Македонија
Ревизор: Финансиските извештаи на НБРМ се објективни
Според мислењето на независниот ревизор, Финансиските извештаи на Народната банка на Република Македонија, од сите материјални аспекти, објективно ја претставуваат финансиската состојба на Народната банка на Република Македонија на 31 декември 2016 година, како и резултатите од работењето и паричните текови за годината што заврши, во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).
Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата трета седница, на која беше разгледан и усвоен Извештајот за работењето на внатрешната ревизија за 2016 година, при што беше заклучено дека Дирекцијата за внатрешна ревизија целосно ја спроведе својата програма за работа.
Внатрешната ревизија ги остваруваше своите основни цели преку систематско оценување и давање препораки за подобрување на процесот на управувањето со ризиците, соодветноста и ефективноста на внатрешните контроли, давајќи уверување за ефикасната и економична употреба на ресурсите, безбедното чување и заштита на средствата, веродостојноста и интегритетот на финансиските и другите информации и усогласеноста на работењето со законските и подзаконските акти, интерните политики и процедурите за работа.
На денешната седница Советот го усвои и Извештајот за извршувањето на Програмата за работа на Народната банка на Република Македонија во 2016 година. Од Извештајот може да се заклучи дека Програмата за работа има висок степен на остварување, со оглед на тоа што планираните програмски активности се завршени, или редовно се спроведуваат согласно со утврдената динамика.
Покрај редовните, беа спроведени голем број нови активности и проекти со кои се овозможи натамошно унапредување на работењето на Народната банка преку подобрување на квалитетот, ефикасноста, прецизноста и безбедноста во работењето, како и приспособување кон одредени регулаторни барања и стандарди.
На денешната седница на Советот беа разгледани и усвоени повеќе одлуки кои произлегуваат од измените и дополнувањата на Законот за банките од октомври 2016 година, во насока на усогласување со Базелската капитална спогодба, т.н. Базел 3, како и со соодветните европски регулативи. Со измените на Законот за банките од октомври 2016 година, банките се должни да одржуваат соодветен износ на капитал за покривање на т.н. заштитни слоеви на капиталот.
Во Законот се пропишани четири заштитни слоеви на капиталот: (1) заштитен слој за зачувување на капиталот утврден на ниво од 2,5% од активата пондерирана според ризиците; (2) противцикличен заштитен слој на капиталот кој може да изнесува 2,5% од активата пондерирана според ризиците, но и повеќе во зависност од други системски фактори/индикатори, (3) заштитен слој на капиталот за системски значајни банки кој се движи од 1% до 3,5% од активата пондерирана според ризиците и (4) системски заштитен слој на капиталот којшто може да се движи од 1% до 3% од активата пондерирана според ризиците. Согласно со одредбите од Законот за банките по овој основ, Советот ги усвои следниве одлуки:
-Одлуката за методологијата за идентификување системски значајни банки, со која се пропишува начинот на утврдување на системски значајните банки, односно банките чиешто работење е значајно за стабилноста на целокупниот банкарски систем. Исто така се определија висината на заштитниот слој на капиталот којшто системски значајните банки треба да го исполнуваат во зависност од нивото на системска значајност. На денешната седница беше усвоена и Одлуката за методологијата за изработка план на опоравување на системски значајните банки, кој идентификуваните системски значајни банки се должни да го достават до Народната банка. Овој план содржи еден вид подготвителни активности (како од организациски аспект, така и за преземање соодветни мерки), кои би ги преземала банката при евентуално нарушување на нејзината финансиска состојба.
-Одлуката за методологијата за утврдување на стапката на противцикличен заштитен слој на капиталот за изложеност во Република Македонија. Овој заштитен слој има за цел ограничување на ризиците поврзани со кредитниот раст, така што тој се воведува при висок кредитен раст, врз основа на пропишани критериуми.
-Одлуката за методологија за утврдување максимален износ на распределба на резултатот од работењето, во која се предвидува ограничување за распределба на резултатот од работењето на банката доколку таа не одржува соодветен износ на заштитни слоеви на капиталот. Заштитните слоеви на капиталот се исполнуваат само со најквалитетните капитални позиции, односно т.н. редовен основен капитал.
Советот ја разгледа и ja усвои и Методологијата за управување со ризикот на задолженост, којашто претставува стандард од Базелската капитална спогодба Базел 3 и европските банкарски регулативи, со која се воведува стапката на задолженост (leverage ratio), како сооднос помеѓу капиталот и активностите на банката. Банките во РМ имаат исклучително ниска задолженост, а целта на воведувањето на овој стандард на меѓународно ниво беше заштита од евентуално преголемото задолжување на банките, во услови на задоволително ниво на адекватност на капиталот.
На денешната седница, Советот ги усвои Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката на лимитите на изложеноста и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за сметководствениот и регулаторниот третман на средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања, со кои се врши усогласување со други подзаконски акти на Народната банка, со европските регулативи и измените на Законот за банките од октомври 2016 година.
Советот на Народната банка го усвои и Правилникот за дополнување на Правилникот за истражувачката дејност, заради подобро практично спроведување. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

