Контакт

Вести

Претседателот на Туркменистан освои трет мандат со 98 отсто гласови

Објавено пред

Туркменистанскиот претседател Гурбангулиј Бердимухамедов, кој се наоѓа на власт од 2006 година, го освои третиот мандат со 98 отсто од гласовите, објави во понеделник изборната комисија на оваа средноазиска земја.

dobivaj vesti na viber

Комисијата објави дека излезноста на неделните избори била многу голема, над 97 отсто.

Досегашниот претседател имаше осум противкандидати, речиси непознати лица. Сите тие се државни службеници, директори на државни компании или кандидати на политички партии, целосно лојални на владата.

Бердимухамедов ја врши должноста претседател од 2006 година, откако на должноста го наследи покојниот доживотен претседател Сапармурат Нијазов.

По две петгодишни мандата, Бердимухамедов овој пат ќе остане на власт најмалку седум години, благодарејќи на уставната реформа усвоена во септември минатата година.

Туркменистан, сместен во централна Азија, располага со значителни извори на нафта и гас. Туркменистан е една од државите настанати по распадот на поранешниот Советски сојуз. /крај/хн/ст

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ54 минути

Удрил во 73-годишен велосипедист, го оставил тешко повреден и побегнал

Вчера околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Македонско косовска бригада“ во Скопје, патничко возило удрило во...

Топ2 часа

Се запали фурна во неготинското село Криволак, нема повредени лица

Во ОВР – Неготино рано изутрина, во еден часот, пријавено било дека во неготинското село Криволак, настанал пожар во објект...

Македонија6 часа

Од денес започнува есента

Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 14:43 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата...

Македонија17 часа

Кавадарци му предаде 220 безбедносни камери на МВР и се вклучи во проектот „Безбеден град“

Со повеќе од 220 камери на територијата на градот кои денеска му беа предадени на Министерството за внатрешни работи, Кавадарци...

Европа21 час

Вонредна состојба во Италија, поплавени се два региони

Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи. Поројните врнежи предизвикаа...

Македонија22 часа

Премиерот Мицкоски вели дека во есенската кошница се производите кои се најкористени од граѓаните

Со есенската потрошувачка кошница се опфатени производи коишто се најкористени од страна на граѓаните, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во...

Македонија1 ден

Љупчо Николовски потрошил 16.000 евра за кафеани и ресторани, обвини Петрушевски

„Во изминативе денови презентиравме како Љупчо Дон Николовски се однесувал со народните пари, расфрлајќи државни средства за лични уживања, кога...

Европа1 ден

Украинската војска добива повеќе пари за борбата против рускиот напад

Украинската војска добива повеќе пари за борбата против рускиот напад според новиот закон потпишан од претседателот Володимир Зеленски, кој претходно...

Македонија1 ден

Уште два дена сонце, од вторник дожд и грмежи

Следните два дена времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во вторник и...

Македонија1 ден

Со нова мобилна апликација МВР ќе се бори против семејното насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се обрати на промоција на мобилната апликација „Џастис РБН за родово базирано насилство“, која...

Македонија1 ден

Објавени конкурсите за стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните установи

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави конкурсите за стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните...

Македонија1 ден

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во САД

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во Соединетите Американски Држави, каде ја предводи македонската државна делегација на 79. Генерално...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски за барањето на Ковачев ВМРО-ДПМНЕ да се исклучи од ЕНП: Тоа би била добра првоаприлска шега

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Штип го искоментира барањето на европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев да се исклучи партијата ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија2 дена

Кузеска: Инцидентот со знамето е грешка на протоколот на Сиљановска, заострувањето на односите на е во интерес ниту на Софија

Влошувањето на односите со соседите ја става под знак прашање европската перспектива и оди на директно на штета на националните...

Македонија2 дена

(Видео) Петрушевски: Љупчо дон Николовски плаќал и по 500 евра за хотел од вечер, додека земјоделците чекале да ги подобри работите

„Љупчо Дон Николовски наместо за земјоделците се борел за себе. Наместо да планира како да ги подобри условите во земјоделието,...

Македонија2 дена

Адвокатот на таткото на Вања: Обвинението се темели на доказите што ги прибавил Александар, тој е жртва

Адвокатот на таткото на Вања, Владимир Туфегџиќ, рече дека, денеска, во воведните говори на Јавното обвинителство не слушнале која е...

Македонија2 дена

Одлуката на Уставниот суд за балансерот е избрзана, не ни требаат тензични состојби, оценува Таравари

Според министерот за здравствo Арбен Таравари, одлуката на Уставниот суд за „балансерот“ е избрзана. „Уставниот суд, за жал, се судии...

Македонија2 дена

Ковачев: Ќе бараме ВМРО-ДПМНЕ да ја исклучат од Европската народна партија

Ја информиравме Европската народна партија за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и ќе побараме да се иницира процедура за исклучување на таа...

Топ2 дена

Ограбена аптека во Ново Лисиче, разбојникот уапсен веднаш по грабежот

Вчера, во 21.55 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го...

Македонија2 дена

Почнува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почнува судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Судечкиот...