Забава
Писмо од Ајнштајн за антисемитизмот продадено за 40 000 долари
Рачно напишано писмо од Алберт Ајнштајн во кое предупредува на опасноста од растечкиот национализам и антисемитизам повеќе од една деценија пред нацистите да дојдат на власт е продадено за речиси 40 000 долари.
Аукциската куќа „Кедем“ соопшти дека писмото, за кое не се знаело од порано, го донел анонимен колекционер и дека синоќа е продадено на аукција во Ерусалим за 39.360 долари. Почетната цена била 12.000 долари.
Ајнштајн го напишал писмото за неговата сестра кога почнал да се крие откако десничарските екстремисти го убиле министерот за надворешни работи на Германија, Евреинот Валтер Ратенaу. Полицијата го предупредила научникот дека и неговиот живот би можел да биде во опасност.
Тој потоа избегал од Берлин и се сокрил во северна Германија. Тогаш го напишал писмото на неговата помала сестра Маја.
„Тука никој не знае каде сум и се верува дека сум исчезнал. Тука доаѓаат тешки економски и политички времиња, така што среќен сум што сум во можност да избегам од сè“, напишал Ајнштајн.
Писмото од 1922 година покажува дека тој бил загрижен за иднината на Германија пред нацистите да се обидат да ја преземат власта во Баварија.
Ајнштајн се откажал од германското државјанство во 1933 година кога Хитлер станал канцелар и се преселил во САд каде што живеел до неговата смрт во 1955 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.