекам го прослави својот 51. роденден, а неговата сопруга, Викторија, му честиташе со фотографија на која поранешниот фудбалер позира во црвен костим за капење.
Покрај фотографијата, Викторија сподели и детска фотографија од Дејвид, како и нивни заеднички романтични моменти, порачувајќи дека тој е „нивниот свет и сè што имаат“.
View this post on Instagram
Прославата започнала со семејна вечера во Лондон во присуство на најблиските членови на семејството, но без нивните деца.
Медиумите наведуваат дека најстариот син на парот, Брклин Бекам, не се очекува да присуствува поради продолжени семејни тензии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Пет години финансиска среќа за три хороскопски знаци
Според астролошките прогнози, од 25 јуни Биковите, Вагите и Јарците влегуваат во петгодишен период на финансиска стабилност и нови можности.
Се наведува дека ова е време кога многумина од овие знаци ќе успеат да ги решат старите долгови, да затворат кредити и да ги подобрат своите финансиски услови. Можно е да се појават приходи преку нови деловни можности, наследства или проекти кои долго време биле во застој.
Биковите би можеле да добијат можност за проширување на имотот или за решавање на долгогодишни финансиски обврски.
Вагите ги очекува период во кој би можеле да наплатат заостанати побарувања или да реализираат финансиски добивки што долго ги очекувале, а дел од нив ќе се насочат кон инвестиции.
Јарците, според астролозите, конечно би можеле да ги видат резултатите од својот труд преку подобро платени ангажмани, нови договори или напредок во кариерата.
Астролозите тврдат дека најголемата промена нема да биде само во парите, туку и во чувството на сигурност и намалувањето на финансискиот стрес, што позитивно би можело да влијае и врз семејниот живот.
Забава
Едноставен трик што може да го разлади станот во летните горештини
И покрај спуштените ролетни и вклучениот вентилатор, многу станови остануваат жешки во летните денови. Еден едноставен трик што често се занемарува е отворањето на ормарите при утринското проветрување.
Според советите, големите ормари во текот на денот акумулираат топлина, особено ако се наоѓаат во близина на прозорци или се изложени на сончева светлина. Топлиот воздух останува заробен зад затворените врати и може дополнително да ја загрева просторијата.
Затоа се препорачува рано наутро, кога надворешните температури се најниски, да се отворат прозорците, но и вратите на ормарите и другите затворени простори. Така свежиот воздух ќе циркулира и ќе помогне да се исфрли насобраната топлина.
Откако температурата надвор ќе почне да расте, прозорците треба повторно да се затворат, а ролетните и завесите да се спуштат за да се задржи посвежиот воздух во домот што е можно подолго.
Забава
Холивудската ѕвезда го следеше натпреварот Канада – БиХ, но многумина не го препознаа
Холивудскиот актер Мајк Мајерс ги изненади навивачите со своето појавување на натпреварот меѓу Канада и Босна и Херцеговина на Светското првенство.
63-годишниот актер, познат по улогите во „Остин Пауерс“ и како гласот на Шрек, го следеше натпреварот во Торонто во друштво на Рајан Рејнолдс.
Мајерс бил прикажан на телевизиските камери за време на натпреварот, но коментаторите на „Би-би-си“ првично не го препознале. Дури подоцна било посочено дека во ложата се наоѓа актерот кој му го позајми гласот на Шрек.
Неговото појавување предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде многумина коментираа дека толку се вклопил меѓу навивачите што останал незабележан.
Натпреварот меѓу Канада и БиХ заврши 1:1.
