Контакт

Економија

Нови 271 илјада работни места во САД

Објавено пред

Американските компании во декември отвориле 271.000 работни места.

Податоците на приватната агенција за вработување „АДП“, покажуваат дека овие бројки се далеку поголеми од очекуваните.

Најновите податоци се зголемени во однос на ноември кога беа отворени 157 илјади работни места и во однос на проекциите на економистите кои предвидуваа дека во декември ќе бидат отворени 178 илјади работни места.

Во градежниот сектор отворени се 37 илјади работни места, а голем скок е забележан во угостителството, каде се бараат 39 илјади лица за работа. Во корпоративниот сектор отворени се 66 илјади работни места, а во образованието и здравството 61 илјада.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Видео) Битиќи – Спаиќ: Поддршка за компаниите за време на кризата, привлекување нови инвестиции и поттикнување повисоки плати

Објавено пред

Во рамките на официјалната посета на Црна Гора, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со министерот за финансии и социјална грижа, Милојко Спаиќ, со кој разговараа за повеќе теми поврзани со управувањето со јавните финансии во функција на поддршка на граѓаните и стопанството.

На состанокот се разменија искуства во спроведувањето мерки за поддршка на стопанството и граѓаните за време на здравствената и економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот кога буџетите на државите се ставија во функција на поддршка на здравствениот систем и одржување на ликвидноста на стопанството и задржувањето на работните места за граѓаните, но и за развојни проекти, со кои ќе се забрза процесот на закрепнување во постковид-периодот.

Вицепремиерот Битиќи и министерот Спаиќ разговараа и за политиките и мерките за привлекување и поддршка на нови инвестиции на компаниите, при што се согласија дека регионот на Западен Балкан има голема шанса во постковид-периодот да биде препознаен како атрактивен регион за нови инвестиции на компании од регионот, но и големи меѓународни корпорации, како поради близината до земјите од ЕУ така и поради тековните процеси со кои се подигнува конкурентноста на земјите во регионот и на целиот Западен Балкан.

Покачувањето на минималната плата влијае на подигнување на животниот стандард на граѓаните и на зголемување на сите плати во стопанството, се согласија соговорниците, при што вицепремиерот Битиќи нагласи дека во изминатите четири години Владата на Република Северна Македонија во инклузивен дијалог со синдикатите и стопанските комори успеа да ја зголеми минималната плата речиси 56 %, a инклузивноста и транспарентноста е процес што се применува при носење на сите стратегии, политики, програми и мерки, во насока на нивна ефикасност и ефективност.

Министерот Спаиќ го информира вицепремиерот Битиќи за програмата „Европа сега“ и со сите бенефити што ќе ги добијат граѓаните со реализација на оваа програма.

На состанокот се констатираа одличните односи помеѓу двете земји и беше искажана недвосмислена определба за понатамошно продлабочување на соработката на сите нивоа.

Прикажи повеќе...

Економија

Стојкова Серафимовска: Граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари пред истите да бидат одобрени

Објавено пред

Денес завршува амандманската распрва по предлог-буџетот за 2022 година по која може да се заклучи дека на власта, предводена од СДСМ и зелените ДУИ и ДОМ, воопшто не ѝ е приоритет здравата животна средина и чистиот воздух, кој, за жал, ние граѓаните не го дишеме, реагираше на прес-конференција пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова-Серафимовска.

„За буџетот за 2022 година пратениците од Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија поднесоа десетици амандмани кои се однесуваат токму на подобрување на животната средина, почист воздух, енергетика и помош на граѓаните и компаниите во справувањето со енергетската криза која веќе започна и допрва ќе се влошува. Сите овие амандмани беа направени во соработка со експерти, како и со претставници од граѓански организации чија дејност е од соодветните области“, истакна таа.

Според неа и покрај тоа што власта постојано се промовира како граѓански ориентирана, се чини дека тоа го прави само декларативно на хартија и на прес-конференции бидејќи во реалноста, конретно во креирањето на државниот буџет за 2022 година, поголемиот дел од овие амандмани беа одбиени од страна на Министерството за финансии и неизгласани од страна на пратениците од власта. Најчестото образложение за тоа беше дека за овие предлози веќе има издвоено средства во владината програма „Зелен развој“, додаде пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ.

„Програмата ‘Зелен развој’ е воведена во 2021 година и за истата биле определени 11 000 000 евра за проекти од областа на екологијата, животната средина и енергетика. Тоа беше планот, но реализација нема бидејќи таква програма во 2021 година ниту се донесе, ниту се објави, ниту, пак, се реализираше. Притоа, парите од граѓаните се потрошени, но никој не знае каде и за што“, потсети таа.

Затоа апелираше до сите пратеници во Собранието заеднички да побараат од Владата во најкус можен рок, поточно пред почетокот на собраниската расправа за буџетот за 2022 година, да ја достави предлог-програмата со наслов „Зелен развој“ за која се предвидени 28 милиони евра.

„Со оглед на тоа дека оваа мистериозна програма се однесува на најважното нешто, а тоа е здравата животна средина и чистиот воздух, граѓаните имаат апсолутно право да знаат каде и како се трошат нивните пари пред истите да бидат одобрени“, додаде Стојкова Серафимовска .

Прикажи повеќе...

Економија

Цената на кесите да се зголемува постепено, примената на законот да се одложи, бараат стопанските комори

Објавено пред

Заштитата на животната средина и одржливо располагање со ресурсите е важен општествен приоритет, но за оваа цел да биде реализирана неопходен е системски пристап и инклузивност на процесот на носење одлуки со вклучување на сите засегнати страни, како и предвидување на соодветен период на прилагодување кон новите законски решенија. Секој друг пристап нема да донесе имплементација на одржливи решенија за заштита на животната средина, туку само ќе ја загрозат егзистенцијата и опстојувањето на голем број деловни субјекти, реагира Групација на производители и преработувачи на пластични маси при Сојузот на стопански комори на Македонија.

Во таа насока Групацијата истакнува барање за целосно одложување на примената на Законот за управување со пакување и отпад од пакување, бидејќи е донесен без консултација на приватниот сектор и погодува цела индустриска гранка.

„Со новиот Правилник за стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за носење стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење  евиденција, употребата на оксо-биоразградливи кеси останува до 1 јуни 2023, а потоа треба да бидат заменети со биоразградливи. За тоа да се обезбеди потребни се дополнителни инвестиции, обука на вработените, а дадените роковите се премногу кратки. За споредба, во Германија донесен е закон во 2015 година со кој на производителите им се остава рок од 7 години за адаптација и пренамена на своето деловно работење. Исто така, во ниту една држава не е целосно забранета употребата на најтенките кеси под 15 микрони кои се користат за размер на овошје и зеленчук, како што е кај нас“, истакнува Ели Качева, претседавач на Групацијата.

Но иако има одложување на забраната за користење на оксо-биоразградливи кеси, нивната цена од вчера изнесува 15 денари, што претставува дополнителен удар за производителите, трговците и граѓаните.

„Сметаме дека надоместокот кој ќе го плаќаат граѓаните за една кеса од 15 денари претставува дополнителен финансиски товар, во време на економска криза и пандемија. Производителите на пластични кеси се соочени со големи проблеми бидејќи голем дел од нарачките се откажуваат, со што значително се намалува обемот на работа. Примената на законското решение е проблематично и затоа што нема прецизен план и програма за што ќе се трошат средствата кои ќе се уплаќаат на сметката во Министерството за животна средина“, објаснува Качева и додава дека поради недореченостите во законот во моментов владее хаос.

За надминување на состојбите Групацијата истакнуваат неколку барања упатени до Министерството за животна средина.

„Прво бараме да се укине надоместокот од 15 денари бидејќи не само што нема никаква пазарна логика, туку е и многу повисок споредено со другите држави. Компаративната анализа која ја направивме покажува дека цената на кесите во Србија изнесува 7,5 денари, а во Грција 9 денари. Сметаме дека зголемувањето на цената треба да биде сукцесивно во етапи. Исто така, неопходно е да се интервенира во казнените одредби бидејќи глобите за трговците, доколку на пример не водат соодветна евиденција за продажбата на кеси, се и до 180.000 евра. Од овие законски измени директно е засегнaто опстојувањето и егзистенцијата на 32 претпријатија кои бројат вкупно 600 вработени физички лица, не вклучувајќи ги и надворешните соработници како добавувачи на репроматеријали, дистрибутери. Затоа е неопходно законот да се измени и да се изнајде заедничко решение, во консултација и работни групи со производителите и трговците“, истакнува Качева.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Омикрон има способност да избегне имунитет од претходна инфекција со коронавирус, предупредуваат научници

Омикрон има значителна способност да избегне имунитет од претходна инфекција со ковид, покажува првата вистинска студија во светот за ефектот...

Европа12 часа

Британија со речиси 54 илјади нови случаи во еден ден, највисока бројка по Европското фудбалско првенство

Велика Британија забележа 53.945 нови случаи на коронавирус – највисока дневна бројка од средината на јули по Европското фудбалско првенство....

Регион12 часа

Бугарските истражители: Познати причините за пожарот во автобусот во кој загинаа 45 луѓе

Познати се причините за пожарот во автобусот што се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Ова го соопштија обвинителот Бисер...

Свет13 часа

Maж облечен како нинџа со меч нападна две полицајки во Франција

Маж облечен како нинџа нападнал со меч и повредил две полицајки во францускиот град Шербур, а досегашните податоци не укажуваат...

Македонија16 часа

333 нови случаи на Ковид-19 и 16 починати за 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на...

Македонија16 часа

Граѓаните утре ќе можат да им оддадат последна почит на загинатите во автобуската несреќа

Министерството за надворешни работи информира дека утре (3 декември), во 9 часот, на скопскиот аеродром се очекува да пристигнат посмртните...

Европа19 часа

Курц се повлекува од политиката: Не сум ниту светец, ниту злосторник

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц се повлекува од политичкиот живот, објавија австриските медиуми. Курц денеска излезе пред новинарите и најави...

Економија20 часа

Цената на кесите да се зголемува постепено, примената на законот да се одложи, бараат стопанските комори

Заштитата на животната средина и одржливо располагање со ресурсите е важен општествен приоритет, но за оваа цел да биде реализирана...

Македонија21 час

Јовески: Oбвинителите и судиите да работат непристрасно и професионално

Предизвикот на обвинителите и судиите во битката за обезбедување на владеењето на правото и еднаков пристап до правдата е секојдневен....

Европа22 часа

Зголемени тензиите на Западен Балкан, предупредува Столтенберг

Тензиите на Западен Балкан се зголемени , вклучително и во БиХ и Косово, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг....

Македонија23 часа

Сарафов: Идентификувани се сите 45 жртви од автобуската несреќа на автопатот Струма

Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви...

Свет23 часа

Гутереш: Затворањето на африканските граници поради омикрон е неправедно

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, рече дека затворањето на границите поради новиот сој на коронавирус омикрон е многу неправедно,...

Македонија2 дена

(Видео) Во СДСМ и во Алтернативата неделава партиски консултации за преговорите помеѓу Заев и Гаши

Се очекува до крајот на оваа недела да се обезбеди усогласување за влез на Алтернативата во Владата. Партиските тела на...

Македонија2 дена

(Видео) Имаме напредок, рече Гаши по средбата со Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на Алтернативата, Африм Гаши, по четири часа средба, заедно го напуштија Клубот на...

Македонија2 дена

Нови 410 заразени со Ковид-19, починале 11 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.674 тестирања,...

Свет2 дена

СЗО со прва проценка за омикрон – заразените се со благи симптоми

Раните индикации сугерираат дека повеќето случаи на омикрон имаат благи симптоми, изјави претставник на Светската здравствена организација. Зборувајќи во име...

Македонија2 дена

Владата предлага да се продолжи кризната состојба за уште 6 месеци

Владата го утврди текстот на предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со...

Македонија2 дена

Ковачевски ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ – побара поддршка од членството и граѓаните

Заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Тој кажа дека поднел и програма која се базира...

Македонија2 дена

Филипче: Не се исклучува задолжителна вакцинација доколку не помогнат апелите на матичните лекари

Само со апели од матичните доктори, без дополнителни мерки ќе се стимулира вакцинацијата и спречувањето на ширење на коронавирусот. Ова...

Македонија2 дена

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ. Таа кажа дека Димитар Ковачевски има поддршка во кандидатурата од...

Досие