Забава
Првиот Hair show настан во Скопје
Првиот Hair Show настан на тема True Beauty ќе се одржи во недела вечер во Скопје.
Hair Show Skopje е единствениот настан кај нас, преку визуелно ќе се претстават модните трендови преку 15 креативни фризури: трендови на кратка коса употребувајќи најразлични бои, техника balayage односно техника за осветлување на косата или нијансирање со финален природен изглед, како и техника за боење на руса коса и 5 авангардни фризури кои ќе бидат претставени пред скопската публика.
“Му беше потребен ваков тип на настан на Скопје. Сведоци сме на тоа дека денес во било кое време и простор преку најразличните платформи: инстаграм, фејсбук и уште неколку развиени социјални мрежи можеме лесно да стигнеме до најразлични идеи кои ги презентираат светските фризерски мајстори преку светски славните лица, но само преку перформанс и своевидно шоу може да се доживее искуство кое во иднина може да биде одлична промена на стилот”, изјави Инес Вичишка Горгиоска директор на продажба во Вичишки комерц, генерален увозник и дистрибутер на Кене програмата за нега на коса
Ова е начин со кој ќе се поттикнат сите фризерски уметници да бидат дел од настани кои понатаму ќе им помогнат во бизнис развој, до ниво кое се практикува во светот.
Настанот ќе се одржува во МКЦ – dancing салата во недела со почеток во 20:00 часот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Манекенка поминала низ скенер на аеродром: цариниците не можеле да поверуваат што има во нејзината глава
Манекенка од Тајван доживеала шок при безбедносната проверка на аеродромот, па решила да им ги открие деталите на своите обожаватели.
Фанг Киуан (36) е самопрогласен фанатик за пластична хирургија со повеќе од 19 операции, а нејзината објава собра 1,3 милион прегледи.
Фанг потрошила над 250.000 долари на разни естетски зафати, вклучувајќи две операции на челото, пет на очните капаци, исто толку на носот, две на брадата…
Неодамна поминала низ скенер на аеродром кога машината засвирела. Не ѝ било јасно што се случува додека не било утврдено дека има неколку туѓи предмети во главата, пренесува „Њујорк пост“.
View this post on Instagram
Така сфатила дека ѝ останала хируршка завртка во брадата по операцијата пред осум години. Но, тоа не било сѐ.
„На видеото се гледаат и завртките во носот“, рекла Фанг и додала дека „се чувствува како вуду-кукла“.
Нејзините фанови останаа шокирани од фотографиите што ги објави на „Инстаграм“.
„Ова е тешко за гледање“, напиша еден, а друг продолжи: „Еве што прават луѓето за убавина“.
Фанг откри дека закажала нова процедура за отстранување на металните предмети.
Забава
Отворен Канскиот филмски фестивал, Мерил Стрип доби почесна награда
Канскиот филмски фестивал официјално почна во вторникот вечерта кога познатите личности прошетаа на црвениот тепих во раскошниот Гранд театар „Лумиер“ за да ѝ оддадат почит на холивудската актерка Мерил Стрип, на која ѝ беше врачена почесната „Златна палма“.
На актерската екипа на француската комедија и на отворањето на фестивалот се придружи и годинешното жири предводено од режисерката Грета Гервиг.
Публиката со овации ја поздрави добитничката на почесното признание Мерил Стрип, а на сцената ја поздрави француската актерка Жилиет Бинош.
„Го променивте начинот на кој ги гледаме жените во филмскиот свет“, рече Бинош. Стрип, чија долга листа на филмови ги вклучува Death Suits Her, Mamma Mia! и „Железната дама“, наведе многубројни луѓе на кои сакаше да им се заблагодари.
Забава
Брат ми ми беше втор татко, чував добиток и одев на училиште: Миле Китиќ со детали за тешкото детство
Миле Китиќ потекнува од село во Босна, каде што и покрај скромното детство, успеал да ги стави пред себе музичките соништа и да стане голема ѕвезда.
Во својата изјава за „Гранд“ тој откри непознати детали од растењето и животната борба.
„Роден сум во село во БиХ, во земјоделско семејство, бевме петмина. Не кријам дека му помагав на семејството, се грижев за стоката, сето тоа го правев покрај одењето на училиште, но тоа беше нормално“, изјави тој.
Среќните денови во неговото село биле прекинати со заминувањето на неговите родители на друг континент кога тој го напуштил родното место и на четиринаесет години заминал во Сараево.
„Кога бев осмо одделение, моите родители заминаа во Америка, а најстариот брат ми беше како втор татко, живееше во Сараево. Имаше жена и дете и сите живеевме во една барака, една соба. Отидов кај него и завршив средно училиште“, открива Китиќ и додава:
„Тешко е да се дојде од провинција во голем град и да се почне со музика, особено Сараево тогаш беше музичка метропола. Имаше неколку пејачи кои беа сериозни ѕвезди. Почнав да пеам во центрите за култура и ме забележаа, имаше некои момци што го основаа бендот ‘Принцови’ и почнав да свирам со нив бас-гитара, па покрај обврските кон училиштето, почнав и да потпевнувам и да одам на некои аматерски натпревари“, се присетува пејачот на своите почетоци.
Покрај пеењето, Китиќ сакал и спорт и имал амбиција да се запише на факултет.
„Сакав да бидам професор по физичко. Отидов на приемот на ДИФ и таму запознав колеги кои се занимаваа со музика, а тој ден имаа тезга во градината. Отидов со нив да пеам наместо на приемниот и така почна сѐ… Не се запишав на факултет!“, вели Китиќ.