Македонија
Власта и опозицијата со спротивставени ставови за датумот за изборите пред лидерската средба
Денеска, со почеток во 13 часот, во Кабинетот на претседателот, ќе се одржи лидерската средба, на која ќе стане збор за парламентарните избори и за актуелната состојба предизвикана од коронавирусот.
Политичките партии пред средбата се со спротивставени ставови за новиот датум за одржувањето на изборите, кои беа одложени поради пандемијата. Сепак, согласни се дека одржувањето на изборите не смее да го загрози здравјето на граѓаните и ќе се придржуваат до препораките на здравствени власти.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во неделата, по состанокот со коалициските партнери, посочи дека на средбата кај Пендаровски ќе предложат изборите да се одржат на средината на јуни. Од друга страна, опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски, пред неколку дена посочи дека според Венециската комисија, по завршување на вонредната состојба, потребни се 60-ина дена за да се одржат предвремени парламентарни избори или парламентарни избори воопшто.
ДУИ е на ставот избори да се одржат што побргу ако тоа е во сосгласност со препораките, а од опозициската Алијанса за Албанците сметаат дека избори треба да се одржат кон крајот на јули или почетокот на август.
На денешната средба кај Пендаровски ќе присуствуваат претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата, кои на последните избори освоија пратенички мандати со самостојни листи.
Во согласност со тоа, како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, поканети се претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, претседателот на Алтернативата, Африм Гаши, претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.
На средбата се поканети и претседателот на Собранието, Талат Џафери, и претседателот на Владата, Оливер Спасовски, информираат од Кабинетот на Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

