Забава
Претераното купување преку интернет е ментално нарушување, тврдат експертите
Иако зависноста од купување е одамна призната, таа денес има прилично поинакво значење и обем.
Сега, ваквата зависност погодува едно од дваесет лица, пишува „Дејли мејл“. Последните истражувања покажуваат дека уживањето во трошење пари преку интернет може да доведе до непотребно трупање на предмети, влегување во долгови, како и губење на самоконтролата и чести расправии со најблиските.
„Навистина е време прекумерното купување на интернет да се препознае како закана по менталното здравје и ментално нарушување, односно луѓето да се едуцираат за сите негативни аспекти“, смета докторката Астрид Милер.
Во истражување кое таа го спровела со нејзиниот тим, учествувале 122 лица при што се дошло до заклучок дека зависниците од купување преку интернет почесто страдаат од депресија и анксиозност.
Резултатите од ова истражување се објавени во списанието „Сеопфатна психологија“, а експертите се надеваат дека нивната работа ќе инспирира и други да ја истражуваат оваа појава.
Тие исто така имаат објаснување зошто овој феномен се јавува сè почесто.
„Импулсивното купување се должи на надворешните фактори како што се онлајн распродажби или убави реклами“, објаснува финансиската советничка, Кери Ратл.
Покрај тоа, луѓето се привлечени и од зголемениот број на платформи за онлајн продажба, сè попристапните апликации за купување, како и испораката на производите до врата.
Поради сето ова, велат експертите, расте бројот на млади луѓе кои стануваат зависници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.