Забава
Почина Винстон Грум, авторот на романот „Форест Гамп“
Авторот на романот „Форест Гамп“, според кој е снимен холивудскиот филм во кој глуми Том Хенкс, почина на 77-годишна возраст, објавија американските медиуми.
Винстон Грум почина во својот дом во Ферхоуп, Алабама, објавија американските медиуми цитирајќи ја градоначалничката Карин Вилсон.
„Исклучително сме тажни поради веста. Овде тој беше икона“, изјави Вилсон за Си-ен-ен додавајќи дека причините за смртта не се познати.
Според локалниот портал „АЛ.ком“, Грум служел како војник во Виетнам и пренесол дел од своето искуство во главниот лик на романот „Форест Гамп“ од 1986 година, кој се стекна со светска слава токму благодарение на филмот и брилијантната интерпретација на Том Хенкс во главната улога.
По враќањето од Виетнам, Грум работел како репортер за „Вашингтон стар“ следејќи ги судството и сојузниот правосуден систем, но поднел оставка за да се посвети на пишувањето.
Неговиот прв роман Better Times Than These е објавен во 1978 година.
Грум исто така пишувал публицистички дела, вклучително и за американската граѓанска војна.
Неговата книга „Разговори со непријателот“ (1982), приказна за еден маринец во Виетнам, кој избегал од логор и се врати дома во САД за да биде уапсен за дезертирство 14 години подоцна, се натпреваруваше за Пулицеровата награда за новинарство во 1984 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.