Забава
Животната среќа зависи од тоа каде живеете
Графиконот на среќата паѓа со влегувањето во средните години, но само доколку живеете на богатиот Запад, покажа истражувањето на британски научници коешто во четвртокот го објави BBC.
Користејќи се со глобалните податоци, научниците од универзитетот во Лондон откриле дека животното задоволство зависи од тоа живеат луѓе. Графиконот на среќата во САД и во Велика Британија има форма на латиничната буква U со дно во средната возраст, додека во Африка е константно ниска, а во источна Европа, во земјите од поранешниот Советски сојуз и во Латинска Америка со годините опаѓа.
Причините за тоа се повеќекратни и сложени, но постојат некои непоколебливи факти и поуки коишто можеме да ги извлечеме од тоа, изјави професорот Ендрју Стептоу. Експертите ги користеле податоците на институтот Gallup од повеќе од 160 земји во светот во коишто живеат 98 отсто од светското население.
Ка западните народи животната среќа паѓа на најниското ниво во периодот меѓу 45 и 54 години дека потоа повторно би пораснала. „Тоа е најдоброто време за напорна работа и заработување пари, дури и со жртвување на среќата, за да може богатството и задоволството подоцна да се зголеми“, вели коавторот на студијата Ангус Дитон.
Токму со тоа може да се објасни зошто повозрасните лица и покрај тоа што со годините телесно се сé послаби. Иако ги мачи лошото здравје, нивното општо задоволство од животот го поништува негативното физички проблеми, сметаат експертите.
Во земјите во коишто се одвива транзицијата од поранешниот комунистички систем, нивото животното задоволство константно опаѓа со стареењето и воопшто е помало отколку на Западот. Тоа може повторно да се подведе под економските причини, бидејќи постарите луѓе во овие земји повеќе не живеат во системот кој има давал смисла на животот, пензии и здравствено осигурување.
Во субсахарска Африка задоволството од животот е ниско во текот на целиот живот. А и стресот и стравувањата се повисоки, покажува истражувањето.
Професорот Стептоу вели дека парите не се гаранција за среќата, но економскиот напредок секако придонесува за чувството на задоволство. „Се чини дека животната среќа му од рака-под-рака со економскиот напредок во светот“, истакнува./крај/мф/сн
Извор: BBC
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.