Регион
Романскиот претседател ја одби кандидатката за премиерка

Романскиот претседател Клаус Јоханис во вторник ја одби Севил Шаидех, кандидатката на Социјалдемократската партија, за премиерка, со барање да понудат нов кандидат.
Социјалдемократската партија ја предложи Севил Шаидех, 52 годишна муслиманка блиска до Ливи Драгнеа, моќник од оваа партија кој ја загуби својата функција по осудата за изборна измама во 2012 година.
Социјалдемократската партија на 11 декември победи на изборите со големо мнозинство и заедно со своите коалициони партнери и долгогодишни сојузници АЛДЕ, освоиле мнозинство од 250 места во парламентот што има 465 пратеници, заради што коалицијата нема да има проблем со добивањето поддршка во дводомниот парламент.
Драгнеа е близок до Шаидех која доаѓа од моќна романска муслиманска заедница со околу 65.000 членови, а бил и нејзин кум на венчавката за поранешниот советник во министерството за земјоделство со потекло од Сирија.
„Внимателно ги проучив аргументите за и против, па одлучив да ја одбијам номинацијата на госпоѓата Севил Шаидех“, рече Јоханис пред новинарите.
Тој ги повика социјалдемократите и АЛДЕ да дадат нова понуда. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.