Македонија
Започна пријавувањето за вториот Национален Microsoft Office Specialist натпревар
Во рамки на „Microsoft Визија Reloaded“, што се одржува во среда во Скопје, официјално започнува пријавувањето за вториот Национален Microsoft Office Specialist натпревар, каде натпреварувачите ќе имаат можност да ги покажат своите вештини во познавање на Microsoft Office апликациите: Word, Excel и PowerPoint (2013 или 2016).
Победниците на Националниот Натпревар ќе учествуваат на Светскиот Натпревар за Microsoft Office Specialist 2017 кој наредната година ќе се одржи во Калифорнија, САД.
На конференцијата говореа Мунаим Макхтари – директор на Цертипорт за Бенелукс, Источна Европа, Африка и Блиски Исток и Марко Марковиќ – минатогодишен победник на националниот натпревар и македонскиот претставник на светскиот натпревар „Мicrosoft Office“, кој се одржа во Орландо-Флорида што на светско ниво го освои деветтото место во „Microsoft Power Point 2013“.
“Иако денешните дигитални “домородци” пораснале нурнати во технологијата – умешни во игри, испраќање пораки, социјални медиуми и користење на паметни телефони и таблети – многу од нив не се подготвени да ја користат технологијата за поголема ефикасност на работното место, како што се алатките за бизнис продуктивноста и специјализираните софтвери. Работодавачите денес се соочуваат со предизвици при наоѓање на вработени кои имаат општи, основни вештини за бизнис технологија, како и изнаоѓање на оние кои имаат повисоко ниво на техничка способност да управуваат со напредни технологии.
Независни истражувања, постојано ги рангираат вештините во Microsoft Office меѓу првите пет атрибути кои работодавците ги бараат во потенцијалните кандидати.
Светското првенство на Microsoft Office Specialist во 2016 година, по јубилејот од 15 години, успеа да привлече повеќе од 1.000.000 кандидати од 127 земји, кои се натпреваруваат да ги покажат своите способности за Microsoft Office апликациите. Сто и педесет студенти финалисти учествуваа во финалната рунда на натпреварот”, истакна Мунаим Макхтари.
Microsoft Македонија и Certiadria оваа година по втор пат го организираат Националниот Натпревар Microsoft Office Specialist. Право на учество имаат сите оние од 13 до 22 години, односно сите ученици од основните и средните училишта, како и студентите на факултетите. Националниот натпревар во Македонија ќе се состои од два круга. Првиот квалификациски круг ќе се одржи во десетина средни училишта, факултети и тренинг центри ширум земјата.
Секој месец ќе се одржуваат полагања низ цела Македонија, а воедно ќе се избира финалист на месецот кој влегува директно во големото финале кое ќе се одржи во мај 2017 година. Сите оние кои ќе ги положат испитите, стануваат дел од семејството на меѓународно сертифицирани кандидати.
Најдобриот Microsoft Office Specialist на Македонија, ќе патува во Калифорнија од 30 јули до 2 авуст и ќе ја претставува Македонија на овој натпревар кој е рангиран меѓу најдобрите настани во својата категорија. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

