Црна хроника
Стружанец си задржал пари од фирма оти газдата му должел две плати
Стружанец задржал средства од фирма за брза пошта, во знак на револт оти сопственикот на фирмата му немал исплатено две плати.
Поднесена е кривична пријава против Н.К. (24) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
На 20.01.2017 година во ПС Струга од страна на Н.С. пријавено е затајување на парични срества подигнати од брза пошта во фирма за брза пошта од Струга, од страна на пријавениот кој бил вработен како возач, со што причинил материјална штета на фирмата од 56.000денари.
Полициски службеници извршиле разговор со пријавениот при што истиот го признал делото и посочил дека го извршил затоа што бил револтиран од сопственикот, заради неисплатени две месечени плати. На тој начин сакал да ги принуди да му го исплатат заостанатиот долг кон него. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.