Македонија
Јанева пред Советот на јавни обвинители образложуваше зошто се откажа од „Пуч“

Тим на Специјалното јавно обвинителство предводен од обвинителката Катица Јанева во понеделник имаше работна средба во Советот на јавните обвинители.
Јанева, по завршувањето на средбата, рече дека се зборувало за тековни работи и проблеми со кои се соочува СЈО, но без да изнесе детали за тоа дали на барање на Советот ќе му го дадат предметот „Пуч“ од чие обвинение СЈО се откажа.
„Беше работна средба, ќе има уште вакви средби. Сè уште ништо не е конечно ќе разговараме и понатаму дали ќе им го предадеме предметот „Пуч“, рече Јанева по средбата.
Таа не ја коментираше претставката од МВР по која Советот побара СЈО да појасни зошто се откажало од понатамошно кривично гонење на пет лица меѓу кои и идерот на СДСМ Зоран Заев.
Во заедничкото соопштение од СЈО и Советот за јавни обвинители се вели дека на средбата станало збор по писменото барање на Советот за предавање на увид на списите по предметот „Пуч”.
СЈО во јануари соопшти дека се откажува од обвинението за „Пуч“ кое го наследни од Обвинителството за организиран криминал и корупција бидејќи доказите со кои располагаат се во спротивност со доказите до кои тие дошле во истражните постапки „Таргет“ и „Тврдина“.
Во „Пуч“, покрај лидерот на СДСМ Зоран Заев, обвинети беа и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, општинскиот службеник од Струмица, Бранко Палифров и Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР. Тие беа осомничени за шпионажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Вчера 644 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода пет лица поради безобзирно управување со возило

Во текот на вчерашниот ден во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, вкупно беа издадени 644 платни од кои што во најголем дел се сообраќајните прекршоци што се однесуваат на непрописно паркирање 183, како и на управување на возило со брзина поголема од пропишаната 158 прекршоци, известува МВР.
„Покрај ова во текот на вчерашниот ден, согласно одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, беа изречени и 82 прекршоци за возачи што управувале возила без возачка дозвола, потоа евидентирани биле 33 прекршочни санкции за користење на мобилен телефон и 37 прекршоци заради неносење сигурносен појас, додека пак за неносење заштитен шлем биле санкционирани 27 возачи на мотоцикл.
Исто така, санкционирани се двајца возачи на електрични тротинети, петмина возачи што минале на црвено светло како и 10 возачи што управувале возило со недозволено количество алкохол во крвта. Воедно од страна на полициските службеници вчера беа лишени од слобода и петмина возачи на кои што ќе им бидат поднесени кривични пријави по основ на член 297-а од КЗ на РСМ („безобзирно управување моторно возило“) затоа што кај нив се детектирани вредности на алкохол во крвта над 1,5 промили. Инаку, согласно Законот за возачи вчера од сообраќај беа отстранети 16 возила заради непоседување важечка сообраќајна дозвола, како и четири возила заради техничка неисправност.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопшти МВР.
Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги закочи реформите во правосудството и го партизираше со баџанаци и сопружници на нивни функционери

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги блокираа реформите во судството а со тоа и правдата во Македонија. Мицкоски одби да ги донесе неопходните реформски закони и покажа дека нема никаква намера за независно судство туку само едно, заробено и послушно судство, под диктат на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.
„За 2025 година беа предвидени вкупно 12 закони, од нив, во Собранието не е поднесен ниту еден.
Наместо реформи и независно судство, Мицкоски судството го претвори во партиска филијала, со судии кои се сопружници на негови градоначалници и роднини на неговите коалициски партнери.
Без вистински реформи во судството и независни институции нема правда. Затоа Мицкокси треба да молчи и да не го обвинува СДСМ за реформи кои самиот не ги прави.
СДСМ подаде рака, понуди помош за реофрмите, понуди заеднички групи, ВМРО-ДПМНЕ одби се. Тоа е јасен показател дека ниту имаат интерес ниту сакаат независно и ефикасно судство.
За крај им порачуваме да прекинат да глумат опозциција, за секоја своја неспособност крив им е СДСМ. Ова е веќе дегутантно и граѓаните се смеат на нивните оправдувања“, соопшти СДСМ.
Македонија
Герасимовски: Општина Центар обезбеди дополнителна механизација за чистење на улиците и сметот

„Центар веќе подолго време се соочува со хаос во хигиената поради неработењето на ЈП „Комунална хигиена“ кое е под надлежност на Град Скопје. Илјадници граѓани секојдневно сведочат на преполни контејнери и нечисти улици, иако одржувањето на јавната чистота е законска обврска на градските институции“, велат од Општината.
„Во вакви услови, Општина Центар со сопствени капацитети и преку локалното јавно претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ веќе со денови интервенира и ја презема работата што други ја запоставиле – собирање смет, миење и чистење на улиците.
Вчера, градоначалникот Горан Герасимовски заедно со директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ Душко Коцевски, потпишаа договор за изнајмување на дополнителна механизација и опрема. Овој договор значи значително засилување на теренските активности“, известува Општината.
„Граѓаните на Центар не смеат да бидат заложници на нечија негрижа. Наша должност е да им обезбедиме чисти улици и достоинствено урбано живеење. Затоа обезбедивме дополнителна механизација за поефикасно справување со отпадот и одржување на јавната хигиена“, вели Герасимовски.
„Со договорот се обезбедени следниве услуги и машини:
– Ѓубретарки со капацитет од минимум 18 м³ и 10 м³ за собирање и транспорт до депонија,
– Мала цистерна (0,5 м³) за перење на прометни површини,
– Специјализирана метларка со капацитет од минимум 1,5 м³,
– Изнајмување метални контејнери од 5 м³ на територија на Општина Центар,
– Возило-цистерна со капацитет од минимум 7 м³ за миење и перење улици,
– Возило-подигнувач за подигање и транспорт на метални контејнери,
– Машина за бележење на хоризонтална сигнализација.
Со ова зајакнување на капацитетите, Општина Центар покажува дека и во услови на институционална блокада, интересот на граѓаните е на прво место.
Герасимовски најави дека со новата механизација се почнува веднаш и дека ќе се ангажираат сериозни акции за чистење за да се спречи хаосот кој го создава Комунална хигиена и Градот Скопје“, се додава во соопштението на Општината.